Полицискиот час го прекршиле вкупно 4783 граѓани, 816 во моментов се во државен карантин

Од 22 март кога беше воведена, заклучно со денес вкупно 4783 граѓани не ја почитувале забраната за движење (полицискиот час), а од нив 3110 се приведени од полицијата.

Досега од МВР вкупно се понесени 2630 кривични пријави за 3137 дела против 3412 сторители. Најголем дел од нив се од подрачјето на СВР Скопје и од СВР Битола, а најдисциплинирани биле граѓаните кои се под СВР Велес и СВР Куманово, соопшти министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Во однос на почитување на мерките за изолација и самоизолација, поднесени се 127 пријави за 150 кривични дела против 169 сторители, а за обврската за носење лична заштита досега се констатирани вкупно 1973 прекршоци.

Од почетокот на епидемијата досега 5030 лица се спроведени во државен карантин, а во моментов 816 лица се сместени во 11 објекти. Во Скопје – во хотелите Амбасадор, Ибис, ВИП, Опера хаус и Седно Водно, на Попова Шапка – во хотелите Славеј и Арена, во Маврово – во х. Макпетрол, во Охрид – во апартмани Лукс и Климетица, во Струга – во х. Дрим и во Велес – во х. Монтенегро.

Хуманитараните летови со кои граѓаните се враќаат во земјава, рече Чулев, се под надлежност на МНР, но информиран е дека преку Софија организирано треба да стигнат 26 лица, а на 30 мај од Саудиска Арабија преку Тирана треба да стигнат 30 македонски државјани.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во изминатиот период постапувал по 57 настани за говор на омраза поврзани со КОВИД-19 и по оваа основа до ОЈО се поднесени 33 известувања и две кривични пријави.

Во врска со случаите на семејно насилство во периодот на полициски час, Чулев соопшти дека од 12 април до 12 мај 2020 МВР има поднесено пријави за 85 кривични дела семејно насилство, од кои најмногу под надлежност на СВР Скопје, Охрид и Струмица. Дополнително, има и 49 прекршоци против 54 сторители, како и констатирани 373 поплаки од граѓани за семејно насилство. Тоа, рече Чулев, е зголемување за 44,6 отсто во однос на поплаките во истиот период минатата година. Од друга страна, ограниченото движење придонело за околу 40 проценти намален број сообраќајни несреќи особено со тешки последици.

Чулев на прес-конференцијата истакна дека и покрај намалувањето на рестриктивните мерки насочени кон справување со пандемијата, не треба да се заборави дека вирусот е сè уште присутен во нашата земја и, како што рече, не ни дозволува нашето секојдневно живеење целосно да се врати во нормала.

-Затоа апелирам да го задржиме потребното ниво на одговорност и дисциплина и да ги почитуваме мерките и одлуките на Владата за задолжително користење лична опрема, за групирање и држење физичка дистанца. МВР останува посветено на контрола на овие одлуки на Владата и заштита на здравјето и животот на граѓаните, рече Чулев на прес-конференцијата на која им заблагодари на граѓаните за одговорното однесување и за придонесот на полицијата во справување со пандемијата.

МВР беше ангажирано во контрола за спроведување на одлуки на Владата, контрола на лицата во изолација и самоизолација, обезбедување на државните карантини, спровод на лицата кои се враќаат со хуманитарни конвои. Поради сите обврски, ресорниот министер побара од Владата припадниците на полицијата да бидат парично наградени./МИА.

Франција и Германија потпишаа договор за заеднички проект за вооружување

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. 

Францускиот министер за одбрана и неговиот германски, Себастијан Лекорну и Борис Писториус на денешната средба во Париз потпишаа договор за заеднички проект за вооружување во вредност од една милијарда евра, кој вклучува развој на главен борбен тенк од следната генерација.

Министрите потпишаа меморандум за развој на Главен копнен борбен систем (МГЦС), кој има за цел да ги замени сегашните борбени тенкови во Франција и во Германија.

Проектот МГЦС се очекува да ги замени германските тенкови Леопард два и француските борбени тенкови Леклерк. /МИА

ЕУ одвои 68 милиони евра дополнителна хуманитарна помош за Палестинците

ЕУ донесе одлука за одвои дополнителни 68 милиони евра помош за Палестинците со цел справување со тешката хуманитарна криза во Газа и со постојаниот пораст на потребите на цивилите на теренот, соопшти Европската комисија. 

Според еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич, во Газа се случува на вистинска хуманитарна катастрофа која претставува екстремна опасност што може да ги доведе Палестинците во критична состојба.

- Драматичниот биланс на жртви и повредени меѓу цивилите, од кои повеќето се жени и деца, уништувањето на виталните инфраструктури и претстојниот глад во Газа мора да бидат аларм за будење за целата меѓународна заедница, истакна Ленарчич.

Според него, цивилите не треба да бидат тие што ја плаќаат цената на конфликтите.

- Палестинците не можат повеќе да чекаат да пристигне значајна помош, Израел мора да стори повеќе за да се избегне понатамошна човечка катастрофа. Почитувањето на меѓународното право е најважно, заклучи еврокомесарот Ленарчич.

Оваа дополнителна хуманитарна помош ќе се дистрибуира преку партнерски организации на ЕУ кои веќе им помагаат на Палестинците во Газа и во целиот регион. Помошта првенствено е наменета за задоволување на потребите за храна и вода, здравствена заштита, санитарии и објекти за сместување.

Со овие 68 милиони евра вкупната хуманитарна помош што ЕУ ја обезбеди за Палестинците во Газа и во целиот регион во 2024 година достигна 193 милиони евра. /МИА

Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот да преземе одговорнст

Хаваријата со цевката од парно на Токсикологија е санирана. Не е законски ако Клиниката не е осигурена и менаџментот на институцијата треба да преземе одговорност, изјави попладнево министерот за здравство Илир Демири.

- Ако зборувате за хаваријата со цевката од парно таа е санирана уште вчера од страна на Заеднички служби. А пропо вашата изјава дали е потпишан договор или не, тоа се интерни договори на клиниките со кои не располагам. Морам да ги проверам, па после да ви кажам дали е така или не, изјави денеска Демири.

Одговарајќи на новинарки прашања, Демири рече дека треба да се провери дали имало договор за осигурување или не.

Прашан за болничарот кој требаше да биде суспендиран, Демири рече дека голема неправда е направена на Токсикологија, затоа што не е обезбедена согласност од страна на менаџментот за обезбедување на договорите за работа за 18-те вработени кои четири месеци работат во Клиниката, а не добиваат економски надомест.

- Јас кажав тоа што имам забележано и за што имам факти и тоа е изјава дадена во јавноста, меѓутоа сме во предизборие, во тек е изборна кампања, не сакам да се прекрши ниедна законска процедура. Чекам да дојде извештајот на инспекцискиот надзор кој ги има обврзано во тек на пет дена менаџментот на институцијава да најде решение за 18-те луѓе кои се вработени таму, кои работат, а не добиваат економски надомест, изјави Демири.

Рече дека не се точни наводите дека економската директорка доаѓала на работа четири часа.

- Според моите сознанија, економската директорка оди на работа и не се паркира на влезот на Клиниката. Проверено е, рече Демири.

притисни ентер