Полициска истрага: Камерата на кацигата придонела за тешките повреди на Шумахер - Канал 5

Полициска истрага: Камерата на кацигата придонела за тешките повреди на Шумахер

Михаел Шумахер веќе 50 дена се наоѓа во болницата во Гренобл каде што се бори за живот по тешкиот пад на француските Алпи на 29 декември.

Полициска истрага: Камерата на кацигата придонела за тешките повреди на Шумахер
И додека лекарите прават се за седумкратниот шампион во Ф1 да закрепне, полицијата и натаму води истрага и испитува како е можно Германецот да се здобие со толку тешки повреди на мозокот кога е утврдено дека не возел со голема брзина?!

Претходната истрага покажа дека Шумахер возел со прописна брзина и дека целата опрема што ја носел била исправна, но и покрај тоа тој се здобил со тешки повреди.

Француската полиција истрагата ја насочила во правец на камерата која била на кацигата што ја носел Шумахер.

Конкретно, постои сомнеж дека фотоапаратот кој бил прикачен ја оштетил кацигата која при ударот на германскиот спортист во карпата експлодирала. Моментално се вршат лабораториски испитувања кои треба да утврдат дали камерата предизвикала распад на кацигата и со самото тоа довела до тешките повреди на мозокот кај Шумахер.

Шумахер веќе 50 дена е во кома. Неодамна семејството потврди дека славниот Германец прележал воспаление на белите дробови и дека трае процесот на будење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Честит 22 Ноември - Денот на албанската азбука!

По повод 22 Ноември - Денот на албанската азбука, упатувам искрени честитки до сите припадници на албанската заедница, напиша на својот профил на фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: Честит 22 Ноември - Денот на албанската азбука!

Јазикот, писмото и културното наследство се темелни вредности на секој народ и важен дел од неговиот идентитет. Нивното почитување не нè разделува, туку нè зближува и нè прави побогати како општество.

Нашата заедничка одговорност е да градиме држава во која различностите ќе бидат вредност, еднаквоста принцип, а меѓусебната почит темел на заедништвото.

Да градиме општество во кое единството нема да ги негира, туку ќе ги почитува различностите. Општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува еднакво почитуван, прифатен и вреднуван.

Честит 22 Ноември - Денот на албанската азбука!- стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со сезонска ски-карта може да скијате во четири земји, важи за три дена уживање на снегот

Се приближува скијачката сезона, а новиот договор овозможува користење на ски-билети во неколку ски-центри во регионот. Уживајте во скијањето на Јахорина, Копаоник и на други дестинации.

Со сезонска ски-карта може да скијате во четири земји, важи за три дена уживање на снегот

Вистинската зима сè уште не пристигнала, а љубителите на скијањето веќе се подготвуваат за својот омилен дел од годината и за активностите на снегот. Покрај опремата и изборот на ски-центри, скијачите водат сметка и за ски-билетите, чии цени се разликуваат од едно до друго скијалиште.

Затоа, претставници на ски-центри од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Словенија одлучија да им овозможат полесно уживање во зимските чари. Имено, на Јахорина беше потпишан договор за регионална соработка, наречен „SKI REGION“, кој предвидува заемно признавање на сезонските ски-билети и можност за нивно користење во траење од три дена во партнерските ски-центри.

Договорот е потпишан со цел поврзување на регионалните ски-центри, подобрување на туристичката понуда и заедничка промоција на зимскиот туризам.

Генералниот директор на Олимпискиот центар „Јахорина“, Игор Жиљак, изјави дека сопствениците на сезонски ски-билети за Јахорина ќе можат да скијаат три дена на Бјелашница, како и по три дена во партнерските ски-центри во Словенија, Србија и Црна Гора.

„Сите ски-центри во регионот се согласија нашите сезонски билети да важат во центрите со кои имаме потпишано договор, за три дена скијање. Се надевам дека на овој начин на туристите ќе им овозможиме подобро скијање и поубава атмосфера“, рече Жиљак.

Тој изрази очекување дека договорот ќе придонесе за промоција на зимскиот туризам и за зголемување на интересот за регионалните ски-дестинации, вклучувајќи ги Јахорина, Бјелашница и Копаоник, пренесува сараевскиот портал „Кликс“ (Klix).

Почетокот на зимската скијачка сезона се разликува од планина до планина, а на Копаоник е планиран за 3 декември, кога ќе се одржи настанот „Ski Opening“. Првиот ден, скијањето ќе биде бесплатно. Се разбира, почетокот може да се промени во зависност од условите на теренот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се запали фабрика во Индонезија, најмалку седум загинати

Бројот на загинати во пожар во фабрика за слатки на островот Јава во Индонезија се зголеми на најмалку седум лица, додека бројот на исчезнати се зголеми на околу 50, соопшти денеска индонезиската полиција.

Се запали фабрика во Индонезија, најмалку седум загинати

Пожарот избувнал синоќа, а пожарникарите продолжија да ги гаснат преостанатите жаришта повеќе од 24 часа по неговото избувнување, пренесува Ројтерс.

Според надлежните, поради силината на пожарот, визуелна идентификација на жртвите не е можна, поради што се земаат ДНК-примероци од членовите на семејствата, како и лични предмети на исчезнатите работници.

Полицискиот службеник задолжен за идентификација на жртвите од несреќата, Вахју Хидајати, изјави дека процесот на идентификација би можел да трае две до три недели.

Сопственикот на фабриката на прес-конференцијата изјави дека во фабриката имало околу 300 луѓе за време на смената кога синоќа избувна пожарот. Надлежните соопштија дека истрагата за причините за пожарот е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер