Полицијата уапси навивач , кој го фрлил телефонот на терен

За време на натпреварот помеѓу Норвич и Тотенхем (2:2) еден навивач го фрлил телефонот на терен.

Тој веднаш бил уапсен од полицијата и експресно добил суспензија од Норвич на три години.

„Навивачот беше идентификуван и уапсен откако фрли опасен предмет на теренот во текот на првото полувреме“, потврди англискиот клуб, кој му забрани на навивачот да влезе во стадионот Кероу Роуд во наредните три години.

Полицијата го истражува целиот инцидент и последователно ќе утврди дали ќе ги казни и навивачите на Норвич.

Норвич има големи проблеми оваа сезона, ризикуваат и испаѓање од Премиер лигата бидејќи во моментот е последен на ранг-листата по 20 кола и има шест бода помалку од 17-тиот Вест Хем. На последните 15 натпревари Норвич оствари само една победа, со 10 порази и четири реми.

Резултати на 71,44% од гласовите: Силјановска Давкова 382.739, Пендаровски 174.538

Резултати за претседателските избори од Државната изборна комисија.

На обработени 73,82% од избирачките места и 71,44% од гласовите, според извештајот на ДИК, Гордана Силјановска Давкова освоила 64,52% од гласовите или 382.739 гласови. Стево Пендаровски освоил 174.538 гласови или 29,42%.

Пендаровски: Им посакувам успех на оние кои денеска ја добија мнозинската доверба

Стево Пендаровски вели дека резултатите се јасни и нема намера понатаму да ги образложува, тој во својата прес конференција им честиташе на победниците на овие избори.

Тој им посака успех на оние кои денеска ја добија мнозинската доверба.

притисни ентер