Полицијата трага по син Голф , со кој била украдена златната WC школка (ВИДЕО) - Канал 5

Полицијата трага по син Голф , со кој била украдена златната WC школка (ВИДЕО)

Британската полиција е во потрага по син Голф , со кој пред речиси еден месец непознати разбојници украдоа WC школка од куќата на поранешниот премиер Винбстон Черчил , која сега е музеј.

Полицијата трага по син Голф , со кој била украдена златната WC школка (ВИДЕО)

WC школката од 18-каратно злато, вреден околу 6 милиони долари, го украле непознати крадци од замокот Бленхајм, 100 километри западно од Лондон.

Кражбата на школка наречена Америка, чиј автор италијанскиот уметник Маурицио Кателано, била извршена на 14 септември, а со оглед на тоа што тоалетот бил во употреба, направена е значителна штета при кражбата и дел од музејскиот просторот бил поплавен.

Крадците користеле најмалку два автомобили, од кои едниот е Голф Р. Други можни траги за оваа спектакуларна кражба , полицијата сеуште нема.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата поддршка за својот сојузник, Бенјамин Нетанјаху, во пресрет на претстојните парламентарни избори во Израел.

Трамп му дава безусловна поддршка на Нетанјаху: „Тој беше силен, храбар и брилијантен“

Поддршката на Трамп за Нетанјаху

„Биби Нетанјаху беше силен, храбар и брилијантен соочен со огромен отпор – вклучително и отпор од внатрешноста на самиот Израел“, напиша Трамп во објава на платформата „Truth Social“.

„Ова е токму оној вид партнер што Соединетите Држави го бараат во Израел – земја за која направија толку многу. Нека оваа порака послужи како израз на мојата целосна и безусловна поддршка за Биби Нетанјаху во претстојната трка за реизбор за премиер на Израел.“

Избори по две години војна

Националните избори во Израел се закажани за 27 октомври – први по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Тој настан ја потресе нацијата и го втурна Блискиот Исток во хаос, вовлекувајќи го Израел во војни во Газа, Либан и со Иран.

Исходот од изборите би можел да одлучи дали Нетанјаху ќе остане на власт по еден од најкритичните периоди во израелската историја, или пак ќе биде поразен од ривали од центарот кои ветуваат почеток на нова ера.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во Брвеница

Прес-конференција за медиуми на која се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во Брвеница

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и источните делови.

Утре сончево со мала до умерена облачност

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Во четврток и во петок се очекуваат врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер