Полицијата се откажа од случајот што го шокираше целиот свет (ВИДЕО)

Иако видеото од надзорната камера го видоа милиони од целиот свет, Британската полиција не може да го најде мажот што ја бутна жената пред автобус.

Во мај минатата година светот беше шокиран од снимката како маж намерно бутка жена од тротоарот додека на станицата доаѓа автобус. За среќа , возачот на автобусот , кој подоцна е прогласен за херој , успеа за момент да го запре автобусот и да не ја прегази жената.

Полицијата од лани до сега испрашала 50 тина осомничени , но не можеше да го најде мажот во тренерка. Денеска полицијата соопшти дека го затвора случајот како нерешен , а доколку се појават нови информации што би помогнале , може повторно да го отворат.

Жената , и покрај ударот, кој изгледа драматично , сепак поминала без сериозни повреди.

Во Куманово навреме отворени сите гласачки места, во Умин Дол едно со задоцнување

Во Куманово навреме се отворени сите гласачки места освен  гласачко место 1100 во село Умин Дол, каде што поради технички проблеми со апаратот за биометриска идентификација гласањето почнало во 8.45 часот.

Како што соопшти претседателката на Општинската изборна комисија Куманово, Елизабета Стојковска, за проблемот била известена Државната изборна комисија и по официјално барање на ОИК добиена е дозвола од ДИК гласањето да продолжи со УВ-ламба и УВ-спреј.

Според податоците на ОИК, во Куманово право на глас за Претседателските избори имаат 93.508 избирачи, а за Парламентарни избори 93.635 избирачи кои гласаат на 167 места.

Израел го отвори граничниот премин „Керем Шалом“

Израел го отвори преминот „Керем Шалом“ на својата граница со Појасот Газа, соопшти израелската служба што управува со пунктот.

Канцеларијата соопшти дека камиони со хуманитарна помош веќе минуваат низ проверки на пунктот.

Хамас пред три дена истрела ракети од областа на граничниот премин Рафа. Тие го гаѓаа граничниот премин „Керем Шалом“, при што во нападот беа убиени четворица израелски војници. Излезот беше затворен по нападот.

„САД синоќа беа известени дека граничниот премин „Керем Шалом“ меѓу Израел и Газа ќе биде отворен денеска“, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Се гласа во сите избирачки места во Тетово, на две места со употреба на УВ-ламба

Во едно избирачко место во ОУ „Лирија“ во Тетово гласањето почна во 8.40 часот откако беше утврдено дека не функционира апаратот за идентификација. 

Нефункционалноста на апаратот за идентификација е причина гласањето на две избирачки места во Општина Тетово да почне со стариот метод со кој се зема отпечаток од прст на графитно перниче, па се остава отпечаток во избирачки список, а се користат спреј и УВ-ламба за проверка.

- Во едно избирачко место во ОУ „Лирија“ во Тетово гласањето почна во 8.40 часот откако беше утврдено дека не функционира апаратот за идентификација. Со одлука на Државната изборна комисија (ДИК) се користи стариот метод со отпечаток од прст и УВ ламба. Истото е направено во едно избирачко место во село Бозовце каде гласањето почна во 9.22 часот, информираше Зулќуфли Реџепи, претседател на ОИК Тетово

Во Општина Тетово за парламентарните избори право на глас имаат 86.550 граѓани, додека за вториот круг за избор на претседател на државата може да гласаат вкупно 86.405 луѓе.

Од вкупнте бројки, вчера имаа можност да гласаат 54 затвореници, како и 181 лице пријавени за болни и немоќни со право на глас.

притисни ентер