Полицијата извршила рација во ноќен бар и наишла на фудбалери со проститутки

Полицијата извршила рација во ноќен клуб на Канарските острови, каде биле пронајдени двајца фудбалери на Тенерифе, Алберто Хименез и Хави Алонсо.

Фудбалерите биле во друштво на проститутки, а полицијата потврди дека во клубот е откриено изобилство на дрога. Покрај тоа, на Канарските острови е воведен полициски час по 23 часот поради коронавирусот, а споменатата забава се одржала доцна во ноќта.

„Жалиме за ваквото однесување, што е апсолутно неприфатливо, а особено со сегашната состојба со коронавирусот“, напишале тие во изјавата во втората дивизија на Тенерифе.

Клубот започнал дисциплинска постапка против играчите, а за Хименез лошите вести не завршуваат тука. Имено, тој неправилно го паркирал својот автомобил, кој му го одзел пајак, а фудбалерот ќе плати и парична казна.

МВР: Санкционирани 194 мотоциклисти

Вкупно 194 мотоциклисти санкционира полицијата во текот на вчерашниот за време на зајакнатата контрола на територијата на Република  Македонија.

Од нив, 58 управувале мотоцикл без да поседуваат возачка дозвола, односно потврда за положен возачки испит, 10 мотоцикли биле нерегистрирани, 107 мерки се преземени за неносење заштитна кацига, а девет мотоцикли се времено одземени поради техничка неисправност и непродолжена важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци.

Според МВР, најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Велес – 43, СВР Битола – 30, СВР Струмица – 28, СВР Тетово – 25…

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелира МВР.

Одбележани 108 години од Тиквешкото востание

Сто и осум години од Тиквешкото востание беа одбележани денеска во Кавадарци, со положување цвеќе пред споменикот во паркот „Полана".

Историчарот Петре Камчевски потсети дека востанието кое започнало на денешен ден во 1913 година, било израз на револт против насилствата, теророт, убиствата и силувањата што ги извршиле тогашните српски воено-административни власти врз населението во Тиквешијата, во време на интерегрумот меѓу Првата и Втората балканска војна.

Востанието започнало со пукање врз чиновниците, офицерите, жандармите и другите претставници на српската власт во Кавадарци. За кратко време биле ослободени Кавадарци, Неготино, Ваташа, Криволак и уште 50-сетина населени места во Тиквеш. Востаниците имале свој штаб кој го сочинувале војводи и револуционери од времето на Илинденското востание. На востаниците им пристапиле и четите на Васил Чакаларов, Петар Чаулев, Милан Ѓурлуков, Христо Чернопеев, Ѓакон Евсатиј и други и нивниот број изнесувал повеќе од 1000 борци. Во Кавадарци било симнато српското знаме и било поставено Револуционерното тиквешко знаме од 1903 година на кое пишувало „Слобода или смрт", а под него "Тиквешки револуционерен округ".

По 7 дена, на 25 јуни голема српска војска предводена од Василие Трбиќ, а во чиј сосстав имало и неколку башибозучки дружини како на Јаја Ага Малиќ, Јован Долгачот, Јован Бабунски и други, успеале по големи борби да ги потиснат востаниците од Кавадарци, Неготино, Ваташа, а овие заедно со голем збег од народ, морале да се повлечат кон селата под планината Кожув.

– Српските воени власти жестоко се справиле со населението, биле убиени 545 луѓе според извештајот на Карнегиевата комисија, 1000 куќи и дуќани биле запалени, 2700 луѓе биле затворени, а повеќе од 10000 биле приморани да ги напуштат своите домови и да емигрираат во Бугарија. Најмогу жртви имало во Неготино-117, Бохула-44, Ваташа-37, Кавадарци-25, Прждево 35 и слично. Причините за Тиквешкото востание и последиците од него, претставуваат најголемиот злостор врз народот од овој крај во поновата историја на Тиквешијата, нагласи Камчевски.

Изречени 627 санкции за пребрзо возење

Вкупно 627 возачи се санкционирани во текот на вчерашниот ден за возење со брзина над дозволената, соопшти Министерството за внатрешни работи по спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија.

Од нив, 135 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Штип – 89, СВР Охрид – 85 и СВР Тетово – 74.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелира МВР.

притисни ентер