Полицајка доби ултиматум : Или ќе бидеш секси заводничка или добиваш отказ (ФОТО) - Канал 5

Полицајка доби ултиматум : Или ќе бидеш секси заводничка или добиваш отказ (ФОТО)

Најсекси полицајката Адријана Колечар (34) доби ултиматум од полицијата во Дрезден – или ќе се откажеш од секси позите на Инстаграм или добиваш отказ.

Полицајка доби ултиматум : Или ќе бидеш секси заводничка или добиваш отказ (ФОТО)

Адијана пред две години била прогласена за ,,најсекси полицајка” во Германија. Но , таа и покрај тоа што се занимава со оваа одговорна професија , не престана со поставуваање жешки фотографии на социјалните мрежи. Има повеќе од половина милион обожаватели на Инстаграм , а речиси секојдневно тие ја гледаат во секси пози речиси гола.

Таа особено се гордее со мускулестото тело и со стомакот ,,од плочки” . Таквите актвности не им се дошаднаа на нејзините шефови , па на почетокот на годинава доби неплатен одмор.

На 1 јануари 2019 ќе треба да се реши дали ќес е врати на работа или ќе продолжи да живее од продажбата на секси фотографии. Таа за овие десетина месеци го пропатува светот и од секое место објави фотографија, на радост на фановите.

,,Нема да добивам плата или каков било надоместок од државата. Во овој период живеам од заштедата и од активностите на социјалните мрежи.” , објави Адријана во видеото во јули.

Вчера таа имала состанок со шефот на полицијата во Дрезден и добила ултиматум- или се враќа на работа со полно работно време или добива отказ.

Таа за германските медиуми објаснува дека би била најсреќна кога би ги работела двете работи наеднаш, но знае дека не може да очекува премногу од животот. Својата одлука најави дека ќе ја донесе до понеделник.

The F R I D A Y boomerang ∞ | Wichtigste Information des heutigen Tages - #nachdemdienstistvordemdienst 🤟🏼 [SO.] Weiterhin: 1. letzte Nacht war kurz und endete ebenso mitten in der Nacht um 04:30 Uhr 👽 2. der heutige Frühdienst ist bereits beendet 👮🏼♀️ 3. aktuelles Mittagsmahl: Süßkartoffel-Pommes, Hähnchen und Guacamole 🥑 + The Walking Dead 4. WICHTIGSTES Anschlussprogramm -> 🛏 zwingender Mittagsschlaf bis 17:00 Uhr [alles nur für das heutige Abendprogramm nur eben ohne Party 🎈] 5. Versuch der sportlichen Betätigung 🏋🏼♀️ (Mischmasch + Cardio) 6. D I E N S T 🚓 bis morgen früh 06:00 Uhr [ggf. erfolgt hier doch der Besuch einer P A R T Y nur eben nicht als Gast 😉] 7. WOCHENENDE und zwar am Wochenende 8. {wieder Ende.}

A post shared by Adrienne (@adrienne_koleszar) on

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството отвори постапка за измами на граѓани со т.н. “кубански вакцини”

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет против едно лице за кривични дела – Измама од член 247 и Надрилекарство од член 209 од Кривичниот законик, обезбеди наредби за претреси на повеќе локации.

Обвинителството отвори постапка за измами на граѓани со т.н. “кубански вакцини”

Се постапува за обезбедување докази во однос на сознанијата дека осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда повеќе лица, лажно нудејќи им “кубански вакцини” против рак.

При претрес на работното место на осомничениот во Велес, пронајдени се докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Одземени се и електронски уреди, а се преземаат и други дејствија на проверки.

Надлежниот јавен обвинител врши распити на оштетени и други лица кои би можеле да имаат сознанија важни за целосно испитување на настанот.

Основното јавно обвинителство Велес до судот достави и предлог за определување на мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска на осомничениот да се јавува во Судот.

Лицето во моментов е хоспитализирани во медицинска установа, каде му е врачено решението за определување на мерките.

Како што пристигнуваат дополнителни информации и сознанија, Јавното обвинителство и МВР продолжуваат да преземаат дејствија за обезбедување докази, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Британска банка укинува 5.000 работни места поради воведување вештачка интелигенција

Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила.

Британска банка укинува 5.000 работни места поради воведување вештачка интелигенција

Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила, како дел од програмата за намалување на трошоците, делумно водена од поголемата употреба на вештачка интелигенција.

Главната финансиска директорка Ана Крос изјави дека околу 1.000 отпуштања веќе се спроведени, додека преостанатите 4.000 се очекуваат до крајот на годината, објавува Гардијан.

Според менаџментот, инвестициите во технологија и вештачка интелигенција ја зголемуваат продуктивноста на вработените и ги поедноставуваат деловните процеси.

Банката планира дополнително да ја подобри оперативната ефикасност со заштеди од околу 1,1 милијарди фунти во текот на 2027 година.

Во третиот квартал од 2026 година, Барклис оствари добивка пред оданочување од 2,3 милијарди фунти, или околу 2,75 милијарди евра, што е за 12 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година.

Вкупните приходи на банката се зголемија за 3 проценти на годишно ниво на 7,4 милијарди фунти, или повеќе од 8,8 милијарди евра.

Приходите од тргување со обврзници на „Барклис“ се намалија за 19 проценти, што е полошо од падот од 5 проценти забележан кај американските банки, а извршниот директор на банката, Ц.Е. Венкакришнан, изјави дека е разочаран од резултатите.

Банката објави нов откуп на акции во вредност од 500 милиони фунти, со што вкупниот износ вратен на акционерите оваа година достигна 2,8 милијарди фунти, или околу 3,34 милијарди евра.

„Барклис“ се подготвува и за можно зголемување на данокот на банките во Велика Британија, за кое се очекува владата во Лондон да одлучи како дел од буџетот што ќе биде презентиран на 28 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Израел ѝ нареди на војската да се подготви за целосно затворање на Западниот брег

Израел ѝ нареди на својата војска да се подготви за целосно блокирање на Западниот Брег по нападот во кој беа повредени пет Израелци.

Израел ѝ нареди на војската да се подготви за целосно затворање на Западниот брег

Канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопшти дека им наредила на безбедносните сили да го блокираат Хеброн и да бидат подготвени целосно да ја затворат целата палестинска територија.

Наредбите дојдоа откако израелската војска соопшти дека убила двајца вооружени лица и спречила „терористички напад“ во кој биле повредени неколку лица.

Војската соопшти дека вооружените лица носеле пушка М16 и пиштол.

Не е јасно кој бил целта на наводниот напад, а идентитетот на убиените и повредените сè уште не е потврден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер