Полицајците негираат вина за непостапување во „Пулс“, семејствата гневни: Го виделе метежот, хаосот, и повторно никој не знаел - Канал 5

Полицајците негираат вина за непостапување во „Пулс“, семејствата гневни: Го виделе метежот, хаосот, и повторно никој не знаел

Негираа вина 13те полициски службеници кои не постапиле според усвоениот план за акциска контрола во дискотеката Пулс на кобниот 16 март. 

Полицајците негираат вина за непостапување во „Пулс“, семејствата гневни: Го виделе метежот, хаосот, и повторно никој не знаел

Денеска започна судскиот процес во кој им се суди дека како соизвршители сториле кривично дело Тешки дела против општата сигурност. На обвинителната клупа се наоѓаат Дејан Салтировски, Ванчо Ѓеоргиевски, Марија Маневска, Томо Донев, Драган Петрушев, Кире Богатинов, како и Стојанче Филипов, Благица Митева, Кристина Николова, Мазлу Рамаданов, Дарко Милошевски, Мартин Арсовски и Марјан Радевски. Според обвинението иако биле присутни кога избил пожарот, ниту ја прекинале забавата, ниту спречиле активирање на пиротехниката.

„Полициските службеници кои биле ангажирани за спроведување на ваквиот акциски план, видно од доказите, имале можност при влегувањето во клубот да забележат присуство на пиротехника и иако тоа не им било наведено во планот, согласно другите надлежности имале обврска тоа да го проверат и да го спречат.“

Произнесувајќи се за вина сите обвинети тврдеа дека не се виновни и дека направиле се што можеле а било во рамки на нивните законски надлежности. Според нивната одбрана обвинението е конрадикторно и тврдеа дека сопственикот на Пулс бил должен да се грижи за безбедноста на своите гости за што имал ангажирано и обезбедување.

„За нас обвинението е нејасно и конфузно. Имало системски пропусти, на територијата на Кочани 13 години немало инспектор за пожар. После настанот во огромен број објекти биле утврдени исти неправилности.“

Семејствата на загинатите реагираат што ниту во овој предмет никој од обвинетите не признава вина.

„Биле таму, го виделе метежот, хаосот, и повторно никој не знаел. Додека си ја префрлаат одговорноста нашите деца гореа. Бараме да покажат доблесност.“

Минатата недела еден предмет со полициските службеници поврзан со Пулс заврши со осудителна пресуда и условни казни за тројца обвинети. Се суди уште еден со девет обвинети кој се однесува на лиценцата на дискотеката.+

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Франција, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“.

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Сиљановска-Давкова ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади, ќе ја приреди претседателот Емануел Макрон.

Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 10. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 10. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 10. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некој би можел да ви понуди љубовна размена или соработка што ветува. Се ќе изгледа премногу деловно.

Кариера

Ќе договарате работи без проблеми , а другите ќе ви помагаат. Во сите работи до израз ќе дојде вашиот шарм.

Здравје и совет

Соработувајте со другите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска во нив настојувате да внесете повеќе фантазија и флексибилност.

Кариера

Ќе успеете да ги вклучите новите соработници во работата , но финансиите ќе ви задаваат грижи.Повторно мислите дека може повеќе и подобро.

Здравје и совет

Не може ништо да ве одмине.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Во вториот дел од денот ќе се чувствувате многу среќни и исполнети . Оние кои уште се сами , нека ја следат својата интуиција.

Кариера

Пред вас се нови големи задачи на кои вреди да им се посветите со целосно внимание.Денеска ќе ги анализирате.

Здравје и совет

Се чувствувате одлично.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои ќе се откажат од добра забава или излегување без оглед на обврските што ги иамте. саканата личност ќе ве следи.

Кариера

Веќе не сте сигурни колку се очекува од вас, па ќе ја дозирате својата работа или ќе ги проверувате работните задачи.

Здравје и совет

Не се измачувајте со ситни работи.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни можности , па потрудете се да бидете меѓу луѓе или со саканата личност.

Кариера

Ќе дојде до мала преодна проверка , што ќе ви одземе време , а се друго е под контрола.

Здравје и совет

Работите ви одат се подобро и подобро.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Можно е излегување во поголемо друштво. Оние кои се уште сами , нека не зборуваат премногу , туку да ги остават другите тоа да го прават.

Кариера

Се што денеска ќе работите од зас ќе бара поголем праг на толеранција и поголема способност за соработка.

Здравје и совет

Мали нервози и грижи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Среќата во личниот живот ќе ја барате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. На моменти ќе бидете сами , а на моменти среде толпа.

Кариера

Оние кои истражувале , денеска ќе дојдат до големо откритие. Тоа ќе биде вистински златен рудник.

Здравје и совет

Добро влијание на алтернативните терапии.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Оние кои се уште сами денеска ги имаат сите шанси за да воспостават близок контакт со личност со која работат или која ја познаваат преку работата.

Кариера

Ќе ви биде пријатно и убаво на работното место и покрај тоа што ќе ви биде напорно.

Здравје и совет

Денеска ќе ви биде полесно.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Пред вас е исклучително добар ден во кој ќе може да си ги остварите љубовните сништа. Затоа отворете се и уживајте.

Кариера

што и да работите , денеска ќе ви биде уживање. работите ќе се одвиваат подобро и полесно отколку што сте се надевале.

Здравје и совет

Полни сте со позитивна енергија што ја ширите околу себе.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Чувствителноста на саканата личност дфенеска ќе ви создава дополнителни фрустрации. Обидете се да бидете трпеливи и нежни.

Кариера

Многумина ќе се насмеат на можноста за некаква соработка , зашто ќе им изгледа дека не е реална.Сепак , размислете.

Здравје и совет

Побарајте хумористични содржини.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Веројатно ќе бидете обземени од сентименталност , со која тешко ќе излезете на крај. Малку има во љубовта што денеска би можело да ве задоволи.

Кариера

Вашето знаење и стручноста се неприкосновени , па ќе ви се чини дека не ви обрнуваатдоволно внимание и дека заслужувате повеќе.

Здравје и совет

Настинка и главоболка.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со старите познаници или старите навики.

Кариера

Една пријатна порака ќе ви го осветли денот и малку ќе ве оддалечи од секојдневнието. Сепак , набргу ќе мора да се вратите на работата.

Здравје и совет

Чувствителност на синусите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер