Полицајци ја убиле актерката поради лажен пиштол - Канал 5

Полицајци ја убиле актерката поради лажен пиштол

Поранешната ѕвезда на серијата „Ургентен центар“, актерката Ванеса Маркез, во четвртокот била застрелана од полицијата во Калифорнија откако била повикана помош во нејзиниот дом.

Полицајци ја убиле актерката поради лажен пиштол

Поранешната ѕвезда на серијата „Ургентен центар“, актерката Ванеса Маркез, во четвртокот била застрелана од полицијата во Калифорнија откако била повикана помош во нејзиниот дом, бидејќи Маркез, која боледува од нарушување во исхраната, наводно имала напади. Помошта ја повикала сопственичката на нејзиниот стан.

На адресата на 49 годишната актерка стигнале три полициски службеници и работничка задолжена за менталното здравје на пациентите. Наводно поминале 90 минути обидувајќи се да и пружат помош, при што Маркез била “многу некооперативна“, како што изјавиле од полицијата.

Околу 14 часот, актерката според тврдењата на полицијата, извлекла нешто што изгледало како пиштол по што полицајците пукале врз неа. Погодена била во торзото по што е префрлена во болница, каде починала како последица на ранувањето, пренесува „Метро“.

Полицајците после пукотницата утврдиле дека предметот кој актерката го извлекла не е вистински пиштол, туку само реплика.

Полицијата изјавила дека и во минатото повеќе пати интервенирале кај актерката.

Ванеса Маркез во „Ургентен центар“ ја толкуваше улогата на медицинската сестра Венди Голдмен, а минатата година преку твитер го обвини Џорџ Клуни за пропаста на нејзината кариера.

„Клуни помогна да дојдам на црната листа откако проговорив за злоставувањето во серијата „Ургентен центар“. Ми рекоа: Секоја жена која не се согласува да учествува во таа игра останува без кариера“ – напишала тогаш Маркез.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионка

Американскиот технолошки гигант „Нвидиа“ отвори независна истрага по медиумските извештаи дека нејзиниот извршен директор Џенсен Хуанг имал блиски односи со жена осомничена дека е  кинески шпион.

„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионка

Според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг работела за Пекинг.

Од компанијата соопштуваат дека одборот на директори засега нема причина да верува дека биле компромитирани деловните тајни или националната безбедност на „Нвидиа“.

Хуанг, пак, признал дека бил неверен на сопругата и јавно ѝ се извинил за болката што ѝ ја нанел нејзе и на нивните деца.

Од „Нвидиа“, која е меѓу највредните компании во светот и е клучен производител на хардвер за вештачка интелигенција, порачуваат дека Хуанг и натаму е посветен на водењето на компанијата. Независната истрага треба да ги разјасни наводите и евентуалните последици од неговите контакти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во болница почина убиецот од Полска

 Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.

Во болница почина убиецот од Полска

24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро.

„Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението.

Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител.

Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.

Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Од денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола.

Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер