Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите
2Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите
СветПоларните температури го оковаа Њујорк- најмалку 18 починати, се огласи градоначалникот МамданиГрадоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, изјави дека најмалку 18 лица починале во градот за време на студениот бран и дека жителите, особено бездомниците, треба да побараат засолниште.„Од прес-конференцијата во петокот, уште еден жител на Њујорк го загуби животот на улиците на нашиот град како резултат на овој студен бран. Вкупниот број на изгубени животи сега е 18. Секој изгубен живот е трагедија“, рече Мамдани, како што објави CBS. Градоначалникот на Њујорк рече дека екстремно ниските температури следеле по голема снежна бура и додаде дека некои делови од Антарктикот биле потопли од Њујорк во тоа време. Според него, околу 1.400 лица биле сместени во засолништа и безбедни засолништа, додека 33 лица биле присилно транспортирани во засолништа за нивна сопствена безбедност. Во текот на викендот, 560 лица ги користеле центрите за греење на Health + Hospitals, додека речиси 300 користеле автобуси за греење на Одделот за човечки услуги. Мамдани предупреди дека некои смртни случаи се поврзани и со употреба на дрога и дека градот работи со центрите за превенција од предозирање за да останат отворени за време на студениот бран. Националната метеоролошка служба соопшти дека температурите се помеѓу 10 и 15 степени под сезонскиот просек, а од вчера наутро е во сила предупредување за екстремен студ. Мразот и смрзнувачките температури го нарушија транспортот, вклучително и прекин на фериботските услуги и дел од речен транспорт. Градот дополнително го прошири својот капацитет за греење, вклучително и користење на 60 хотелски засолништа, отворање 12 центри за греење на училиштата и распоредување 33 автобуси за греење низ сите пет општини. Исто така, распоредени се најмалку 150 дополнителни теренски работници, како и 50 училишни медицински сестри. Неколку часа по објавувањето на последната смрт, комесарката на Одделот за социјални услуги (DSS), Моли Вашо Парк, поднесе оставка. Според „Њујорк тајмс“, нејзината оставка не е поврзана со моменталниот студен бран. DSS соопшти дека нов комесар ќе биде именуван во наредните недели и дека „никој на кого му е потребно засолниште нема да биде одбиен“. Здравствените службеници ги предупредија жителите да се облекуваат соодветно и да избегнуваат престој на отворено, забележувајќи дека смрзнатини и хипотермија може да се појават за неколку минути, особено кај хронично болни и постари лица.Тагови: Зохран Мамдани Њујорк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Стој за УСЈЕ“: Средбата со министерот за животна средина беше позитивнаОд иницијативата „Стоп за УСЈЕ“ попладнево беа на средба со министерот за животна средина Мухамет Хоџа.Средбата како што оценија потоа, била позитивна во насока на изнаоѓање на некакво решение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОслободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
МакедонијаПродолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказитеНемало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на судијата РистовНемало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на поранешен апелациски судија Ѓоко Ристов и покажува совпаѓање со ДНК-профилот на обвинетиот. Ова денеска пред судот го истакна вештакот од МВР, Ана Лалевска, оценувајќи дека анализата е изработена согласно сите пропишани процедури и дека резултатите се веродостојни. Со ова практично и падна одбраната на обвинетите кои тврдеа дека додека се прибирале материјалните докази на вештаците им била скината ракавицата и со тоа бил контаминиран доказот, односно ДНК на Ѓоко Рисотв. -Добиваме брисеви подигнати од друго одделение, означени со баркодови и ги ставаме на ДНК анализата и на крајот исклучиво според ДНК профилот донесуваме стручно мислење. Заклучокот кој го добесовме е дека обезбедените траги го имаат профилот на Ѓоко Ристов- изјави Ана Лалевска, вешто лице за биолошки траги вработено во МВР. Расправата ја одбележаа и тензии меѓу обвинителката Искра Хаџи-Василева и бранителот на Ристов, Звонко Давидовиќ, поради честите приговори, по што судот ги предупреди дека ќе бидат отстранети од судницата доколку продолжат со меѓусебните расправии. Самото повикување на вештаците по наша оценка беше безпретметно бидејќи не добивме нови факти. Се што е нотирано во однос на овој доказ е нотирано во писмените извештаи кои овие вешти лица ги прават – изјави Хаџи-Василева. Одбраната пак, уште еднаш го оспори начинот на прибирањето, чувањето и вештачењето на доказите посочувајќи дека дополнително е спорно што се анализирани парчиња од алуминиумска фолија, а не самите пари, што како што истакна одбраната можно е да имало контаминација од трето лице на доказите. Вештакот може да каже дека не е компромитирано, ама во својот исказ кажа дека не знае каде е чувано. Сведоци сте. Не знае како е транспартирано и не знае начинот како е земен брисот, он работел само на брисот. Тоа покажува дека неговиот одговор и не е многу валиден – изјави адвокатот Давидовиќ. Ѓоко Ристов е обвинет за перење пари и прикривање имот, откако при претрес во семејната куќа во Неготино биле пронајдени 350.000 евра скриени зад кујнски плочки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОЈО: Син осомничен за убиство на татко во СкопјеОсновното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.Осомничениот 30 – годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот го нападнал таткото, нанесувајќи му повеќе од 30 убоди во вратот и градниот кош. Таткото починал на лице место. Во текот на истражната постапка, јавниот обвинител ќе преземе повеќе дејствија со цел прецизно утврдување на мотивите за настанот, а ќе биде извршено и психијатриско вештачење на осомничениот. Со цел негово обезбедување во текот на кривичната постапката, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор.Тагови: ОЈО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter