Петрушевски: Филипче да ги достави до обвинителството сите информации за скандалот тежок 37 милиони евра
1Петрушевски: Филипче да ги достави до обвинителството сите информации за скандалот тежок 37 милиони евра
ЖивотПоларните мечки би можеле да исчезнат до крајот на векотПоларните мечки би можеле да исчезнат од земјата до крајот на векот доколку не се преземат порешителни акции за да се запрат климатските промени, предупредуваат научниците.Тие велат дека некои популации веќе се доведени до работ на преживување како што се намалува арктичкиот морски мраз. Овие месојадни животни зависат од мразот во арктичкиот океан бидејќи на тој начин ловат фоки. Како што мразот се крши, тие мора да поминуваат долги дистанци или да излегуваат на копно, каде што се мачат да најдат храна и да ги хранат младите. Научниците велат дека доколку ваквиот тренд продолжи, најголем дел од популацијата на поларните мечки ќе исчезне до 2100 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Филипче да ги достави до обвинителството сите информации за скандалот тежок 37 милиони евраФилипче да ги достави до обвинителството сите информации за скандалот тежок 37 милиони евра во Министерството за одбрана за времето на Петровска, во спротивно ќе сметаме дека сака само да лаже и да ја замајува јавноста.Венко Филипче пред некој ден прозборе за криминал во редовите на СДС вреден 37 милиони евра и го снема. Филипче како личност која сака во Европската унија по секоја цена, сака европско обвинителство треба да им помогне на надлежните институции за почеток на јавното обвинителство и да им ги даде сите расположливи информации. Доколку Венко Филипче не го стори тоа, и ова јавно изразување на сомнеж за криминал тежок 37 милиони евра кој го поврзува со поранешната министерска Славјанка Петровска, а сега актуелна пратеничка и дел од платформата 12.05, ќе го разбереме како уште една лага во низата лаги кои ги кажува во јавноста. И во оваа прилика го прашуваме Филипче од кога имал информации за овој скандал во Министерството за одбрана, а во кој е вклучена Петровска, зошто сега излегува со информации во јавноста и дали има намера да ги достави информациите до јавното обвинителство или и ова ќе остане на ниво на замајување на јавноста. Филипче треба да излезе во јавност и да каже доколку знае и други вакви и слични случаи во редовите на СДС, бидејќи само така може да се оди кон ЕУ, а не со лажење и манипулирање на јавноста. Филипче е на потег да се вклучи и реално во борбата со корупција како клучен услов за членство во ЕУ. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: „Дурмо турс“ Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Филипче го откри криминалот на Мицкоски, на ВМРО-ОКГ и на вашиот анти-НАТО и анти-ЕУ Спутник!ВМРО велат: нека пријави. Пријавуваме. Постојано. Со месеци. До ДКСК. До обвинителството.Го пријавивме и Мицкоски - обвинителот ја отфрли пријавата. Пријавивме и за тоа што ги тепаат активистите кои држеа транспарент. Докази за криминал, корупција и спреги на власта. Пет тони дрога преку граница, без одговор. Одговор нема, бидејќи обвинителот е на телефон. А што се однесува до вашиот Спутник – документацијата е кај вас. Сè тоа го имате. Кога ќе го проверите тоа, проверете го и оној тендер за железницата, 1,6 милиони за Ќуркчиев. И оној аванс за Платформа 2.0. Ги имате и Гета и Лотарија: нула денари, а се испостави дека станува збор за 5,53 милиони евра народни пари. Ги имате антимонот и трговецот со оружје кој плаќа 1,56 милиони долари за лобирање за владата. Ги имате дата-центрите и компаниите кои со месеци најавуваат проект и вода од Вардар. Го имате тендерот за таткото, па се испостави дека таткото не е татко. Ги имате и Орбановите автобуси. На списокот му нема крај. Разликата во цената за хеликоптерите е во Министерството за одбрана. Македонија има чест да е членка на НАТО, благодарение на владата на СДСМ. А вие, за жал, поради лагите, денес го водите министерството, па сега се е на вашата адреса.Таму имате министер. Имате обвинител, имате полиција. Не мора Тошковски да се занимава само со хиперхлорирање. Само проверете дали ви одговара тоа поради Платформата, оние 17 потписници што работат за Мицкоски. Можеби на Мицкоски му се потребни избори, бидејќи нема одговор на Фон дер Лајен. Сепак, претходната влада ги зачува националниот идентитет, јазикот и културата. Укажавме на секакви работи. Сега видете што ќе правите со луѓето од платформата, кои заедно со проруската Левица бараат реформи кај нас. Истата екипа, преку вашиот далечински управувач. СДСМ ги именува и своите. Законот мора да важи за сите. Вие ги штитите. Нема селективност. Постои архива на докази која се наоѓа во институциите што не смеат да мрднат без повик од кабинетот на арамијата. Кога ќе се анализираат без телефонски повик, прво ќе стигнете до криминалот и корупцијата. Потоа до Спутникот. А на крајот и до арамијата. Го чекаме вашиот одговор. Вие сте на власт. Се сеќавате?! СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалПоследен натпревар на Џеко за БиХ: „Би сакал да е 1-ви април...“Един Џеко потврди дека натпреварот меѓу Босна и Херцеговина и Шведска (1–1) бил негов последен во дресот на репрезентацијата и изјави дека дефинитивно ја завршува својата меѓународна кариера.По натпреварот на стадионот „Билино Поље“, Џеко емотивно се прости од репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Иако се насмевна додека велеше дека би сакал сè ова да е само шега, тој потврди дека одлуката е конечна. „Би сакал да е 1-ви април, па да можам да кажам: 'Ви благодарам на сите што дојдовте и што подготвивте сè – всушност не се простувам'. Ја поминав возраста за такви шеги. Мислам дека ова е вистинската работа – вистинското време, вистинскиот момент. Ја оставам екипата во добра состојба, а тука се и младите момци кои само ќе напредуваат. Имаме играчи во нападот кои знаат да постигнуваат голови и навистина си заминувам среќен. Сега сум на ваша страна – на страната на навивачите“, изјави видно емотивниот Џеко. The drone show for our Legend!💎🇧🇦 #Dzeko pic.twitter.com/kXagZOjHq4 — Bosnian Football (@BosniaNTBall) October 2, 2026 Капитенот на Босна и Херцеговина сè уште не знае во кое својство би можел да се врати во репрезентацијата, но признава дека ќе му треба време за одмор по сè што се случило. „Не размислував за тоа, но гледајте, ја поминав 40-тата година. Прво треба малку да одморам бидејќи сето ова е исцрпувачко – и психички и во поглед на стресот. Ќе ми треба време, но знаејќи се себеси, наскоро ќе добијам желба да направам нешто. Што ќе биде тоа – ќе видиме. Длабоко во себе морам да почувствувам дека тоа е нешто што го сакам“, истакна најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на БиХ. Џеко исто така откри какво било чувството одвнатре за време на неговиот последен репрезентативен натпревар. 🇧🇦 Bosna-Hersek - İsveç maçında skor tabelası 11. dakikayı gösterdiğinde, stadyumun çevresindeki evlerden Edin Džeko için pankartlar açıldı ve meşaleler yakıldı. 🎇 https://t.co/e5zuSVrCcC — HT Spor (@HTSpor) October 2, 2026 „Го знаете ли она чувство на притисок во градите? На некој начин, тоа е како да го играте својот прв натпревар, но штом тој ќе започне, сè исчезнува. Главно се работи за исчекувањето. По натпреварот се чувствував одлично. Навистина ми е мило што сè заврши вака“, рече Џеко. Тој особено ја истакна важноста на пласманот на Светското првенство и фактот дека репрезентацијата неодамна добила поголема самодоверба. „Фала му на Бога, успеавме да се пласираме на Светското првенство. Се гледа дека другите екипи сега нè почитуваат, а Светското првенство ни влева верба во сопствените можности. Сè се подигна на повисоко ниво, а тоа е очигледно и на почетокот на Лигата на нации“, додаде легендарниот капитен.Тагови: Един Џеко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter