Пол Темплер, човекот кој „бил проголтан“ од нилски коњ!!!

Темплер одеднаш се нашол во устата на нилскиот коњ кој силно го притискал преку градите, држејќи го под вода!

Ова се случило кога Темплер имал 27 години и работел како водич во Африка. Нилскиот коњ го зграпчил Пол во Замбези реката кај Зимбабве.Половина од телото на Пол било во устата на ѕверот.

- Осетив ужасен сумпорен мирис како расипани јајца и огромен притисок на градите.Се прашував кој од нас ќе издржи подолго под вода.Ме преплави потребата да се откажам. Не знам колку време бевме под вода, тоа тешко минува кога сте во устата на нилски коњ - вели Пол.

Нилскиот коњ со забите пробил до белите дробови но за среќа го промашил срцето. Левата рака на Пол во текот на нападот била смачкана.

Нападот се случил пред 17 години но Пол деновиве ја раскажа приказната за „The Guardian“.

Кога бил спасен од челуста на ѕверот, Пол поминал неколку операции и сега е добар, работи како мотивациски говорник и има хуманитарна организација.

Грчкото МНР реагира по одлуката на Турција манастирот Хора да работи како џамија

Министерството за надворешни работи на Грција преку соопштение реагираше за одлуката на турските власти, манастирот Хора да почне да функционира како муслиманска џамија.

Министерството за надворешни работи на Грција преку соопштение реагираше за одлуката на турските власти, манастирот Хора да почне да функционира како муслиманска џамија, истакнувајќи дека тоа „претставува провокација за меѓународната заедница бидејќи го менува неговиот карактер како споменик на светското културно наследство на УНЕСКО што му припаѓа на човештвото“, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР додадоа дека „зачувувањето на универзалниот карактер на спомениците и почитувањето на меѓународните стандарди за заштита на верското и културното наследство е јасна меѓународна обврска која ги обврзува сите држави“.

Холандската полиција го растури пропалестинскиот протест на Универзитетот во Амстердам

Холандската полиција го растури пропалестинскиот протест на Универзитетот во Амстердам и уапси 125 демонстранти.

Холандската интервентна полиција рано утринава го растури пропалестинскиот протест на Универзитетот во Амстердам, при што уапси околу 125 лица во повремено насилните судири, соопштија властите.

Во пораките објавени во текот на ноќта на социјалната мрежа X, полицијата наведе дека мора да дејствува за да го запре овој настан и да ги растури шаторите поставени од демонстрантите кои беа насилни кон полицијата.

„Полициската рација беше неопходна за да се воспостави ред. Ги гледаме снимките на социјалните мрежи. Разбираме дека тие снимки може да изгледаат интензивно“, соопшти полицијата.

Локалните медиуми покажаа како демонстрантите пукаат со пиротехнички средства кон полицајците, но засега нема извештаи за повредени од двете страни.

„Сега сè е тивко... полицијата останува во близина на кампусот во Ротерсајланд“, соопшти полицијата подоцна на X.

Холнадскиот министер за образование во заминување, Роберт Дијкграф, изјави дека универзитетите се место за дијалог и дебата и дека е разочаран што полицијата морала да интервенира.

Студентските протести поради војната и академските врски со Израел почнаа да се шират низ Европа, но останаа многу помали од оние во САД.

Ван Дајк цел на голем број врвни клубови

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк би можел да го напушти тимот од „Енфилд“. За фудбалерот се заинтересирани неколку големи клубови, пренесува новинарот Екрем Конура. 

Самиот фудбалер би сакал да го продолжи договорот со својот тим.

Според Конура, за фудбалерот се заинтересирани Милан, Интер, Атлетико, Ал-Хилал и Ал-Наср, а пријавен е интерес и од екипи од Премиер лигата.

Триесет и двегодишниот Ван Дајк игра за Ливерпул од почетокот на 2018 година. Актуелниот договор на Холанѓанецот е до крајот на следната сезона.

Во тековната сезона Ван Дајк одигра 34 натпревари во Премиер лигата на кои постигна два гола и две асистенции.

На две кола до крајот на сезоната во Премиер лигата, Ливерпул е трет на табелата со 78 бодови, зад лидерот Арсенал кој има 83 и Манчестер сити кој собра 82 бода и има натпревар помалку.

притисни ентер