3Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
Шоу бизПол Хагис ослободен од обвиненијата за силувањеКанадскиот режисер Пол Хагис е ослободен од обвиненијата за силување од 2022 година, пренесуваат западните медиуми.Во јуни 2022 година, Хагис беше обвинет од 30-годишна Британка дека ја силувал во хотел три дена пред почетокот на италијанскиот Филмски фестивал во Остуни. Режисерот пред три години мина и две недели во домашен притвор. Адвокатите на Хагис, Микеле Лафорџа и Даниеле Ромео, соопштија дека Судот во градот Бриндизи, источна Италија, одлучил дека сексуалниот однос не се случил без согласност. „За Хагис ова е крај на кошмарот што донесе неправеден крај на кариерата на „оскаровецот“ и филмски гениј, режисер и сценарист, кој е препознаен низ целиот свет“, изјави неговата одбрана по пресудата. И порано Хагис се соочуваше со слични обвиненија. Пред три години мораше да плати отштета од 10 милиони долари за досуден сексуален напад на публицистка во неговиот стан во 2013 година. Пол Хагис (72) е режисер и продуцент од Канада. Тој е можеби најпознат како режисер на филмот „Фатална несреќа“ (Crash) од 2004 година, којшто освои „Оскари“ за филмска монтажа, сценарио и најдобар филм. Истата година го напиша сценариото за друг „оскаровски“ филм - „Девојка од милион долари“ на режисерот Клинт Иствуд, а потоа работеше и на филмовите „Знамиња на нашите татковци“ (2006), „Џејмс Бонд - Казино Ројал“ (2006) и „Трошка надеж“ (2008). Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
МакедонијаПресудата е донесена- доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане Судот во Куманово донесе пресуда за доживотен затвор за 25-годишниот Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во Кумановско.Според обвинението, Бојковски во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година нападнал шест жени во повеќе села во Општина Старо Нагоричане. Четири од нив починале, додека две ги преживеале нападите. Обвинителството тврди дека жртвите биле главно повозрасни и немоќни жени кои биле напаѓани додека биле сами. Според обвинителниот акт, делата биле извршени од ниски побуди, со намера за задоволување полови нагони врз мртви тела. Во текот на судењето Бојковски призна дека извршил три од четирите убиства и двата обида за убиство, а едно од убиствата го негираше. Психијатриското вештачење утврдило дека обвинетиот бил пресметлив и способен да го разбере значењето на своите постапки. Вештакот оценил и дека постои ризик од повторување на делата. Основното јавно обвинителство Куманово уште при поднесувањето на обвинението наведе дека за кривичното дело за кое се товари Бојковски е предвидена казна затвор од најмалку десет години или доживотен затвор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Фудбал„Goal“: Фудбалерите на Барселона се променети. Тоа претставува проблем за конкурентитеТренерот на шпанскиот фудбалски шампион, Барселона, Ханси Флик, ја пофали промената во менталитетот на своите играчи, која стана очигледна за време на тековната репрезентативна пауза. Флик и неговиот стручен штаб сметаат дека е од клучно значење што играчите почнаа да ги слушаат сигналите на своите тела за да избегнат скапи грешки од минатото, пренесува фудбалскиот портал „Goal“. Клубот смета дека повредите биле главната причина за нивното предвремено испаѓање од Лигата на шампионите. Рафиња подолго време беше надвор од терените поради проблеми предизвикани поради големите напори и ангажмани во бразилската репрезентација, додека слични проблеми имаа и Жил Кунде, Балде, Феран Торес, Педри, Френки де Јонг и Ламин Јамал. Затоа, стручниот штаб на Барселона внимателно го следеше однесувањето на играчите за време на неодамнешната репрезентативна пауза, која – со времетраење од три недели – беше подолга од вообичаеното. Клубот има за цел да спречи проблеми кои произлегуваат од прекумерната минутажа и честите патувања – фактори што негативно влијаеја врз формата на тимот минатата сезона. Рафиња и Гарсија како примери Флик изрази задоволство што овој пат играчите постапуваа повнимателно, избегнувајќи непотребни ризици и навремено препознавајќи ги сигналите на своите тела. Рафиња и Ерик Гарсија се издвојуваат како примери за овој нов пристап. Капитенот на Барса, побарал да биде заменет на полувремето од натпреварот против Австралија штом почувствува непријатност, имајќи ги предвид проблемите со мускулот на бутот што ги имаше минатата сезона. Сличен пристап применил и Гарсија, кој се повлече од загревањето пред натпреварот на шпанската репрезентација и се врати во Барселона на лекарски прегледи. Стручниот штаб ги оцени двете одлуки како исправни бидејќи со нив се избегна ризикот од посериозни повреди, а лекарските прегледи потврдија дека нема сериозни проблеми. Овој пристап треба да стане стандард во клубот, бидејќи минимизирањето на ризикот се смета за клучно во борбата за трофеи во текот на сезона со многу натпревари. Пред Барселона сега е напорен распоред од пет натпревари во рок од две недели. По утрешниот натпревар на гостински терен против Хетафе – а пред „Ел Класико“ на 25 октомври – тимот треба да игра против Реал Бетис, Галатасарај и Пари Сен Жермен.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизВидео: Селин Дион падна на сцената: Нејзината реакција стана хит на социјалните мрежиСветската музичка ѕвезда, пејачката Селин Дион падна на сцената за време на концерт во Франција, но брзо се созеде и продолжи да настапува како ништо да не се случило.Несреќата се случи во Нантер, каде што пејачката одржува концерти во рамките на серијата настапи „Celine Dion Paris 2026-2027“. За време на изведбата на една од песните, Селин Дион ја изгуби рамнотежата и падна. Таа падна на задникот, но успеа да го ублажи падот со раката. Веднаш стана, покажа палец нагоре за да ѝ стави до знаење на публиката дека е добро и продолжи да пее. Селин Дион се повлече од концертните сцени во последниве години поради „синдромот на вкочанета личност“ – ретко невролошко нарушување што предизвикува вкочанетост на мускулите и болни грчеви. И покрај здравствените проблеми, пејачката им се врати на настапите пред публика во 2024 година со спектакуларен настап на отворањето на Олимписките игри во Париз. Сега, со нова серија концерти, таа се враќа на редовните настапи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter