Министерот Серафимовски: Поголема економска самостојност и посилна социјална сигурност за жените земјоделки
1Министерот Серафимовски: Поголема економска самостојност и посилна социјална сигурност за жените земјоделки
БалканПоквалитетна здравствена заштита и инфраструктура, ветува Колефски во изборната програмаЕден од приоритетите е подобрување на условите во здравствените установи, во инфраструктурата, како и отворањето на граничниот премин Церје на албанско-грчката граница.Барајќи ја довербата за втор мандат на претстојните локални избори во Албанија, актуелниот градоначалник на општина Пустец Пали Колефски презентираше дел од програмата која, како што нагласи, „со ваша поддршка ќе можеме да ја решиме секоја мака за нас и нашите деца“. Еден од приоритетите е подобрување на условите во здравствените установи, во инфраструктурата, како и отворањето на граничниот премин Церје на албанско-грчката граница. -Со мое залагање и во соработка со Советот на општината и поддршка на владата, ќе ја подобриме патната инфраструктура, ќе создадеме олеснувачка инфраструктура за туристите, подобри услови во здравствените установи, поквалитетно улично осветлување, изградба на канализација во сите села, а секако и отворање граничен премин со Грција во село Церје, наведува Колефски. Продолжуваме, додава тој, со процесот на легализација на објектите на целата територија на општината, што го почнавме во овој мандат а „претставува остварување на долгоочекуваниот сон на жителите“. - Приоритет ќе ни биде и промовирањето на природните ресурси, традиции, култура, зголемување на зелените површини, поддршка и олеснување во процедурите за развој на фамилијарниот туризам преку доградба на куќи за пречек на туристи, инвестиции и поддршка за младите и за возрасните лица, како и за рибарите преку олеснување на инфраструктурата, се дел од зацртаните програмски активности на Колефски. Исто така наведува и повеќе одобрени и аплицирани проекти кои ќе започнат со имплементација оваа година. Меѓу нив се и асфалтирање на патот во село Пустец, што е во тек, реконструкција на новата зграда на општината, трансформација на село Глобочани во важна туристичка атракција, во рамки на добиен проект во соработка со општина Битола, осветлување и изградба на инфраструктура на островот Мал Град, како и други инфраструктурни проекти. - Програмата што ја презентирам не е само законска обврска да ја донесам, туку пред се е морална обврска и со ваша поддршка ќе можеме да ја решиме секоја мака за нас и нашите деца. Ова е нашата визија, ова е нашиот пат и ве покануваме да продолжиме по овој пат за да го развиваме ова прекрасно подрачје. Заедно само напред за доброто на сите, порачува Колефски. Тој е кандидат на Социјалистичката партија и поддржан од Македонска алијанса за европска интеграција. На локалните избори што се одржаа во јуни 2019 година Колефски освои 1.505 гласови или 66,84 отсто од вкупниот број гласачи, наспроти Едмонд Темелко кој освои 859 гласови или 33,16 отсто. Темелко во три последователни мандати беше градоначалник на Пустец. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
ФудбалКасано: Мурињо е надминат, Кристијано Роналдо е само половина „Феномен“!Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Антонио Касано повторно крена бура со своите изјави, а овојпат мета на неговите критики беше Жозе Мурињо. Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Рома остро зборуваше за португалскиот стручњак во интервју за шпанскиот весник „Ас“, доведувајќи ги во прашање неговите тренерски квалитети и начинот на кој ги води екипите. „Мурињо повеќе не би требало да води екипи. Имаше многу среќа, бидејќи ниту еден од неговите тимови не играше атрактивен фудбал. Неговите идеи за играта беа актуелни пред една деценија. Во кариерата не остави никакво фудбалско наследство, туку само скандали со сите“, изјави Касано. Италијанецот изрази изненаденост што Реал Мадрид своевремено го ангажираше португалскиот тренер и што претседателот Флорентино Перез му ја укажал својата доверба. Касано го пофали тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, нагласувајќи дека го смета за многу подобар стручњак од Мурињо. Според него, доколку двајцата си ги заменеле улогите, Реал под водство на Гасперини би можел да оствари убедлива победа, дури и со резултат 10:0. Поранешниот фудбалер исто така смета дека Реал треба да се угледа на Барселона и на тренерот Ханси Флик. „Во Реал треба да учат од Барселона и Флик. Тој изгради импресивен тим со силен карактер, во кој сите фудбалери учествуваат во нападите. Во Мадрид, пак, го прават токму спротивното“, изјави Касано. На удар се најде и Винисиус Жуниор. Италијанецот смета дека неговиот соиграч Родриго, кој моментално е повреден, е многу подобар фудбалер. Иако признава дека Бразилецот Винисиус е голгетер и поседува добри напаѓачки способности, Касано смета дека нему му недостасува класата на вистинска светска ѕвезда. Особено интересна беше неговата споредба на двајца познати фудбалери со име Роналдо. Касано, без двоумење, му ја даде предноста на Бразилецот Роналдо Назарио, познат како „Феноменот“. „Како централен напаѓач, немам видено подобар од Роналдо Назарио. Тој беше неверојатен феномен. Да не беа сериозните повреди, ќе достигнеше незамисливи височини. Тоа е вистинскиот Роналдо. Кристијано не може да се споредува со него и поседува само половина од класата на ’Феноменот‘“, истакна екс репрезенативецот на Италија и член на Реал, Антонио Касано.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
МакедонијаМинистерот Серафимовски: Поголема економска самостојност и посилна социјална сигурност за жените земјоделкиПоддршката до 360.000 денари по корисник преку мерката 115 - „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“,.Поддршката до 360.000 денари по корисник преку мерката 115 - „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“, од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година, и вкупно 100.000 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство преку Програмата за поддршка за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност, чии средства со ребалансот се зголемени од еден на два и пол милиони денари, беа во фокусот на обраќањето на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска во Струмица, на одбележувањето на Меѓународниот ден на руралната жена во организација на Националната федерација на фармери. „Современата механизација ја олеснува обработката на земјата, а дигиталните решенија и вештачката интелигенција отвораат можности за попрецизно планирање и поефикасно производство. Ќе работиме тие можности да им бидат подостапни на жените, преку стручен совет, обуки и поддршка за инвестиции“, порача министерот Серафимовски. Министерот Серафимовски информираше дека, според условите на јавниот повик за мерката 115, регистрираните земјоделски стопанства чиј носител или член е жена можат до 13 ноември 2026 година да аплицираат за средства за набавка на опрема за преработка и доработка на примарни земјоделски производи и за услуги за спроведување на деловниот план. „Сакам и надоместокот за мајчинство од Програмата за социјална сигурност да стигне до секоја жена за која е наменет. Ги охрабрувам жените со статус на осигуреник–индивидуален земјоделец кои ги исполнуваат условите да се информираат и да поднесат барање до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој најдоцна до 10 декември 2026 година“, рече министерот Серафимовски. Осврнувајќи се на податоците од Единствениот регистар на земјоделски стопанства на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во кој се евидентирани 129.226 земјоделски стопанства и 29.971 жена, од кои 3.918 се помлади од 40 години, министерот Серафимовски ја нагласи заложбата за поголемо учество на жените во управувањето со стопанствата и развојот на сопствени дејности, како и за надминување на стереотипот за земјоделството како „машка професија“. „Во вашите успеси се гледа силата на македонското земјоделство, а во вашите идеи се препознава насоката за неговиот следен исчекор. Како министер, преземам обврска тие идеи да добијат поддршка, а вашиот глас да има поголемо влијание врз одлуките што ги носиме“, им порача министерот Серафимовски на жените земјоделки кои денес присуствуваа на одбележувањето на Меѓународниот ден на руралната жена во Струмица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеЈанчев: ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци доби нов ЕМГ кабинет Денеска официјално го промовиравме новиот ЕМГ кабинет во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци, објави на социјалните мрежи градоначалникот Митко Јанчев. -ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци. Денеска официјално го промовиравме новиот ЕМГ кабинет во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци, со што се прошируваат можностите за современа невролошка дијагностика и унапредување на здравствената заштита на пациентите од Кавадарци и регионот. На промоцијата присуствуваа градоначалникот Митко Јанчев и директорот на Клиниката за неврологија, Јован Божиновски. Електромиографијата (ЕМГ) е значајна дијагностичка метода за испитување на функцијата на периферните нерви и мускулите, која помага во откривањето и процената на различни невролошки состојби. Со воведувањето на оваа услуга, на пациентите им се овозможува полесен пристап до потребните дијагностички испитувања, без потреба за патување во други здравствени установи за секоја ваква услуга. Како раководство на болницата, остануваме посветени на модернизација на медицинската опрема, унапредување на стручните капацитети и создавање подобри услови за работа на здравствените работници и поквалитетна здравствена грижа за пациентите. Наш приоритет е здравјето на граѓаните и постојаното унапредување на здравствените услуги што им се достапни, стои во објавата на Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook