Покренато обвинение против Васил Јованов кој на „Партизанска“ во Скопје ја усмрти Фросина - Канал 5

Покренато обвинение против Васил Јованов кој на „Партизанска“ во Скопје ја усмрти Фросина

Два месеци по трагедијата на партизанска во која загина младата Фросина Кулакова, обвинителството поднесе обвинение против возачот Васил Јованов.

Покренато обвинение против Васил Јованов кој на „Партизанска“ во Скопје ја усмрти Фросина

Тој се товари за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик, дело за кое е предвидена максимална затворска казна до 20 години. Во обвинението се наведува дека Јованов на 29 јануари годинава кога смртно ја прегази Фросина Кулакова од Неготино, поминал на црвено светло, без возачка дозвола, под дејство на алкохол и со двојно поголема брзина од дозволената.

„На 29 јануари, 15 минути пред полноќ обвинетиот без воопшто да поседува возачка дозвола, управувал патничко возило ПЕЖО 207, во сопственост на неговиот татко. Не се придржувал кон прописите и со тоа свесно го довел во опасност животот на луѓето. Автомобилот го управувал под дејствто на алкохол, односно со 0,80 промили алкохол во крвта, но и со брзина на движење од 91 км/h што е речиси двојно поголема од дозволената.“- ОЈО

Од силината на ударот, како што посочуваат од обвинителството, младата девојка била исфрлена во воздух и удрила во семафор. Од здобиените тешки телесни повреди починала на самото место.

-Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата меѓу булеварот “Партизански одреди” и улицата “29-ти Ноември“ продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот кој сигнализирал забрана за минување и со предниот лев дел од возилото кое го управувал удрил во телото на пешакот Фросина Кулакова, која поминувала на обележан пешачки премин и зелено светло за пешаци.“ - ОЈО

Од обвинителството велат поради сериозноста и тежината на кривичното дело, возраста на обвинетиот, објектот на заштита, било побарано од судот мерката притвор да биде продолжена.

YouTube video

Состојба на патиштата

Од денес (24.04.2025) ќе има привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино - Тетово, помеѓу бензинската станица Макпетрол и северниот влез на Тетово. 

Состојба на патиштата

На овој дел од патот ќе се врши геодетско снимање и една сообраќајна лента ќе биде затворена во неколку фази. Работите ќе траат до нивно завршување

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 г. е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона.

СДСМ: Не е само култура, илјадници работници власта остави без плата

Илјадници работници власта остави без плата. Иако поминаа недели од законскиот рок, платите на вработените во државни институции сè уште не се исплатени. 

СДСМ: Не е само култура, илјадници работници власта остави без плата

Не само вработените во културата, вработени во Министерствот за економија, во Државниот пазарен инспекторат исто така немаат земено плата.

До таму ДПМНЕ ја донесоа земјава –не зборуваме веќе за економски развој, туку дали Владата ќе може да ја исполни најосновната обврска – исплатата на заработената плата!

Ова не е само скандал, ова е кршење на основните права на работниците, уривање на нивното достоинство и уште една потврда за целосната неспособност на Владата предводена од ДПМНЕ.

Ова е врв на игнорантност и понижување на македонскиот работник. Тотална незаинтересираност на власта за работниците.

Прашауваме кој ќе ја сноси одговорноста?

Платата не е награда. Платата е законско, загарантирано право.

Додека функционерите од власта се расфрлаат со папаја, манго и луксузи, работникот живее од трошки и едвај крпи крај со крај.

Во овие десет месеци, животот на илјадници семејства се претвори во преживување од месец во месец. Животниот стандард е на историско дно, цените и сметките растат, а Владата одби секое барање за покачување на платите. Македонскиот работник е најпотценет во регионот.

Бараме најитно исплата на сите неисплатени плати. Работниците не се статистика – тие се столб на општеството и нивниот труд, нивното достоинство мора да бидат почитувани.

Скопје, 24.04.2025

СДСМ

Вицепремиерот Николоски во Лондон се сретна со Тим Рид

Вицепремиерот Николоски во Лондон се сретна со Тим Рид, извршен директор на извозната агенција на Обединетото Кралство. Се потврдува сратешкото партнерство меѓу двете земји, економијата и инвестициите приориет за Македонија

Вицепремиерот Николоски во Лондон се сретна со Тим Рид

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, вчеравечер во Лондон оствари работна средба со Тим Рид, извршен директор на Извозно кредитната агенција на Обединетото Кралство.

На средбата се разговараше за економската соработка меѓу двете земји во делот на реализација на капиталните инвестиции.

Притоа вицепремиерот Николоски ги истакна плановите на Владата за развој и модернизација на инфраструктурата со посебен акцент на патната и железничката мрежа.

Тој потенцираше дека проектите што ги опфаќа инвестицискиот план на Владата на Република Македонија, покрај развој на домашната економија имаат и регионално значење, а придобивките од нив се повеќекратни за земјите од Западен Балкан.

На средбата беа разменети информации околу потенцијалната соработка меѓу двете земји и подршката што може да ја обезбеди оваа Агенција во рамки на нејзините државни политики.

Исто така беше истакнато дека Обединетото Кралство е стратешки партнер на Македонија во развојот на земјата и во тој конткест политиките ќе се насочат кон подршка на економскиот и општествениот развој.

Работните средби на вицепремиерот Николоски продолжуваат и денеска во Лондон каде е планирано да се реализираат одвоени средби со Стивен Даути, министер задолжен за Европа, како и со Дејм Карен Пирс, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.


притисни ентер