МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
1МНР: Софија ги подрива напорите за градење доверба, за случајот ќе бидат информирани ЕУ и Советот на Европа
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
БалканПокрената е истрага за наводно прислушување на српскиот претседател Александар Вучиќ Обвинителството за организиран криминал во Белград покренало предистражна постапка во врска со наводите за неовластено прислушување на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.Предистражната постапка е покрената на 15 декември 2020 година, по барање до Министерството за внатрешни работи на Србија да ги собере потребните информации, а тоа барање е дополнето на 14 јануари, се вели во соопштението на обвинителството. Српскиот претседател на 31 декември изјавил дека бил прислушуван и дека „тоа го сториле локалното население“ и „властите ќе утврдат дали е поврзано и со странци“, рече тој. Прислушувањето на шефот на државата „е директен обид за државен удар“, рече тогаш Вучиќ. На почетокот на јануари, белградските медиуми објавија дека е започната „обемна и детална истрага“ за тоа кој, по чија наредба и со каква цел го прислушувал српскиот претседател, а министерот за внатрешни работи Александар Вулин рече дека вистината ќе биде „извесна“ и дека „ службите истражуваат “. „Ќе дојдеме до вистината, а судските тела ќе го сторат своето“, рече Вулин, нагласувајќи дека српскиот претседател „и дал потполно слободна рака на полицијата да ја утврди целосната вистина во овој случај“. Обвинителството во денешното соопштение објавило дека целта на предистражниот процес е да се проверат сите информации што се „неопходни за расветлување на сите факти и околности“ во врска со прислушувањето, со цел идентификување на сторителите и кривичните дела во Обвинителството за организиран криминал. „Предистражната постапка е во тек и во интерес на нејзиното непречено однесување, Обвинителството за организиран криминал нема да открива детали за оваа постапка“, се вели во соопштението, најавувајќи дека ќе ја информира јавноста „по завршување на постапката“. Во исто време, некои белградски медиуми денеска објавија дека поранешниот државен секретар во Министерството за внатрешни работи, Дијана Хркаловиќ, одбила полиграфско испитување и не сакала да прифати да оди на детектор за лаги. Според Вечерњи новости, се планирало Хркаловиќ да биде испрашувана во аферата за прислушувањето на претседателот Вучиќ и нејзините наводни контакти со луѓе од криминалното опкружување. „Таа го одби тестот во време кога требаше да биде поврзана на полиграфот“, објавија медиумите. Вечерње новости наведува дека досега повеќе од 50 лица сведочеле во „аферата со прислушувањето“, вклучувајќи и некои високи функционери од српското Министерство за внатрешни работи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИва Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
ЖивотМлада девојка купила стар училишен автобус и сама го претворила во станЕдна млада девојка купила стар училишен автобус и самата го претвори во стан, Никогаш претходно не користела ненаков алат, но создаде чудо.Без никакво искуство со алат, Даниел сама уредила функционална мини-куќа на тркала во текот на три години. Даниел од Њу Џерси немала никакво искуство со алат, но во текот на три години изградила дом на тркала со кујна, туш и соларен систем. Преуредувањето ја чинело околу 26.000 евра. Десет квадратни метри можеби звучат скромно за дом, но за Даниел тој простор значи можност да живее онака како што сака. Кога купувањето сопствен дом ѝ изгледало финансиски недостижно, дваесет и седумгодишната девојка од американската сојузна држава Њу Џерси одлучила да истражи поинаков пат. Го пронајде во еден стар жолт училишен автобус. За приближно 4.600 евра, таа купила атобус „Шевролет експрес“ (Chevrolet Express) од 2007 година, со поминати околу 322.000 километри. Иако возилото веќе имало долг работен век зад себе, Даниел во него препозна простор што може да го приспособи на своите потреби. - Го избрав автобусот бидејќи има повеќе простор од комбе, а и чини помалку. Освен тоа, можев да го уредам точно онака како што замислував – објаснува таа. Поминаа три години од купувањето до завршувањето на домот. Таа е особено горда на фактот што пред тој проект немала никакво искуство со преправање и уредување, ниту пак, како што истакнува, некогаш држела алат во рацете. И покрај тоа, околу 85 отсто од работата ја завршила сама. Кујна, бања и кревет на десет квадратни метри Даниел вложи околу 26.000 евра во реновирањето на автобусот. Соларниот систем ја чинеше приближно 1.700 евра, изолацијата околу 800 евра, а фрижидерот го набави за околу 260 евра. Водоводните инсталации ги реши за приближно 350 евра. На простор од само десет квадратни метри, таа смести кревет, кујна со индукциска плоча со две рингли, како и бања со туш и компостирачки тоалет. Во просторот има и кровен прозорец. Поранешното возило за превоз на ученици постепено ги доби сите основни елементи неопходни за секојдневниот живот. Но, зад завршениот ентериер стојат месеци проучување и напорна физичка работа, а одредени моменти сериозно ја ставија на искушение нејзината упорност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Атрактивната Никол повторно провоцираСветската музичка ѕвезда Никол Шерцингер обожува да се фотографира и снима за социјалните мрежи, но овојпат за малку ќе предизвикаше скандал. Убавата Никол покажа повеќе отколку што требаше. Позната по своите бујни гради и витка линија, мегапопуларната пејачка не ја пропушти можноста да ја разгори имагинацијата на многумина на интернет. На Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот приватен и деловен живот, таа овојпат сподели „жешко“ видео кое за кратко време собра голем број лајкови и реакции од целиот свет. Познатата пејачка е снимена додека танцува, а во преден план беа нејзините стомачни мускули и виткото тело – но и нешто друго. .. Со оглед на тоа што носеше тренерки со низок струк, постоеше опасност да покаже многу повеќе од својата прекрасна фигура. Тагови: Никол Шерцингер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотНедопрено богатство по 2.100 години излезе од морското дно: Древен изум го спасил од распаѓањеНа дното на Средоземното Море е пронајдена потоната бродска олупина со илјадници парчиња луксузен римски прибор за јадење, кои таму лежеле недопрени 2.100 години.Античкиот комплет чинии и длабоки садови останал совршено зачуван на длабочина од 55 метри. Товар од луксузни садови за јадење повторно излегол на виделина откако поминал 2.100 години на дното на Средоземното Море. Археолозите открија потонат брод полн со илјадници керамички садови во близина на турскиот брег. Наодот вклучува чинии за супа, чинии за риба и овални садови со различни димензии, кои се зачувани во исклучително добра состојба. Тие нудат редок увид во начинот на исхрана на богатите во римскиот свет, во време кога со овие исклучително барани луксузни производи се тргувало преку морињата. „Од длабочините на Средоземното Море, на виделина изнесуваме комплети садови стари 2.100 години. Во подводните ископувања што ги започнавме во 2025 година, досега откривме илјадници артефакти од потонатиот брод полн со керамика“, изјави турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој. Остатоците од бродот лежат на длабочина од 55 метри во близина на брегот на Адрасан во Анталија, но се верува дека потекнуваат од Росус, античка населба во денешната провинција Хатај. Овие две области се оддалечени околу 300 наутички милји, па затоа се претпоставува дека бродот најверојатно пловел кон Рим кога бил зафатен од невреме и потонал откако удрил во плитиште. Истражувачите досега имаат пронајдено илјадници артефакти, вклучувајќи чинии, длабоки садови и овални садови во 122 различни форми и големини, што ја открива „луксузната“ култура на исхрана од тоа време, пренесува „Дејли мејл“. Археолозите откриле и керамички садови од неколку егејски острови, што укажува на тоа дека бродот превезувал стока од повеќе центри за производство. Доказите од римските записи покажуваат дека керамиката од Росус уживала голем углед меѓу богатите потрошувачи. Значајноста на ова откритие дополнително се нагласува преку интересната поврзаност со една од најпознатите личности на антички Рим – државникот и оратор Цицерон. Во писмото до својот пријател Атик, напишано во 50 година п.н.е., Цицерон пишува за нарачување керамика од Росус, што сугерира дека керамиката од тој регион била високо ценета меѓу богатите Римјани. Археолозите го пронајдоа товарот на бродот во исклучително добро сочувана состојба. Тоа се должи на фактот што садовите биле внимателно спакувани во дрвени сандаци, со глина поставена меѓу поединечните парчиња за да се спречи нивно кршење при транспортот. Се чини дека токму оваа заштитна амбалажа го спасила поголемиот дел од товарот од сериозни оштетувања кога бродот потонал. Монетите пронајдени во остатоците од бродот потекнуваат од I век п.н.е. и им помогнале на истражувачите да утврдат кога бродот тргнал на своето последно патување. „Благодарение на глината поставена меѓу нив при пакувањето во сандаци, овие артефакти стигнаа до нас неоштетени, пренесувајќи ја во денешницата анадолската мајсторија во изработката и трговското минато на Медитеранот“, изјави Ерсој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook