Покрај опожарено товарно возило со приколка на автопатот Велес-Скопје пронајден починат маж - Канал 5

Покрај опожарено товарно возило со приколка на автопатот Велес-Скопје пронајден починат маж

Педест и седум годишен скопјанец ноќеска бил пронајден починат покрај опожарено товарно возило со приколка на автопатот Велес-Скопје, на место викано „Пуста кула“, соопшти МВР.

Покрај опожарено товарно возило со приколка на автопатот Велес-Скопје пронајден починат маж

-На 15.03.2025 во 00.45 часот СВР Велес било пријавено дека автопатот Велес-Скопје, на место викано „Пуста кула“, настанал пожар на товарно возило „мерцедес“ со приколка, со скопски регистарски ознаки, а во близина на возилото бил пронајден починат Н.В.(57) од Скопје, наведуваат од МВР.

Лекар од Итна медицинска помош Велес констатирал смрт без видливи траги на насилство, а екипа на Територијалната противпожарна единица Велес го изгаснала пожарот.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Началникот на ГШ Лафчиски ја посети Кралската Воена Академија во Сандхрст

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски ја посети Кралската Воена Академија во Сандхрст каде оствари средба со командантот на Академијата, бригаден генерал Ник Вајт-Бојкот.

Началникот на ГШ Лафчиски ја посети Кралската Воена Академија во Сандхрст

На средбата, со која Лафчиски ја почна посетата на Обединетото Кралство (ОК), беа разменети мислења за развојот на воената едукација во двете армии, за предизвиците со кои се соочува военото образование во денешната сложена гео-политичка ситуација, како и за можната соработка во иднина, односно упатување на питомци и старешини од Армијата на школување во оваа престижна Академија.

- Заменикот командант на академијата одржа брифинг пред генералот Лафчиски на кој го образложи системот на воено образование и обука во ОК, можните начини да се постане офицер, како и програмата за образование која моментално се изучува на Академијата. Посетата на Сандхрст заврши со историска тура на просториите, запознавање со богатата традиција и обичаи на питомците на Академијата, како и просториите за обука и престој, соопшти Министерството за одбрана.

Во текот на следните два дена посетата на генералот Лафчиски продолжува на Конференцијата за копнено војување, како и со повеќе средби со највисокиот воен врв на Вооружените сили на ОК.

Хегсет: САД распоредуваат повеќе оружје на Блискиот Исток

Хегсет не прецизираше какво оружје е испратено во регионот.

Хегсет: САД распоредуваат повеќе оружје на Блискиот Исток

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, синоќа изјави дека наредил дополнително оружје да биде распоредено на Блискиот Исток поради ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран, што ги зголемува тензиите во регионот, објави тој на платформата „X“.

Хегсет не прецизираше какво оружје е испратено во регионот.

-Заштитата на американските сили е наш врвен приоритет и ова распоредување оружје има за цел да ја зајакне нашата одбранбена позиција во регионот, рече Хегсет.

Осумлица ќе бидат евакуирани од Израел преку Египет со владиниот авион

Од стотина македонски државјани во Израел, 28 се пријавиле за евакуација, соопшти министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Осумлица ќе бидат евакуирани од Израел преку Египет со владиниот авион

Кажа дека најдоцна денеска, осум наши државјани, од кои четири деца, ќе заминат во Египет придружени од безбедносен конвој, а потоа од Шарм Ел Шеик ќе бидат вратени во земјава со владиниот авион.

Останатите 20 лица ќе бидат евеакуирани веднаш по воспоставување редовен авионски сообраќај од Тел Авив.

Министерот истакна дека персоналот на нашата амбасада се наоѓа на безбедна локација и останува постојано на располагање на македонските граѓани. Барање за евакуација од Иран, засега нема..

притисни ентер