Покачениот капитациски бод ќе го зголеми бројот на матични лекари - Канал 5

Покачениот капитациски бод ќе го зголеми бројот на матични лекари

Покачениот капитациски бод ќе го зголеми бројот на матични лекари, потребна е и соодветна распределба на кадарот и опремата.

Покачениот капитациски бод ќе го зголеми бројот на матични лекари

Зголемениот капитациски бод во примарното здравство ќе го зголеми бројот на матичните лекари и ќе го намали нивниот одлив во странство, а следните чекори треба да бидат фокусирани на соодветно прераспределување на кадарот и на опремата, како и зголемени ингеренции со цел што помалку пациенти да се препраќаат во терцијарното здравство, оценија учесниците на панел дискусијата „Влијанието на зголемувањето на капитацијата врз примарната здравствена заштита“, што се одржа денеска во Владата.

Со неодамнешната владина одлука капитацискиот бод на матичните доктори од општа медицина и гинекологија се зголеми од 75 на 100 денари, или за 33 проценти, додека за матичните стоматолози предвиден е раст од 23 насто, односно од 61 на 75 денари.

Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), оцени дека ова е прв чекор во решавање на проблемите што не се работело долго време и оти е важно да дојде до промена на структурата во финансирањето.

- Најчестата критика од Светската здравстена организација е дека премногу трошиме на болничко лекување, а не се инвестира во примарното здравство. Првин мора да го запрете падот а потоа да очекувате раст бидејќи додавање на нови очекувања од матичните лекари кога тие се веќе во лоша финансиска состојба само ќе ја влоши состојбата, рече Клековски, укажувајќи дека ќе треба радикално обновување на кадарот со оглед на очекуваниот бран на пензионирање на матичните лекари, рече Клековски.

Прашан за плановите за поддршка на младите лекари Клековски потенцираше дека првиот предуслов е платата да биде атрактивна, а следен чекор како да се олесни преносот на постоечките ординации на следите генерации поради сегашниот комплициран пренос.

Следењето на примената на новите мерки ќе се одвива преку Фондот за здравство осигурување.

-Се обидуваме да ги поставиме работите на партнерска основа со лекарите, матичните лекари. Следењето е во Фондот бидејќи комплетно управување со договорите, со капитациите и со услугите е во Фондот. Во основа сите плаќања кон матичните лекари, 70 пациенти се фиксен износ за основната работа и 30 процети се исплаќаат за остварување на одредени превентивни цели. Тие се поделени на општи и посебни цели. Во општите цели се генерално контрола на издадени лекови и издадени боледувања, а во посебните цели тие се разликуваат кај општа медицина, стоматолозите и кај гинеколозите. Кај гинеколозите клучната превентивна цел е превенција на рак на грло на матката со систем како се проверува состојбата и се упатуваат на следните нивоа, дали за пап тест или за колкопоскопија. Има точно одреден систем на поканување и нормално ние тој систем го контролираме бидејќи најголем дел од овој систем е дигитализиран, рече Клековски.

Лили Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на матични лекари, оцени дека новата мерка на Владата е добар стимул за зголемување на бројот на матичните лекари. Потенцираше дека ова е историски најголемо покачување на капитацискиот бод од 2002 година.

- Примарното здравство е столбот на здравствениот систем и ние како здружение постоиме од 1992 година, постојано сме барале реформи, со цел да ги услужиме нашите пациенти и што помалку да одат на прегледи во Скопје. Бројот на 1800 матични лекари е намален на 1470 и сметам дека ова е добар стимул за да се зголеми бројот на матичните доктори, повторно да имаме опфатеност и во руралните места, имаме одличла соработка со ФЗОМ кој бајпасира многу состојби со решавање на проблемите на маса, како што е подобрување на состојбата за руралните доктори, каде што нема исто така и медицински сестри. Вистинско богатство е да најдете лекар во мало место и пациентите во малите места да имаат доктор бидејќи и секундите значат живот. Се почувствува радост во примарното здравство, а има и изрека дека секој го почитувате онолку колку што го плаќате. Сепак е еден добар стимул за зголемување на бројот на докторите и примарното здравство да биде посакувана дејност за да може младите доктори да сакаат да останат во државава, рече Чолакова Дервишова.

Идните чекори кои Владата треба да ги преземе според неа треба да бидат во насока на зголемување на ингеренциите на матичните лекари и пациентите што помалку да се упатуваат во терцијарното здраство, а треба да се дискутира и за моделот на плаќање бидејќи нема закон за докторска дејност.

- Да се работат повеќе ехо, доплери, преглед на кародити, многу од матичните и сами се имаме усовршено, гледаме и ехо, се трудиме да купиме апарати, но ќе ни треба поддршка од Владата и да се направи едно унифицирање и добра распределба на апаратите и едукација, а пациентите да е одат од еден во друг град за да направат доплер, ехо на простата, на жолчка. Требаат повеќе патохистолози за побрзо дијагностицирање и национална стратегија за правилно прераспределување на кадарот и на апаратите и опремата за да праќаме што помалку во терцијарното здравство, посочи Чолакова Дервишова.

Потребни се и законски измени, како што вели и поради тоа што е различен правниот однос за концесионери и за лекари во сопствени ординации.

Директорката на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиеска Папестиев, зборуваше за влијанието на новата мерка во раната детекција и оцени дека одлуката на Владата е сериозна инвестиција која ќе ги мотивира матичните лекари.

- Примарната здравствена заштита во гинекологијата и акушерство е исклучително важна алка, а матичните гинеколози се носители на извршување на скрининг програмите, на дијгностицирање и третирање на голем број нехируршки интервенции, советувања за контрацепција, превенција од предвремени породувања. Оваа одлука на Владата ја поздравувам и сметам дека претставува една сериозна инвестиција затоа што ќе ги стимулира повеќе матичните гинеколози да се посветат на скрининг програмата, рече Алексиеска Папестиев.

Таа истакна дека со превенцијата се избегуваат непотребните трошоци за третирање на хронични и онколошки заболувања.

- Како основни носители на превентивната програма откако ги вклучивме матичните лекари, 20.000 папови кои се извршуваа годишно за детекција на цервикален карцином се зголемија на 60.000. Годишно ФЗОМ за третирање на пациенти со малигно заболување троши 29 милиони денари. Сметам дека оваа мерка ќе ги стимулира докторите да прават поквалитетен скрининг и на тој начин индиректно државата ќе заштеди непотребен трошок за третирање на овие пациенти, посочи таа, дополнувајќи дека очекува да се зголеми интересот за матични гинеколози и да се намали непотребното упатување на пациенти во Клиниката за гинекологија и акушерство кои треба да бидат третираи на примарно ниво.

Според Лоран Страшевски, матичен стоматолог, стоматолозите како учесници во примарното здравство имаат голем бенефит од покачувањето на капитацискиот бод со коешто смета дека ќе се прошири и модернизира стоматолошката дејност.

- Овој финансиски поттик ќе овозможи дел од финансиите да се наменат за натамошна едукација и опремување на ординациите со модерни апарати и материјали, односно стоматологијата на светско ниво да ја донесеме и кај нас со цел пациентите да добијат подобра стоматолошка заштита. Ќе се овозможи и младите стоматоози да не одат во странство и оваа финансиска стабилност да ја искористат да си отворат свои ординации, рече Страшевски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата игра

Ако се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.

Колекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата игра

Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“.

Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите.

Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра.

Што добивате?

„Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“.

Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало.

Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“.

За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта.

„GTA VI“ без физички диск

Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск.

Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите.

Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија.

„Rockstar“ има направено нешто слично и претходно

Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта.

Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето.

Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно.

Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објава

Лука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.

„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објава

По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака.

На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата.

„Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ.

Најмладото од трите деца

Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб.

Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Рускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики.

Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес.

Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград.

„Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин.

YouTube video

Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи.

Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина.

Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер