Погребан црногорскиот митрополит Амфилохие, илјадници ги прекршија протоколите (ВИДЕО) - Канал 5

Погребан црногорскиот митрополит Амфилохие, илјадници ги прекршија протоколите (ВИДЕО)

Митрополитот Црногорско- приморски, Амфилохије, беше погребан во криптата на Катедралата Христово воскресение во Подгорица, пред неколку илјади верници и со директен пренос на црногорскиот јавен сервис РТЦГ.

Погребан црногорскиот митрополит Амфилохие, илјадници ги прекршија протоколите (ВИДЕО)

Литургијата ја служеше српскиот патријарх Иринеј, кој рече дека луѓето се собрале да го „испратат Амфилохије кај Господа, каде се светите предци и каде ќе бидеме ние еден ден“.

„Посебно би го истакнал тоа што Амфилохие му го остави на својот народ, а тоа е љубовта кон Косово и Метохија. На крај, би сакал да ве потсетам на големата желба на Амфилохије да ја обнови капелата на Његош на Ловќен. Ова нека биде негов аманет до верниот српски народ и Црна Гора, бидејќи тој рече дека со реновирањето на цркви и манастири, луѓето почнаа да се враќаат во црквата “, рече Иринеј.

Митрополитот на Српската православна црква во Црна Гора Амфилохије (83) почина на 30 октомври од последиците на ковид-19.

На погребот зборуваа и претседателот на црногорското собрание, Алекса Бешиќ и академикот од Српска академија на наука и уметност, Матија Бешковиќ.

На него присуствуваа претседателот на Србија, Александар Вучиќ и висока делегација на владата на таа земја и членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ и премиерот Душко Марковиќ не беа присутни на погребот.

Под раководство на Амфилохије Српската православна црква во Црна Гора организира протести во 2020 година против законот за слобода на вероисповед, за кој тие тврдеа дека е „покритие за одземање на црковниот имот во таа земја“.

Во пресрет на парламентарните избори одржани на 30 август, Амфилохије го назначи Здравко Кривокапиќ, актуелен мандатар на црногорската влада, на чело на коалицијата што ги обедини српските партии во Црна Гора.

Збогувајќи се на погребот на митрополитот Амфилохије, Кривокапиќ рече дека неговата смрт е исклучителна загуба за православието и дека граѓаните на Црна Гора останаа без великан.

„Секој состанок со вас беше радост. Онаа во пресрет на 30 август е посебна. Ќе ја носам твојата прегратка до последниот час “, додаде Кривокапиќ.

Епидемиолошките мерки донесени од Црногорскиот национален орган за заразни болести во борбата против пандемијата на коронавирус во голема мерка беа прекршени за време на погребот на поглаварот на Српската православна црква во Црна Гора, Амфилохије.

Мерките беа прекршени во и пред Црквата на Христовото воскресение во Подгорица за време на литургијата и опелото што ги служеше српскиот патријарх Иринеј. Повеќето од присутните во Храмот беа без маски, вклучувајќи го и мандатарот за новата црногорска влада, Здравко Кривокапиќ, голем број пратеници и други јавни личности, како и повеќето свештеници и монаси.

Денеска свештениците им делеа причест на граѓаните пред Храмот со истата лажица, а некои од граѓаните пред Храмот не носеа маски.

Епидемиолошките мерки беа прекршени и завчера во Клиничкиот центар на Црна Гора и во манастирот Цетиње.

Митрополијата претходно повеќе пати ги повикувала граѓаните да ги почитуваат епидемиолошките мерки и за таа цел набавиле 5000 заштитни медицински маски.

По политичките митинзи за време на парламентарните избори, Црна Гора имаше значително зголемување на бројот на пациенти со коронавирус, што резултираше со заострување на мерките во некои општини и нивно затворање.

Скоро 4.000 луѓе во моментот се заразени со коронавирус во таа земја, а 301 лице починало од ковид-19 од почетокот на пандемијата.

Лекарот на Клиничкиот центар на Црна Гора, Невенка Павличиќ, побара од властите да издадат наредба за затворање на ковчегот на митрополитот Амфилохије, пренесува Радио Слободна Европа.

Имено, Павличиќ смета дека ритуал во кој илјадници луѓе го бакнуваат неговото тело е жариште на инфекции.

YouTube video

Вчера огромен број верници се собраа пред храмот во кој се наоѓаат посмртните останки на митрополитот Амфилохије, кои сакаа да му оддадат последна почит.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Српски медиуми: Бака Прасе го исценирал сопственото приведување, следуваат кривични пријави

Тврдењата дека маскирани лица го привеле јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се лажни.

Српски медиуми: Бака Прасе го исценирал сопственото приведување, следуваат кривични пријави

Ова е утврдено по истрагата спроведена од Вишото јавно обвинителство во Белград и службеници од полициската станица „Савски венац“. Претходно, на профилот на Илиќ на Инстаграм се појави објава во која се тврди дека маскирани лица го однеле од неговиот стан.

Илиќ ѝ објаснил на полицијата дека ја објавил таа информација како дел од снимањето на видео кое планира да го објави на својот Јутјуб канал.

Поради ширење паника преку лажни информации на Инстаграм, против него ќе биде поднесена кривична пријава до Посебното одделение за високотехнолошки криминал при Вишото јавно обвинителство во Белград. Пријавата се однесува на кривичното дело предизвикување паника и неред.

Што содржеше објавата

На профилот на Илиќ на Инстаграм беше објавено соопштение од неговиот тим, во кое се тврди дека тој бил приведен околу 06:00 часот наутро. Во објавата, потпишана од „Тимот на Бака Прасе“, исто така се наведува дека за ситуацијата бил известен и неговиот адвокат.

Неговите соработници спомнаа и наводна поврзаност со „Алта банка“, тврдејќи дека Илиќ се доведува во врска со сомневања за перење пари. Оваа информација не е потврдена.

Обвинителството нареди истрага

Вишото јавно обвинителство во Белград претходно ѝ наложи на полицијата итно да ги провери тврдењата дека маскирани лица го однеле Илиќ од неговиот стан. Полициските службеници требаше да ја проверат информацијата на терен и да преземат други неопходни мерки за да утврдат што се случило. По извршените проверки, обвинителството и полицијата утврдија дека наводите се лажни.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мерц ветува заштита на Евреите во Германија; антисемитизмот станува сè пораспространет

Фридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница.

Мерц ветува заштита на Евреите во Германија; антисемитизмот станува сè пораспространет

Тој ја опиша глетката на градинки и синагоги, чувани од вооружена полиција зад стакло отпорно на куршуми, како „ужасна“, пренесува Ројтерс.

Мерц го изјави ова во говор во синагога во Минхен, на годишнината од „Кристална ноќ“ (Kristallnacht) во 1938 година – настан што послужи како вовед во Холокаустот и истребувањето на повеќе од шест милиони европски Евреи, спроведено од нацистите. Тој истакна дека антисемитизмот станал „распространет“.

„Го гледаме и го слушаме на нашите улици, во нашите градови, во градовите на нашите европски соседи и ширум светот – во парламентите, клубовите и училиштата“, рече Мерц. „Токму затоа, ова е момент на вистината за паролата ’Никогаш повеќе‘, на која толку често се повикуваме“, додаде тој.

Тој вети дека неговата влада ќе стори сè што е во нејзина моќ за да го заштити еврејскиот живот, како во Германија, така и во странство. Исто така, ја потврди долгогодишната поддршка на Германија за Израел, нагласувајќи дека тоа е „дел од нашата историска одговорност“. Слични заложби за заштита на еврејските институции и борба против антисемитизмот претходно дадоа и претходниците на Мерц, Ангела Меркел и Олаф Шолц.

Според годишниот извештај на организацијата „RIAS“, бројот на антисемитски инциденти драстично се зголемил по избувнувањето на војната во Газа во 2023 година. Минатата година биле евидентирани 8.725 вакви инциденти – повеќе од тројно во споредба со 2022 година – што изнесува просек од 24 случаи дневно.

Палестински извори наведуваат дека повеќе од 74.000 луѓе се убиени во израелските напади врз Газа. Нападите беа извршени откако борци предводени од Хамас убија приближно 1.200 луѓе во јужен Израел на 7 октомври 2023 година.

„Срам за нашата земја“

Илзе Ајгнер, претседателка на Баварскиот покраински парламент, чувството на несигурност што го доживуваат многу Евреи во Германија го опиша како „срам за нашата земја“. Мерц претходно ја имаше предложено неа како конзервативен кандидат за функцијата претседател на Германија.

„Кристалната ноќ“ претставуваше погром врз Евреите, кој започна на 9 ноември 1938 година, а вклучуваше убиства, грабежи и уништување имот. Името се однесува на скршеното стакло од уништените синагоги, продавници и домови, кое ги покривало улиците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски претставник: Русија и Украина подготвени за компромис околу територијата

Во неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што започнуваат утре во Абу Даби.

Американски претставник: Русија и Украина подготвени за компромис околу територијата

Ова го изјави американски претставник запознаен со подготовките за разговорите, додавајќи дека, за првпат, Вашингтон забележува искрена желба од руска страна за ставање крај на војната, пренесува Ројтерс.

„За првпат имам впечаток дека гледаме вистинска желба од руска страна сето ова да се приведе кон крај“, рече претставникот, кој ги информираше новинарите под услов да остане анонимен.

Што ќе се случи со окупираните територии?

Според претставникот, двете страни приватно покажуваат одредена флексибилност во однос на можна територијална размена. Сепак, тој нагласи дека каков било договор за територијата веројатно би се постигнал дури на крајот од преговорите, откако ќе се постигне консензус за другите прашања.

Територијалните прашања досега беа една од најголемите пречки за постигнување мировен договор. Украина инсистира на враќање на нејзините меѓународно признати граници, додека рускиот претседател Владимир Путин бара контрола врз целиот регион Донбас.

Американскиот претставник не откри какви територијални отстапки би можеле да направат Москва и Киев. Неговите изјави во оваа фаза не значат дека е постигнат договор, ниту пак дека некоја од страните официјално ги променила своите барања.

Вашингтон смета дека прво треба да се договори безбедносен аранжман за периодот по војната. Дури потоа би имало простор за конечен договор во однос на територијата.

Безбедносни гаранции за Украина

Една од главните теми на преговорите ќе бидат безбедносните гаранции за Украина. Се разгледува можноста за заштита слична на онаа од Членот 5 од Договорот на НАТО, според кој напад врз една членка се смета за напад врз сите членки.

Таков модел би требало да ѝ обезбеди на Украина безбедносни гаранции по евентуалниот мировен договор, но засега не е познато како би функционирал тој, ниту кои земји би презеле конкретни обврски. Американскиот претставник нагласи дека договорот за повоената безбедносна архитектура ќе биде клучен за решавање на територијалните прашања. Американското посредување во Абу Даби ќе го предводат специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зетот на претседателот Доналд Трамп. Преговорите треба да траат два дена, почнувајќи од вторник. Претставник на САД изјави дека постои можност Виткоф и Кушнер, по завршувањето на разговорите, да отпатуваат во Русија на средба со Путин. Ваквата посета сè уште не е потврдена.

Во Вашингтон постои умерен оптимизам дека разговорите би можеле да доведат до напредок, иако американската страна признава дека за постигнување договор ќе биде потребно време. Во последните месеци, Трамп ги засилува дипломатските напори за ставање крај на војната, притоа често укажувајќи на тешките човечки жртви на двете страни од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер