Погреб на српскиот патријарх Иринеј, илјадници верници пред храмот Свети Сава

Поглавбарот  на Српската православна црква (СПЦ), патријархот Иринеј, ќе биде погребан денес во криптата во Храмот Свети Сава во Белград, каде во девет часот започна литургијата предводена од митрополитот Дабробосански , Хризостом.

На поворката во најголемата црква на Српската православна црква присуствуваат државниот врв на Србија, лидерите на Република Српска, претставници на верски заедници и деноминации, а пред црквата се собраа многу верници и обожаватели на патријархот Иринеј.

По опелото што започнува во 11 часот и говорот на епископот Бачки, Иринеј, е објавено дека претседателот на Србија Александар Вучиќ и членот на Претседателството на БиХ Милорад Додик ќе се збогуваат со патријархот.

Српскиот патријарх Иринеј, 45-от поглавар на Српската православна црква, почина како резултат на инфекција со коронавирус во петокот наутро во Воено-медицинскиот центар во Белград.

На 1 ноември, патријархот Иринеј ја водеше литургијата со епископите на Српската православна црква во Подгорица на погребот на митрополитот на Црна Гора Амфилохије, кој почина од ковид-19, а четири дена подоцна беше примен на лекување од инфекција со коронавирус.

Српската влада прогласи тридневна жалост во петокот, а верниците му оддадоа почит на поглаварот на српската црква во процесија вчера и во текот на ноќта.

Светиот архиерејски синод ги повика свештенството и верниците да се придржуваат кон мерките пропишани од државните органи заради тешката епидемиолошка состојба за време на молитвеното збогување со патријархот Иринеј.

Фото: Меси во дресот на Марадона се прости од својот идол

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона во дуелот од 11 коло во Примера убедливо со 4-0 ја совлада Осасуна.

Мечот на Ноу Камп го одбележа капитенот на Барса, аргентинскиот волшебник Лионел Меси.

Меси го постигна последниот гол за Барселона во 73 минута и голот го прослави во дресот на својот идол Марадона.

Меси го соблече дресот на Барселона и во дресот на Њуелс првиот клуб на Диего Армандо Марадона со број 10 се прости од својот починат идол.

Светскиот шампион Хамилтон најбрз на „огненото“ Гран при во Бахреин

Возачот на Мерцедес Луис Хаилтон е победник на Големата награда на Бахреин од шампионатот во Формула 1.

Трката во Бахреин мина во знакот на инцидентот во кои експлодира болидот на Себастијан Грожан, кој за среќа остана скоро неповреден излегувајќи од запаленото возило.

Актуелниот шампион Хамилтон продолжува со доминацијата во Ф1 циркусот и сигурно чекори кон петтата последователна титула во шампионатот.

Хамитон стигна до 95 победа во кариерата со која ја зголемува предноста од легендарниот Михаел Шумахер, кој застана на 91 триумф.

На победничкиот подиум во Бахреин покрај победникот Луис Хамилтон се искачија и возачите на Ред Бул Макс Верстапен и Александер Албон.

По еден месец, позната е причината за смртта на Шон Конери

Причината за смртта на Сер Шон Конери е потврдена скоро еден месец откако познатиот актер почина на 90-годишна возраст.

Легендарниот Џејмс Бонд починал во својот дом на Бахамите. Тој починал во сон, а причина за смртта е пневмонија, респираторна слабост, старост и атријална фибрилација - неправилно чукање на срцето.

Сопругата на Шон, Мишелин Рокебрун претходно раскажа дека актерот починал мирно во сон, опкружен со семејството.

"Таквиот живот не беше за него. Тој не можеше да се изрази во последно време. Барем почина во сон, беше многу мирно. Цело време бев со него и тој само заспа. Така сакаше да биде", рече таа за Дејли Меил.

притисни ентер