3МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата
АвтомобилизамПоголем луксуз не може да се замисли – Мајбах го претстави најновиот СУВ (ВИДЕО)Заменскиот бренд на Мерцедес , задолжен за луксузни изданија , има нов модел и тоа супер луксузно возило во сегментот на големи спортско урбани возила (СУВ).Со полно име Mercedes-Maybach GLS 600 4MATIC, ова е нова мешавина на дизајнерскиот концепт на SUV со онаа на крајниот луксуз, досега регуларно резервирана за лимузини. Трендовите очигледно се менуваат, па откако „Бентли“, „Ролс-Ројс“ и сличните излегоа со луксузни модели, а BMW објави најава, не чекаа многу ниту од Мерцедес. Она што GLS сега треба да го понуди е луксуз со висок квалитет. Возилото најдобро е илустрирано преку споредбата со летање во удобен салон. Електрично управуваните ролетни ја диктираат количината на контакт со околината, а програмата за суспензија на Мајбах нуди супериорна удобност при возењето. Панорамското лизгање / вртливиот подвижен покрив е исто така електрично управуван, како и климатизираните седишта за масажа. Фиксната централна конзола го претвора автомобилот во простран четворосед, а задниот дел е подеднакво погоден за работа и релаксација. Достапен е со можност за проширување, поместување маси и ладилник за шише шампањ. Се разбира, во понудата има сребрени чаши. И тоа не е сè, создаден е соодветен мирис како дел од дополнителниот пакет Air Balance: бел османт (маслинов цвет) , миризлив и лесен, заокружен со мека кожа нота и чај, велат од Мерцедес. Непотребно е да се каже, моделот отскокнува и со деталите на надворешниот дизајн. Sвездата на Мерцедес ја украсува хаубата на класичен начин, додека вертикалните хромирани шипки за решетката на радијаторот Мејбах создаваат шарен ефект. Покрај тоа, има хромирани детали и тркала со дијаметар од 23 инчи. Под хаубата е познатиот 4.0 V8 мотор, специјално подготвен за новата улога. Испорачува 558 КС и 730 Nm и е комбиниран со електричен систем за напојување со моќност од 48 волти. Да, овој џин долг 5,2 метри не вози брзо, но добро е да се знае дека може. Достигнува 100 км на час за 4,9 секунди, и вози до 250 км на час. Mercedes-Maybach GLS 600 4MATIC ќе се појави на пазарот во втората половина на 2020 година. Цената засега не е позната.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотКрадци во Франција сокриле скапоцен дијамант во јаболко: Го пронашла гладна собаркаРедок розов дијамант ќе биде изложен во Франција за првпат откако бил украден пред речиси точно сто години – што е и последниот пат кога бил прикажан пред јавноста.Кражба од пред еден век Скапоцениот камен од девет карати, во форма на круша, познат како „Гранд Конде“, бил украден за време на ноќен упад во замокот Шантили во октомври 1926 година. Крадците го сокриле во издлабено јаболко. Дијамантот – еден од ретките кралски скапоцености што ја преживеале Француската револуција – бил пронајден неколку недели подоцна, кога една гладна собарка во хотелот каде што престојувале крадците, каснала токму од тоа јаболко. Нова изложба во музејот „Конде“ Дијамантот ќе биде изложен во музејот „Конде“ во замокот Шантили до 3 јануари. Директорот на музејот, Матје Делдик, истакнува дека иако приказната за јаболкото можеби звучи неверојатно, таа била опширно пренесена во тогашните весници. Делдик одби да му открие на Си-Ен-Ен на која сума е осигуран дијамантот, но напомена дека биле спроведени опсежни научни истражувања за неговите карактеристики, со цел да се овозможи негова единствена идентификација. Изложбата ги вклучува резултатите од оваа анализа, како и претходно непознати архивски материјали што детално ја прикажуваат историјата на дијамантот и неговата кражба. Ретки розови дијаманти Природните розови дијаманти се исклучително ретки и често се продаваат за десетици милиони долари. Според податоците на аукциската куќа „Сотбис“, највисоката цена постигната за еден таков дијамант на аукција изнесувала 71,2 милиони долари, во 2017 година. Точното потекло на дијамантот „Гранд Конде“ сè уште е непознато. Според информациите од замокот Шантили, тој за првпат се споменува во 1740 година, во пописот на имотот на Луј Анри де Бурбон, принцот од Конде. Извор: Индекс.хрТагови: дијамант Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈон Фрчкоски на „Кавга со Иван“Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Јон ФрчкоскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително.Претседателката вчеравечер се сретна со учесниците во меѓународната експедиција „Врело 2026“ и членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, кои ја информираа за текот на експедицијата и за историскиот успех со кој пештерата Врело во кањонот Матка, со истражена длабочина од 338 метри, стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек. Таа им честиташе за извонредниот подвиг, истакнувајќи дека Врело е природен феномен што ги разгорува истражувачкиот дух и љубопитноста за откривање на тајните на природата. За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително. Спелеонуркачите ја запознаа претседателката со предизвиците со коишто се соочиле за време на нуркачкиот подвиг, необичните сознанија за подводниот свет на Врело, како кристално чистата вода и умерената температура од петнаесетина степени, новооткриените два канали и над 150 метри нови големи ходници. Според учесниците во уникатниот подвиг, Врело е раскошен и мистериозен природен феномен со волшебна привлечност, една од досега најинтересните подводни пештери за нив. Тие ѝ изразија благодарност за прифатеното генерално покровителство, истакнувајќи ја неговата важност за успешната реализација на експедицијата. Претседателката им посака успех во идните подвизи и изрази убедување дека нивниот успех е инспиративен за многу други спелеонуркачи.Тагови: Врело Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter