Поголем интерес од компаниите на повторениот тендер за автопатот Скопје-Блаце

 Најмалку две компании се заинтересирани за изградба на првиот дел од автопатот Скопје – Блаце на повторениот тендер, што трае до 29 месецов, и има време да се пријавуваат, информира денеска премиерот Зоран Заев.

Тој истакна дека ова прв е приоритет за изградба и оти очекува тендерската постапка да успее, откако на претходната што беше поништена имаше само една понуда која го надмина предвидениот буџет за таа јавна набавка.

-Апелиравме до соседните земји, до домашните компании да се јават сите нивни градежни компании. Верувам дека овој пат ќе успее тендерската постапка која што завршува во втората половина на ноември. Не ни треба нешто посебно да чекаме, зима да помине или не, можеме од декември и во јануари веднаш ако се заврши жалбената постапка и потпише договорот да се почне првиот дел на делницата Скопје – Блаце. Целта беше да се почне првиот дел, а додека се гради првиот дел веднаш да биде објавен и вториот дел за којшто очекуваме некаде февруари, март, април да биде објавен вториот тендер за да може да почне изведба и на останатите 9,7 километри, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Немаме, дополни, друг автопат за градење во државата, завршува Кичево – Охрид, сериозно работиме на проектната документација со ЕБРД за новото автопатско решение Гостивар – Кичево, се градат експресните и регионалните патишта во државата, дефинитивно ова е прв приоритет за изградба и верувам успешноста на оваа втора постапка.

Според директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, за Скопје – Блаце има многу поголем интерес од претходно и очекува до истекот на тендерот да има добри понуди. – Потоа ќе следи евалуација од пет до седум дена и разгледување на документацијата. Десет дена има рок на жалба и изведувачот се воведува во работа. Во меѓувреме додека ова се работи се проектира останатиот дел, каде што има тунели, мостови, вијадукти. Верувам дека додека се гради првиот дел, ќе заврши проектирањето на вториот дел веднаш ќе се тендерира и континуитетот на градење ќе се продолжи и ќе заврши, рече Китанов.

Автопатот, во вкупна должина од 12,5 километи, од кои првиот дел од два километра, ќе чини 110 милиони евра, а треба да биде изграден до 2023 година.

Како што информираше Китанов, Градежниот факултет од Скопје доставил 16 ревизии на дополнителните проекти на автопатот Кичево-Охрид без кои не беше возможно да се работи на делови од постојниот проект.

На терен, како што вели, на автопатотот се работи со многу голем интензитет и веќе се асфалтирани шест седум километри од автопатот и се планира напролет да бидат готови.

– Од Градежниот факултет вчера пристигнаа 16 ревизии на дополнителните проекти, а петходно беа доставени уште четири. Со тоа веќе ќе се отвори широк фронт да се работи на постоечкиот дел, но и на сите дополнителни работи бидејќи без нив не е возможно да се работи на постојниот проект. Како што сум информиран, веќе шест-седум километри на делот од Струга према Охрид се асфалтирани и сообраќајот треба да се пренасочи на новата траса за да се направи асфталтен дел на старата траса. Сакаме напролет да имаме готови седум километри, како што и друг пат сме спомнале, да не чекаме 2021 да се пушти целиот автопат, туку како што ќе бидат готови пет, седум, десет, веднаш да се пуштаат, изјави Китанов, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на Првиот конгрес за патишта.

За автопатот ќе се обезбедат и дополнителни 179 милиони долари, за што е во собраниска процедура закон за заем од кинеската Ексим банка. Вкупната вредност на овој проект изнесува 684,7 милиони долари. Потребата за обезбедување на дополнителни 179 милиони долари, според Владата, произлегува од непредвидени и дополнителни работи за тунелот Пресека, за широк ископ и санација на свлечишта, непредвидени и дополнителни работи за изградба на осум денивелирани патни јазли: клучки и еден алтернативен пат од Врбјани до патен јазол Арбиново. Заемот за кој ќе се склучи договор со кинеската Ексим банка е со рок на отплата од 20 години, грејс период од пет години и фиксна каматна стапка од два проценти на годишно ниво.

За еден месец, според директорот на ЈПДП, треба да биде готов проектот за делницата Кичево – Букојчани, прва од предвидените три на автопатот Гостивар – Кичево. – За тој дел веќе имаме грант од ЕБРД во износ од околу 17 милиони евра и три милиони евра има плус за проектирање на останатиот дел, а во меѓувреме Владата си преговара со ЕБРД за останатиот дел од кредитот, информира Китанов.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер