Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
2Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
ЗабаваПогледнете што се треба да поминат младите манекенки на часовите за убаво одење (видео)Прецизност до сантиметар...Многумина без зачудени кога видоа со какви потпетици се подготвуваат тинејџерките за чекорење по модната писта. Манекенството е професија која на многу девојки и тинејџерки им делува привлечно уште од рана возраст. Оние кои по висина се над просекот на својата генерација имаат добра основа да се занимаваат со оваа работа, а доколку поседуваат и убавина, имаат шанса да се пробијат на модната писта. Секако, дотогаш треба да поминат основна обука, а преку школите за манекенство тие се насочуваат кон модната индустрија. Еден од најдобрите резултати од посетата на една ваква школа е правилното држење на телото, кое младите манекенки и модели го стекнуваат преку овие часови, а токму убавото чекорење, според посебни правила, е основа за нивната идна професија. На Интернет се појави видео од млада манекенка која посетува часови за убаво чекорење. По белата линија нацртана на подот, која од двете страни е ограничена со долги летви, девојката мора да оди со помош на инструкторката, која допирајќи ја со тенко стапче по колената внимателно ја одредува големината и динамиката на чекорите. Иако за некои ова е добар начин девојките да стекнат правилно држење на телото, некои сметаат дека ова некогаш не наидува на разбирање од општеството. - Вистински развој потребен за човештвото! - Кога природно така чекориш и сите те исмеваат како тинејџер. - Многу добро. - Ги прави вистинските чекори во животот - беа дел од коментарите. Убавото држење секогаш одело рака под рака со самодовербата, која е основа за занимавањето со оваа работа. Според правилата што ги наметнува оваа професија, девојките веќе на 15 години се ангажираат професионално, а дотогаш посетуваат школи за манекенство. Иако повеќето се воодушевени и го поддржуваа ваквото насочување на девојките, меѓу корисниците на социјалните мрежи имаше и такви кои не го одобруваат ова, сметајќи дека се работи за експлоатирање на деца и нивно предвремено созревање. @profa.de.modeling #profademodeling #fyp #fypシ #5pasidebine ♬ În alte vieți - EMAA & Mario Fresh Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Топол продолжен викенд со изолирани невремињаПродолжува топлотниот бран, со температури кои во Скопје ќе достигнат и до 36 степени во делови од државата температурата ќе биде и до 39 степени.Продолжува топлотниот бран, со температури кои во Скопје ќе достигнат и до 36 степени во делови од државата температурата ќе биде и до 39 степени, можно е изолирано невреме во делови од земјата, велат од УХМР.. Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и ЗелениковоВо моментот се активни четири пожари, 24 се изгаснати, а под конторла се 24 пожари, објаснуваат од ЦУК..Активни се пожарите во општините Студеничани и Зелениково општините Гостивар и Македонски Брод Општина Чашка – над с. Нежилово, и делови во општина Струга. Од ЦУК со апел за внимателност, да не се палат огнови на отворено..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисНа Синер не му е дозволено да тренира!Најдобриот тенисер во светот Јаник Синер, по препорака на лекарите, нема да може да тренира најмалку до 6 септември. По новите прегледи на десното колено, му беше препорачан целосен одмор од сите видови тренинзи, додека Италијанецот истовремено продолжува да закрепнува од проблемот поради кој мораше да го откаже учеството на УС Опен. Имено, Синер беше подложен на нови прегледи во Торино, каде што му беше наложено да мирува во текот на наредните десет дена. Според информациите од италијанските медиуми, прегледот не покажал пукнатина, но воспалението на десното колено сè уште не е целосно санирано. „Газета дело Спорт“ пишува дека резултатите од прегледот наложиле Синер целосно да мирува оваа недела, а не е исклучено периодот без тениски тренинзи да се продолжи и во текот на наредната. Најраниот датум за враќање на тениските тренинзи моментално е 6 септември. Тогаш Синер би требало повторно да започне со работа на теренот, доколку состојбата на неговото десно колено се подобри.Тагови: Јаник Синер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook