Погледнете ја неочекуваната реакција на Тито кога му ги приклештиле прстите (видео) - Канал 5

Погледнете ја неочекуваната реакција на Тито кога му ги приклештиле прстите (видео)

Кога Јосип Броз Тито ја посетил Шведска во далечната 1976 година, му се случила една болна незгода.

Погледнете ја неочекуваната реакција на Тито кога му ги приклештиле прстите (видео)
При посетата на тогашниот премиер Олаф Палме, Тито при излегувањето од автомобилот се фатил за работ за да стане, а возачот случајно во тој момент ја затворил вратата и ја приклештил раката на Тито.

Маршалот ја повлекол, а возачот што побрзо ја ослободил раката.

Сепак, Тито и покрај болките продолжил како ништо да не се случило.

На снимката се гледа како подоцна на својот домаќин му прераскажал што му се случило, гестикулирајќи со повредената рака.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Републиканците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов

Републиканците во Претставничкиот дом на САД го блокираа обидот за импичмент на министерот за Одбрана Пит Хегсет.

Републиканците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов

Со 211 гласа „за“ и 204 „против“ беше усвоен предлогот за упатување на осумте точки за импичмент до правосудниот комитет.Иницијативата ја поднесе републиканскиот конгресмен Томас Маси, но не доби поддршка од ниту еден друг републиканец.

Демократите го обвинуваат Хегсет за злоупотреба на функцијата и незаконско наредување воени операции во Иран и Јемен.Во обвиненијата се споменуваат и американските напади врз бродови на Карибите, како и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Хегсет ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека обидот за негов импичмент е политичка фарса.Тој ја бранеше воената политика на администрацијата на Доналд Трамп и тврдеше дека неговите наредби биле законски.

Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс јавно застанаа во одбрана на министерот.Демократите, кои по среднорочните избори ќе ја преземат контролата врз Конгресот, најавуваат дека ќе разговараат за нова иницијатива.

Незадоволството од војната во Иран беше и еден од факторите што влијаеја врз изборните резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Денеска продолжува рочиштето  за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали.

Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра.

Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра.

На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер