Погба за периодот во Манчестер Јунајтед: Не бев среќен, страдав од депресија - Канал 5

Погба за периодот во Манчестер Јунајтед: Не бев среќен, страдав од депресија

Францускиот фудбалер Пол Погба во интервју за магазинот GQ зборуваше за неговата желба да се врати на терените по забраната поради допинг, но и за многу тешки моменти во кариерата.

Погба за периодот во Манчестер Јунајтед: Не бев среќен, страдав од депресија

Погба нема играно од август 2023 година и сега е во потрага по нов клуб по суспензијата.

- Пред сѐ, едвај чекам да играм, одамна не играв фудбал. Имам многу понуди, кои доаѓаат од сите страни, но сакам да видам што најмногу ми одговара. Сега сум во клучен период од мојот живот и кариера. Тоа е одлука што ќе ја донесам, но морам да ја оценам“, изјави Погба.

Французинот потоа зборуваше за неговото враќање во Манчестер по престојот во Јувентус, каде што имаше многу лоши односи со Жозе Мурињо и дека е депресивен.

- Не можев да разберам... Бев играч со важна улога во тимот и одеднаш се најдов на клупата. Не можев да зборувам, немаше комуникација. Не бев среќен, а фудбалер кој не е задоволен не може да игра добро. Западнав во депресија без да го сфатам тоа“, изјави Погба.

Последен клуб на Погба беше Јувентус, со кого го раскина договорот во октомври 2024 година по период на суспензија. Да потсетиме дека Французинот беше позитивен на тестостерон на 20 август 2023 година, по мечот против Удинезе, а набрзо стигнаа резултатите кои се закануваа да ја заврши неговата кариера.

Сега Французинот е во потрага по нов клуб, а според пишувањата на некои медиуми, Погба е во преговори со Интер Мајами во сопственост на Дејвид Бекам, а во него настапуваат ѕвезди како Лионел Меси, Луис Суарез, Серхио Бускетс...

Градоначалникот Ѓорѓиевски на одбележувањето на празникот Свети Еремија

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, вчера присуствуваше на одбележувањето на празникот Свети Еремија, во рамки на кое се одржа и Меѓународниот детски фестивал „Цветови“. 

Градоначалникот Ѓорѓиевски на одбележувањето на празникот Свети Еремија

Настанот се одржа кај манастирот посветен на светецот, каде што со звуците на детската песна, фолклорот и богатата културна програма, се испрати порака на единство, пријателство и духовна поврзаност.

- Со особена чест и радост денес ве поздравувам овде, на ова големо културно случување – Меѓународниот детски фестивал „Цветови“, кој веќе две децении ги обединува децата и културите од целиот свет преку игра, песна и традиција.

Фестивалот, кој се одржува токму денес, кога се чествува Свети Еремија, не е само празник на фолклорот – тој е сведок на нашата историја, нашата духовност и заедничката волја да ги чуваме вредностите кои не дефинираат како народ. Нашата култура и вера се темелите врз кои ја градиме иднината.

Овде, во овој дел на општината, се наоѓа еден од белезите на нашето културно и духовно наследство – манастирот каде што денес го одбележуваме овој настан. И затоа, дозволете ми од сѐ срце да им се заблагодарам на мештаните, на луѓето кои живеат овде, што со децении со љубов и посветеност се грижат за овој простор, го одржуваат и го збогатуваат – за сите нас, и за генерациите што доаѓаат.

Како локална самоуправа, остануваме посветени на унапредувањето и зачувувањето на ваквите свети и значајни места. Општина Кисела Вода и јас како нејзин градоначалник го помогнавме партерното уредување на манастирот каде што сме денес, а ја поддржавме и иницијативата за поставување на Крстот во непосредна близина.

Неговата симболика е длабоко значајна - тој е симбол на надеж, на сила, на вера, на единство и мир и тоа се пораките кои сакаме да ги пренесеме до секој посетител кој ќе дојде на ова место, сега или во иднина.

Благодарност упатувам и до организаторите – ансамблот „Никола Јонков Вапцаров“, што со својата визија и енергија го одржуваат фестивалот жив и го прават сѐ попрепознатлив, не само кај нас, туку и надвор од границите на Македонија.

Нека овој фестивал биде симбол на пријателството, на нераскинливата врска меѓу традицијата и иднината, меѓу различноста и заедништвото-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски во своето обраќање.

Општина Кисела Вода

Мицкоски: Инвестициски бум од околу 2 милијарди евра

Инвестициски бум од околу 2 милијарди евра – ќе се инвестира во здравството, енергетиката, а ќе се реконструира и модернизира железничкиот транспорт.

Мицкоски: Инвестициски бум од околу 2 милијарди евра

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што предвидува Планот за инфраструктурен бум што беше најавен Македонија 2025, изјави:

„Да, тоа ќе биде еден, би рекол инфраструктурен бум, ако можам така да го наречам. Ќе се модернизира и реконструира Коридорот 10, железничката пруга од Табановце до Гевгелија. Откако сето тоа ќе биде завршено граѓаните ќе патуваат и ќе можат да го користат железничкиот транспорт со брзина од 160 километри на час, просек.

А карго возовите, мислам дека еден таков поминува сега, тие ќе можат, наместо сегашните, во одредени делници од 10 до 15 километри на час, да возат 110 километри на час во просек. Што значи најмалку четири пати повеќе од сегашниот просек. Со тоа очекуваме, не само зголемена брзина на карго превозот којашто ќе транзитира низ нашата држава, туку очекуваме и зголемен интерес за повеќе по бројност композиции коишто секако поради побрзиот транзит, ќе биде зголемен бројот. Очекувам најмалку десет пати тој да се зголеми. Два пати по основ на интерес и четири до пет пати по основ на брзина. Така што во нето износ тоа да биде најмалку десет пати повеќе од ова што денеска е. И крајната цел е Македонски железници годишен приход од својата основна дејност да достигне помеѓу 100 и 120 милиони евра. Тоа е во делот на железничкиот превоз.

Исто така инвестираме во здравството, јас веќе го најавив тоа. Продолжуваме со изградба на Клиничката болница во Штип. Зграда за Медицинскиот факултет, студентски дом, болницата во Кичево, реконструкција на Клиничката болница во Тетово, инвестиции од прилика околу помеѓу 190 и 200 милиони евра или во тотал заедно со реконструкцијата на коридорот ќе натфрли бројка од две милијарди евра.

И понатаму продолжуваме да бараме партнер за изградба на стратешки проекти. Во енергетиката главен фокус ни е проектот Чебрене-Галиште. Пред состанокот на Извршниот комитет имав состанок со министерката вчера, разговаравме околу стратегијата, пристапот и околу начинот на којшто тој проект понатаму ќе го водиме. И убеден сум дека овој пат анализираме, дека државата ќе има можности да направи поинаков договор од тоа што беше во минатото случај.“

Потоа премиерот Мицкоски во однос на реконструкцијата на Коридорот 10, дали е дел од Планот за раст, како услов кој треба да се исполни до 1 јуни, за да може да се повлечат 250 милиони евра од Европската Унија или е најавената инвестиција за новата траса, додаде:

„Дел од Планот за раст, но и дел од најавената инвестиција којашто на основа на Влада со Влада договор ќе го потпишеме. Многу скоро, веќе не се недели, денови се во прашање, македонската јавност точно ќе знае за што станува збор.“

Италија бележи рекордно ниска стапка на наталитет

Италија бележи рекордно ниска стапка на наталитет, пазарот на производи за деца е на работ на колапс.

Италија бележи рекордно ниска стапка на наталитет

Италија бележи рекордно ниска стапка на наталитет, што има многу негативно влијание врз пазарот на производи за деца, а компаниите се принудени да се прилагодат на новата старосна структура на земјата.

Минатата година во Италија се родени само 370.000 бебиња, што е најнизок број во историјата, а оваа земја со стапка на фертилитет од 1,18, што е под нивото на проста репродукција на населението, се соочува со една од најдлабоките демографски кризи во Европа.

Некогашната повоена експанзија на индустријата за колички, креветчиња и играчки во италијанската покраина Бергамо денеска се сведува на преживување, а во некогашното индустриско јадро опстанаа само два производители на опрема за деца.

Демографијата го менува пазарот и опстанокот на компаниите сега зависи од тоа колку брзо и паметно можат да се прилагодат на новата старосна структура на Италија, која денеска има највисока просечна возраст во ЕУ - 48,7 години.

притисни ентер