Аморим: За два месеци работа во Манчестер Јунајтед остарев 10 години - Канал 5

Аморим: За два месеци работа во Манчестер Јунајтед остарев 10 години

 Аморим го чувствува притисокот од работата на „Олд Трафорд“.

Аморим: За два месеци работа во Манчестер Јунајтед остарев 10 години

Победата над Фулам која фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја постигнаа во Лондон е најдобриот подарок за тренерот Рубен Аморим, кој во неделата на 26 јануари наполни 40 години.

Португалецот за време на неговата изјава по натпреварот на „Крејвин Котиџ“ доби честитка од новинарите, со забелешка дека животот започнува на 40 години, но поранешниот тренер на Спортинг имаше уште поинтересен одговор.

-Немам 40, имам 50. За два месеци работа во Манчестер Јунајтед остарев 10 години, но мило ми е што сум тука и што можам да го прославам мојот роденден со овие луѓе, истакна Аморим.

Потоа Португалецот ги пофали своите играчи, но зборуваше и зошто некои првотимци како Маркус Рашфорд не добија шанса да играат во Лондон.

„Сè се сведува на еден збор, а тоа е - тренинг. За време на него се гледа се. Да бидам искрен, повеќе би сакал да ставам резервен голман отколку да пуштам на терен некој кој не го дава најдоброто од себе на теренот. Тоа е мојот принцип на работа и сигурно нема да го сменам. На крајот на краиштата, на натпреварот против Фулам видовте колку се посветени некои играчи и им честитам и на играта и на победата“, рече Аморим.

Манчестер Јунајтед во последните неколку дена оствари два значајни триумфа, прво над Ренџерс во Лига Европа, а потоа и против Фулам во Премиер лигата, во која сега го зазема 12. место со 29 бода од 23 натпревари. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Промотивно-едукативна теренска активност по повод Светската недела на доењето

Преку директна комуникација со мајките, тимот на Институтот обезбеди научно засновани информации и совети за придобивките од доењето.

Промотивно-едукативна теренска активност по повод Светската недела на доењето

По повод Светската недела на доењето (1–7 август), Институтот за јавно здравје, во согласност со Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата на Министерството за здравство, реализираше промотивно-едукативна теренска активност во ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

За време на посетата, на идните и новите мајки им беа поделени информативни флаери за поддршка на доењето, како и едукативната брошура „Безбедно низ првата година“, која содржи практични препораки за превенција на повреди кај деца на возраст од 0 до 1 година.

Преку директна комуникација со мајките, тимот на Институтот обезбеди научно засновани информации и совети за придобивките од доењето, правилните практики при доење и важноста од безбедната грижа за новороденчето во првата година од животот.

Со оваа активност се заокружува одбележувањето на Светската недела на доењето, но Институтот за јавно здравје ќе продолжи со своите континуирани заложби за промоција, заштита и поддршка на доењето, како и за унапредување на здравјето на мајките и децата преку навремена едукација и достапни здравствени информации.

Институтот за јавно здравје упатува искрена благодарност до ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје за укажаната поддршка, топлиот прием и успешната соработка во реализацијата на оваа активност. Заедничките активности и партнерскиот пристап се од особено значење за унапредување на здравјето и благосостојбата на мајките и новороденчињата

ИЈЗ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градот Скопје ќе се изврши авионската дезинсекција против ларви од комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека ќе се изврши авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци.

Градот Скопје ќе се изврши авионската дезинсекција против ларви од комарци

Дезинсекцијата ќе се реализира на 11.08.2026 година (вторник), во раните утрински часови.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши – Хрицова: Потврдена традиционално блиската соработка меѓу Македонија и Словачка

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со амбасадорката на Словачката Република во земјава, Н.Е. Ивета Хрицова.

Гаши – Хрицова: Потврдена традиционално блиската соработка меѓу Македонија и Словачка

На средбата беше дискутирана традиционално блиската и пријателска соработка меѓу Македонија и Словачка, со посебен акцент на континуираниот политички дијалог и словачката поддршка за европските интеграции на нашата земја.

Претседателот Гаши изрази благодарност за принципиелната поддршка од Словачка во процесот на пристапување кон Европската Унија, како и за поддршката преку Вишеградската група во промовирањето на политиката на проширување и европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

Амбасадорката Хрицова на средбата разговараше за унапредување на парламентарната соработка, особено преку пратеничките групи за соработка и размената на искуства меѓу парламентарните институти на двете земји.

Соговорниците ја истакнаа и важноста од понатамошно продлабочување на економската, образовната и културната соработка.

Во тој контекст, беше потврдена заедничката заложба за продолжување на интензивниот институционален дијалог и користење на парламентарната дипломатија како значаен инструмент за натамошно унапредување на билатералните односи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер