Погба на Инстаграм следи нов клуб и го најавува својот трансфер - Канал 5

Погба на Инстаграм следи нов клуб и го најавува својот трансфер

Пред три дена, менаџерот на Пол Погба, Мино Раиола, за италијански Тутоспорт изјави дека љубовта помеѓу играчот и неговиот сегашен клуб Манчестер Јунајтед дефинитивно завршила.

Погба на Инстаграм следи нов клуб и го најавува својот трансфер

"Можам да кажам дека за Пол Погба се е готово во Манчестер Јунајтед. Пол е несреќен во Јунајтед затоа што не може повеќе да се изразува на начинот на кој сака и што се очекува од него. Му треба нов тим, му треба свеж воздух. Тој е под договор уште 18 месеци, но мислам дека е најдобро за играчите и клубот да замине Погба во следниот преоден рок “, рече Раиола со предупредување до Јунајтед дека може да го изгуби играчот бесплатно ако не сака да го продаде.

Денес, самиот Погба навести на Инстаграм каде може да ја продолжи кариерата. На социјалната мрежа, тој започна да го следи својот поранешен клуб Јувентус, каде помина четири години (помеѓу 2012 и 2016 година).

Англиските медиуми денес објавија дека Манчестер Јунајтед пријавил цена од 55 милиони евра за францускиот фудбалер. Причината лежи во фактот дека играчот сака да си замине, но и во фактот дека влегува во последната фаза од договорот со Јунајтед, што ќе истече летото 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски ќе учествува на состанокот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Њујорк

Премиерот Мицкоски и лидерите од регионот денеска на ручек со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, на маргините на Генерално собрание на ОН во Њујорк. 

Мицкоски ќе учествува на состанокот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Њујорк

Средбата на лидерите на ЕУ и земјите од Западен Балкан доаѓа во пресрет на новата стратегија за проширување која ЕК ќе ја објави точно за една недела, а со која фокусот на Брисел е таканаречената постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции, во зависност од напредокот во реформите.

Премиерот Мицкоски претходно од САД повика на вклучување на претставници на ЕУ, со цел да помогнат за подобрување на дијалогот за разликите со Бугарија.

Токму европската перспектива на земјава била една од темите на средбата меѓу премиерот Мицкоски и неговиот словенечки колега Јанез Јанша синоќа во Њујорк. Како што објави Мицкоски на социјалните мрежи, двајцата премиери разговарале и за продлабочување на политичката и економската соработка, како и за актуелните геополитички и безбедносни предизвици во Европа и светот.

- Нашиот став е јасен – европската интеграција мора да се темели на заслуги, исполнети критериуми и реални резултати, а не на нови билатерални условувања кои немаат суштинска врска со европските вредности. Не бараме привилегии и не бараме пократок пат. Бараме фер и предвидлив процес во кој постигнатото ќе се вреднува, а Македонија ќе биде почитувана како држава и партнер, му рекол Мицкоски на Јанша.

Македонија синоќа во Њујорк беше претставена и од сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, на приемот што го организираше првата дама на САД, Меланија Трамп, за сопругите на светските лидери кои учествуваат на 81. Генерално собрание на ОН. Приемот бил организиран во рамките на иницијативата на Меланија Трамп „Заедничко градење на иднината“.

– Заедно, ние претставуваме прекрасен спој на култури, јазици, истории и традиции. Сите сме обединети околу една вечна вистина: иднината на нашиот свет ќе биде одредена од она што денес го правиме за нашите деца, порачала првата дама на САД на приемот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа

Документација поврзана со основање на заедничко друштво со странски партнер, владини одлуки, како и финансиски трансакции поврзани со набавката на видеолотариски терминали, се дел од материјалните докази 

Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа

Документација поврзана со основање на заедничко друштво со странски партнер, владини одлуки, како и финансиски трансакции поврзани со набавката на видеолотариски терминали, се дел од материјалните докази кои денеска обвинителството ги изведе пред судот на рочиштето за проневери во државна лотарија од 9,7 милиони евра. Според обвинителите изведените докази се однесуваат на надлежностите кои поединечно ги имал секој од обвинетите во предметот.. во наредниот дел од постапката како што пјаснија како сведок на обвинителството ќе се појави и актуелниот директор на државна лотарија Климовски

- Денеска беа изведувани докази во насока на нивната надлежност, односно докази со кои обвинителството ќе се обиде да докаже дека тие ги преќекориле тие овласутавања. Понатаму беа изведувани докази по однос на нивното својство на сторување на делото, на кратко кажано и докази коишто се однесуваат на тоа на кој начин се носени одлуките од страна на органите на управување на друштвото. изјави тонско обвинител Даниел Коцев .

– Во нашата листа на докази е директорот на државна лотарија, кој е предложен како сведок на обвинителството односно како сведок претставник, кој што ќе треба да се произнесе во однос на имотно правното побарување, кривичниот прогон и така натака,- изјави Александар Давчевски.

За одбраната пак, изведувањето на доказите на обвинителството покажало дека дека обвинението е конфузно, но и дека обвинетите не сториле кривично дело.

-Првично по изведените докази се засилува нашата теза дека обвинението е слабо, нејасно и контрадикторно. Од самите докази што ги видовме денеска произлегува дека обвинетите не само што не ги ставиле делата кои им се ставаат на товар туку напротив тие постапувале по инструкции на владата, со претходна согласност од владата и само го штителе државниот интерес,- изјави Јордан Апостолски, адвокат на обвинетиот Бојан Јанев .

Следното рочиште со изведување на материјалните докази на одбрана ќе се одржи на 30 септември. Првообвинет во предметот за проневери во државна лотарија се ексдирекророт Перпарим Бајрами, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, како и уште шестмина други

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мбапе во 2016 бил многу блиску до Ливерпул, но сепак не ја послушал својата мајка!!

Фудбалерот на Реал Мадрид и француски репрезентативец Килијан Мбапе откри дека бил многу блиску до премин во Ливерпул во 2016 година, но сепак одлучил да се послуша себеси, а не советите на својата мајка, која била воодушевена од клубот од „Енфилд“.

Мбапе во 2016 бил многу блиску до Ливерпул, но сепак не ја послушал својата мајка!!

Во тоа време, Мбапе имал 18 години и настапувал за Монако, а Ливерпул се обидувал да го убеди да ја продолжи кариерата на „Енфилд“.

„Бев блиску до Ливерпул. Омилената дестинација на мајка ми беше Ливерпул. Таа сакаше да одам таму“, изјави Мбапе за „Атлетик“, а пренесе Би-би-си.

Сепак, Французинот одлучи да остане во татковината и да ја прифати понудата од Пари Сен Жермен.

„Не ја послушав бидејќи сакав да играм во мојот град, Париз. Не сакав да ја напуштам земјата пред да станам некој и нешто“, објасни Мбапе. Според него, мајка му била голем обожавател на тогашниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, и сакала да го види својот син во дресот на англискиот клуб. „Постојано ми велеше: 'Ливерпул – ќе бидеш таму, ќе играш на „Енфилд“, тоа ќе биде одлично за тебе'“, додаде Мбапе.

Мбапе исто така откри дека неговата мајка лично отишла во Ливерпул за да ги види клубот и стадионот за време на првата фаза од преговорите. „Таа отиде во градот, на стадионот, се запозна со луѓето. Рече: 'Тоа е прекрасен клуб, сите се многу пријателски настроени, тоа е семеен клуб, голем клуб'. Отиде на 'Енфилд' и се вљуби во него“, изјави Мбапе.

Неговата мајка дури и сама гледала неколку натпревари за да ја почувствува атмосферата и да замисли како нејзиниот син игра на тој познат стадион. Клоп претходно откри дека Ливерпул направил сè за да се реализира трансферот.

Меѓу другото, клубот обезбедил приватен авион за семејството Мбапе да патува од Блекпул до Ница. „Навистина направивме сè. Потоа летавме, разговаравме со семејството и јадевме добра храна“, рече Клоп.

Германскиот експерт додаде дека се обиделе да избегнат јавно внимание, но дека преговорите на крајот не вродиле со плод. Потоа, Мбапе премина во Париз Сен Жермен како позајмен играч од Монако, со опција за траен трансфер вреден 180 милиони евра.

Тој помина седум години во Париз и стана најдобар стрелец во историјата на клубот, пред да замине во Реал Мадрид во 2024 година. „На крајот, одлучив да одам во ПСЖ бидејќи за мене – како некој што е роден и израснат во Париз – немаше подобро чувство од тоа да покажам дека можам да бидам ѕвезда во мојот град“, заклучи Мбапе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер