Подољак: Русија е апсолутно незаинтересирана за евакуација на цивилите од Мариупол

Русија ги отфрла сите предлози за евакуација на Мариупол, изјави висок украински функционер.

Михаило Подољак рече дека Русија ги одбива напорите да помогне во евакуацијата на луѓето од опколениот пристанишен град „бидејќи на непријателот е да го уништи градот и неговите бранители -- Азовскиот полк“.

Азовскиот полк, понекогаш познат како баталјон Азов, е единица која започнала како ултранационалистички волонтерски баталјон, но оттогаш се интегрирале во украинските вооружени сили.

„Претседателот и шефот на кабинетот континуирано апелираат до светските лидери да ни помогнат да ја убедиме руската страна за потребата од хуманитарен коридор од Мариупол“, рече Подољак во изјавата објавена на веб-страницата на владејачката партија Слуга на народот.

„Некои политички лидери му се обраќаат на Путин преку нивните лични канали, барајќи од него да го стори тоа од хуманитарни причини. Меѓутоа, за жал, нема одговор од руската страна“, додаде Подољак.

Тој рече дека Русите покажале „апсолутна неподготвеност да разговараат“ или да направат отстапки.

Украинските власти соопштија дека околу 100.000 цивили бараат евакуација од Мариупол, кој е уништен од неколкунеделното руско гранатирање.

Вчера руските трупи опколија област во градот, потенцијално пред уште еден обид да упаднат во фабриката за челик Азовстал, голем индустриски комплекс каде што ги зголемија нападите како дел од нивните напори целосно да го заземат Мариупол.

Се претпоставува дека сѐ уште има стотици војници и цивили во фабриката, која и понатаму е под контрола на украинските сили.

Челичарницата стана симбол на непоколебливиот отпор на Украина пред непријателот кој многубројно ги надминува, објави Си-Ен-Ен.

Зеленски: Од примирјето за време на ЛОИ корист ќе има само Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека ја отфрлил идејата на шефот на француската држава Емануиел Макрон за „примирје“ со Русија за време на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз.

Според Зеленски примирјето „ќе му користи на непријателот“.

- Да замислиме за момент дека има прекин на огнот. Прво, ние не му веруваме на (рускиот претседател Владимир) Путин. Второ, тој нема да ги повлече своите војници. Трето, кој гарантира дека Русија нема да ја искористи можноста да донесе трупи на нашата територија, посочи Зеленски.

Макрон се залага за примирје ширум светот за време на Летните олимписки игри, што ќе се одржат од 26 јули до 11 август во Париз.

Зеленски во интервјуто за АФП наведе и дека не верува оти Русија има сила повторно да го нападне Киев.

- Тие немаат сила за голема офанзива против главниот град, како што имаа на почетокот на инвазијата, посочи Зеленски додавајќи оти главни цели на Кремљ се Харков и Донбас.

Тој ги обвини западните земји што му забраниле да ја нападне Русија со нивното оружје. Според него, Западот се плаши и од руски и од украински пораз и оваа ситуација ја нарече апсурдна.

- Ние сме во апсурдна ситуација кога Западот се плаши дека Русија ќе ја изгуби војната. А во исто време тие не сакаат Украина да ја изгуби. Затоа што конечната победа на Украина ќе доведе до пораз на Русија и конечна победата на Русија ќе доведе до пораз на Украина, истакна Зеленски.

Украинскиот претседател во интервјуто се осврна и на тоа со колкава воена опрема располага Украина. Тој истакна дека Украина бара од 120 до 130 авиони ловци Ф-16 за да може да го одбрани небото од 300 руски авиони.

- Ни треба толкав број на Ф-16 за да имаме рамнотежа на силите. Украина има само една четвртина од системите за противвоздушна одбрана што и се потребни и има потреба од 120 до 130 ловци Ф-16 за да се стави крај на доминацијата на Русија во воздухот, потенцира Зеленски. /МИА

Поплави и свлечишта во германската провинција Сар

Обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во западната германска покраина Сар. Поради надојдената вода евакуирани се жителите од неколку згради.

Според Германската метеоролошка служба во Сар вчера наврнале повеќе од 100 литри дожд на квадратен метар за помалку од 24 часа.

Според досегашните информации, во силното невреме нема жртви, а при евакуацијата едно лице е повредено.

Голем број патишта во Сар сè уште се затворени, а ограничен е и железничкиот сообраќај.

Германскиот сојузен канцелар Олаф Шолц најави дека ќе ја посети поплавената област.

Поради обилните дождови зголемена е готовност и на надлежните служби и во Саксонија, Тирингија и Баварија./МИА

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024. 

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани во текот на вчерашниот ден.

притисни ентер