Поднесено обвинение за злоупотребите на АKМИС-от за поранешниот претседател на Кривичен суд

Поранешниот прв човек на кривичен Владимир Панчевски заработи обвинение за злоупотреби на АКМИС системот кој ја регулира распределбата на судските предмети.

Панчевски се терети за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според ОЈО, тој во период од 3 години, односно од 2013 до 2016 година влијаел врз начинот на електронска распределба на предметите кои доаѓале во судот на одлучување.

-Обвинетиот со ставање на писмен „параф" од негова страна и со усно задолжување на вработени во судската писарница кои имале пристап во АКМИС системот, давал наредба да распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, како и насока на кој судија да се распредели предметот.- ОЈО.

Од обвинителството додаваат и дека во периодот од 2013 до 2016 година констатирале дека со писмен “параф”, Панчевски наредил распределба кај конкретни судии на четири предмети доставени од ОЈО, на два предмети кои во судот биле доставени на натамошна надлежност од Основните судови Неготино и Куманово, на 41 предмет доставен од обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, и на две обвиненија поднесени од СЈО. За поднесеното обвинение, Панчевски за Канал 5 вели дека нема коментар. Случајот со АКМИС системот се одолговлекуваше повеќе од година и половина, откако Министерството за правда го достави извештајот до ОЈО кое требаше да утврди дали постоеле злоупотреби во системот за електронска распределба на предмети, и речиси две години откако тој беше презентиран.

Ковачевски: Ја изборната победа на нашиот политички противник ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски упати честитки и за победата на Гордана Силјановска Давкова во трката за избор на претседател.

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен голем удар, вели Ковачевски и додава дека и тој и сите партиски функционери имаат одговорност.

Мичиген за прв пат во историјата воведе вонредна состојба- 50 луѓе се затрупани во урнатини

Серија моќни торнада го погодија средниот запад на Соединетите Американски Држави, што го натера Мичиген да ја прогласи својата прва вонредна состојба поради невреме.

Како што објави „Дејлимејл“, невремето доведе до уривање на дистрибутивниот објект „ФедЕКС“, по што повеќе од 50 луѓе беа затрупани во урнатините.

Гувернерката на Мичиген, Гретчен Вајтмер потврди дека прогласила вонредна состојба во четири области.

„Моето срце е со сите погодени од невремето во југозападен Мичиген. Екипите за итни случаи се на терен и им помагаат на граѓаните. Ги советувам сите да ги следат предупредувањата на метеоролозите и советите на вработените во итните служби“, рече таа во обраќањето на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер.

Таа потврди и дека е активиран државниот центар за вонредни ситуации.

„Ќе ја следиме ситуацијата и ќе ги координираме спасувачките операции во текот на ноќта“, додаде таа.

Како што објави „Еј-би-си њуз“, ова е првпат да се воведе вонредна состојба поради торнадо во Мичиген, повикувајќи се на податоци од 1999 година. Еден од најтешко погодените е градот Портаџ, на југот на државата, каде живеат околу 50.000 жители. Невремето оштети електрични кабли, собори голем број дрвја и оштети многу куќи и згради.

„Штетата е голема, нејзиниот размер сè уште се проценува“, изјави градоначалничката Патриша Рандал за Вашингтон пост.

Најмалку 50 луѓе се затрупани во урнатините на дистрибутивниот центар „ФедЕкс“, кој се урна под налетите на ветрот. Покривот делумно се урнал, а спасувачките екипи успеале да ги лоцираат и извлечат сите работници.

Серија торнада го погодија Мичиген само еден ден откако 15 од нив пустошеа низ Оклахома.

Повеќе од 35 милиони луѓе живеат во зоната на ризик од бура и торнадо која се протега од Чикаго до Нешвил, Тенеси. Метеоролозите ги предупредија граѓаните дека е можно невреме во делови од Илиноис, Индијана, Мичиген, Охајо и Кентаки.

Силјановска Давкова: Најголеми честитки за граѓаните, ова е голема одговорност

Прес-конференција на Гордана Силјановска Давкова

Таа изјави дека ќе се однесува како претседателка на сите.

притисни ентер