МакедонијаПоднесено обвинение за несреќа со загинат работник на сепарација на ВардарНа 21.07.2021 година оштетениот со камионот во сопственост на правното лице вршел превоз на песок од реката Вардар до сепарацијата кај местото викано „Пумпите“, а како совозач во камионот бил и другиот оштетен.Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против еден осомничен од Неготино за тешки дела против општата сигурност од член 292 став 2 во врска со член 288 став 2, а за предизвикување општа опасност од член 288 став 5 во врска со став 2 одговорност се бара и од правното лице каде сопственик и управител е обвинетиот. Обвинителството, како што информира, водело истражна постапка за настан од 21.07.2021 година кога обвинетиот управител и правното лице, при извршување работи на сепарација на реката Вардар, воопшто не постапувале според прописите и мерките за заштита, го прекршиле Законот за работни односи и Законот за безбедност и здравје при работа, а како последица еден работник го загубил животот, додека друг се здобил со телесни повреди. -Без да склучи договор за вработување, без воопшто да провери дали оштетениот ги исполнувал условите за работа, како и без да му овозможи услови за безбедно извршување на работните задачи, управителот го ангажирал сега починатиот Петар Мицев и му овозможил да управува тешко моторно возило – камион на сепарацијата, без да провери дали тој има соодветна возачка дозвола за наведениот тип возило, се вели во соопштението од Обвинителство. На 21.07.2021 година оштетениот со камионот во сопственост на правното лице вршел превоз на песок од реката Вардар до сепарацијата кај местото викано „Пумпите“, а како совозач во камионот бил и другиот оштетен. -Поминувајќи низ импровизирана патека, односно тесен насип од чакал на кој од двете страни било течението на Вардар, во еден момент камионот се превртел и паднал во реката. Совозачот успеал да излезе од прозорецот на возилото и да исплива на брегот, здобивајќи се со телесни повреди, додека возачот останал заробен под возилото и починал, информираат од Обвинителство. Во текот на истрагата, јавниот обвинител обезбедил докази и против еден вработен во АД „Водостопанство на РСМ“ Подружница Тиквеш-Кавадарци, кој во својство на службено лице – оператор на главни испусти/затворачи и одговорен претставник на претпријатието бил присутен на сепарацијата и со свој службен потпис заверил повеќе испратници со невистинита содржина. Со тоа овој обвинет се товари дека сторил продолжено кривично дело – Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од Кривичниот законик.Тагови: загинат работник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на КонгресотДемократската партија оствари убедлива победа на изборите за Конгресот на САД, кои се одржаа во средината на претседателскиот мандат на Доналд Трамп. Според проекциите, демократите ќе преземат цврста контрола врз Претставничкиот дом, одземајќи им ја на републиканците, додека во Сенатот извојуваа победи во голем број сојузни држави што претходно се сметаа за републикански упоришта. Демократите на изборите за Сенатот освоија дури 224 места наспроти 134 на републиканците. На изборите во САД демократите освоија мнозинство и во Сенатот и во Претставничкиот дом.Со тоа ја презедоа контролата врз Конгресот до крајот на мандатот на Доналд Трамп. Резултатот претставува голем изборен пораз за републиканската партија. Демократите остварија изненадувачки победи во традиционалните републикански упоришта.меѓу нив се Тексас, Охајо и Канзас, каде последен пат победиле пред речиси 100 години. Трамп за „Фокс њуз“ изјави дека демократите „одработиле добра работа“.Тој признал дека е малку изненаден од изборниот резултат.Со мнозинство во двата дома, демократите ќе можат да ги блокираат плановите на претседателот. Тие ќе имаат и поголеми можности за контрола и надзор врз неговата администрација.Дополнително, би можеле да покренат и постапка за импичмент.Тоа би бил трет обид за отповикување на доналд Трамп.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МетеоПроменливо облачно со повремени сончеви периодиСпоред УХМР времето денес ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени. Во Скопје, претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од утре времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. Во четврток, петок и сабота ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали. Во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
ХороскопДневен хороскоп за 4. ноември 2026 година Дневен хороскоп за среда, 4. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата фаза на ,,ловечки приказни” би можела да потрае и денеска. Внимавајте некого да не изнервирате. Оние во врска се добро. Кариера Веројатно ќе извршите една помала анализа на една тема , а истата ќе ви донесе задоволство. Здравје и совет Не претерувајте со колачи. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов На некои можеби ќе им биде доста од се. Некои веќе изгубиле надеж и веќе ништо не очекуваат , додека другите ќе уживаат во осаменоста. Кариера Вашите цели се високи, па затоа ви се потребни одредени квалитети и квалификации. Проверете дали имате се што ви е потребно. Здравје и совет Бидете умерени. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денеска би можеле да излезете со пријатели и со нивна помош да ги надминете љубовните грижи. Кариера Ќе делувате на два начина – оној вообичаениот и оној што вклучува големи планови за иднина. Здравје и совет Се потрудивте да живеете уредно , што е добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Освен мали дневни уживања во двојка , денеска ќе размислувате и за некои подлабоки филозофски прашања. Кариера Веќе ништо не ви стои на патот . Ова се вашите пет минути на работното место и искористете ги најдобро што можете. Здравје и совет Почнете да спортувате. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денот ќе ви донесе многу смисол за друштвеност , па ако имате можност , излезете меѓу луѓе. Кариера Сите работи што вклучуваат соработка , контакти и размена на идеи , денеска ќе ви одат од рака подобро од вообичаеното. Здравје и совет Ќе се чувствувате посилно . Овен 21.3-20.4. Љубов Ако сте во врска , ќе излезете меѓу луѓе и убаво ќе си поминете. Ако сте сами исто така ќе излезете меѓу луѓе. Кариера Дури сега сфаќате колку е важно да имате добра соработка со другите. Тие ви даваа помош во работењето , а сега почнувате и вие да им враќате. Здравје и совет Подобро е да верувате , отколку да сде сомневате. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска најдобро ќе поминете доколку бидете што е можно подискретни и помалку да зборувате. Мерете го секој збор. Кариера Вашите шефови ќе бараат од вас одредени постапки , кои ви изгледаат неумесни. Сепак , не се расправајте , туку прифатете ги. Здравје и совет Ќе бидете малку фрустрирани , но ќе ви помине. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Следува мала преодна криза во комуникациите со саканата личност , а со тоа и мали фрустрации. Сепак , сето тоа јуначки ќе го издржите. Кариера Може да се случи мала расправија со надредените околу нормите за работа и поставените критериуми. Бидете што е можно посериозни. Здравје и совет Нервоза. Рак 22.6-22.7. Љубов Повикот за дружење ќе биде од неврзан карактер. Доколку го прифатите и излезете , убаво ќе си поминете. Кариера Размислувате за тоа како во работата да воведете стручни лица. Анализирајте ги можните кандидати. Здравје и совет Имате смисла за хумор. Лав 23.7-22.8. Љубов Мелите фрустрации ќе бидат поврзани со потребата за интимност и за друштво, односно јавност и тоа во исто време. Кариера Она што другите ќе ви предложат , анализирајте го полека и во тишина , за да бидете целосно објективни. Здравје и совет Почнете со здрава исхрана. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе најдете поткрепа во вашата смисла за сочувство со другите. Ќе бидете отворени и внимателни кон другата страна. Кариера Не сте сигурни дали отворено да го кажете своето мислење. Ви недостигаат уште некои информации за да ја имате целосната слика. Здравје и совет Причекајте. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е убав ден за дружба , излегување и нови познанства. Особено добро ќе се забавуваат оние помладите. Кариера Не се двоумете доколку треба да воведете некои нови методи во работниот процес . Истовремено ќе ви биде важно тоа да го направите на фин начин. Здравје и совет Подобрување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00