Подготвен е на компромис: Карлсон откри што му рекол Путин во нефомрален разговор по интервјуто

Новинарот Такер Карлсон тврди дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен на компромис за Украина.

Минатата недела Карлсон беше во центарот на вниманието на светските медиуми откако го интервјуираше Путин.

Зборувајќи за своето интервју, Карлстон на Светскиот владин самит во Дубаи рече дека верува оти Путин е подготвен на компромис.

„Имавме неформален разговор по интервјуто. Да се ​​биде лидер на која било земја на оваа планета, освен можеби САД, ги принудува да најдат компромис. Тоа е она што ние го нарекуваме дипломатија. И тој (Путин) е меѓу нив“, рече Карлстон. .

Да потсетиме, Путин во интервју за Карлсон рече дека Русија никогаш не одбила дијалог за Украина, но дека по прекинот на преговорите во Истанбул во март 2022 година, нема да го направи првиот чекор.

Ќе се случи ли сензација во Бахреин- Ферари е побрз од Ред Бул

Карлос Саинц го постави најбрзото време досега на предсезонските тестирања за Ферари и беше првиот што помина под 1:30 на воланот на SF-24.

Саинц ја презеде одговорноста за болидот на Ферари во попладневните часови и набрзо почна да прави кругови во SF-24 на C3 гуми, а два часа по попладневната сесија, Шпанецот постигнува 1:31.297 со помош на гумите C3.

Но, Саинз не застана тука бидејќи постави уште два брзи круга - прво 1:30.424 околу 14:20 часот, а потоа стана првиот возач кој помина под 1:30 со 1:29.921 десет минути подоцна.

Времето на Саинц е само две десетинки побавно од минатогодишното време на пол-позицијата поставено од Верстапен (1:29.708) и четири десетинки побрзо од најбрзото време на минатогодишното предсезонско тестирање (Перез, 1:30.305).

Перез денеска го возеше Ред Бул РБ20 што Верстапен го возеше вчера цел ден и го постави второто најбрзо време, 0,758 секунди побавно од Саинц.

Хамилтон го презеде Mercedes F1 W15 од Расел кој возеше целиот прв ден и заврши трет, но големи 1,2 секунди зад најбрзиот Саинц.

Јонуз: Изборот на претседател на државата во собрание му одговара на тој што има моќ да уценува

„Единствена партија што има став е ВМРО-ДПМНЕ и ќе тепа на избори сто нула.“

Во моментот кога го потшишавме Преспанскиот договор веднаш требаше да се пристапува кон обезбедување обрасци. Тоа е еден од многуте скандали со кои ќе се соочува јавноста. Ситуацијата на терен е едно, ветувањата и изборната реторика се друго. Албанцитее се друга приказна, на Албанците во Македонија не им се потребни повеќе од две политички партии, се друго е кој да седне во фотелја. Која идеологија се продава? Се останато е поделба на власта, власта подразбира моќ, моќта подразбира контрола, а контролата подразбира пари. А што прават Македонците, не мега, гига популизам. Единствена партија што има став е ВМРО-ДПМНЕ и ќе тепа на избори сто нула. Кому му одговара во парламент да се избира претседателот на државата во Собрание -на тој што ќе има моќ да уценува, рече Агим Јонуз во Само Вистина.

Латас: Што има просечниот Албанец што има Албанец министер за надворешни или премиер?

„Нема никаде во свет малцинство да уценува дали ќе даде согласост или не за претседател на држава.“

Кај ДУИ 25 години нема ниту една програма, нема план за автопат, градинка во Арачиново, болница. Над дваесет години „пливаат“ на 2001 година на УЧК, кои наводно ја победиле македонската војска и полиција, тоа кај Германец може би поминало како приказна но ние знаевме кој таму стоел позади УЧК кој бегал од Арачиново со автобуси кога Македонците влегле и која ја добил војната. Ахмети не ја добил војната. Тој дошол од Швајцарија, каде има досие дека е соработник на УДБА, кое е објавувано и на АЛбански медиуми и поратли и доаѓа сега како пејач по канцеларии кој нема што да понуди. Не може да понуди војна бидејќи никој нема да го поддржи. Не може да понуди знамиња и споменици бидејќи тоа се потроши, ама просечниот Албанец е сиромашен исто како и Македонецот, па сега ајде што ќе правиме, ајде етничка програма за Албанец претседтаел. Но тој бара по систем на „бадентер“. Да, вие бидете претседател но како малцинство по правила на бадентер имам право да го блокирам изборот. Нема никаде во свет малцинство да уценува дали ќе даде согласост или не за претседател на држава. Се бара нова етничка тема еве да биде Албанец, а што има просечниот Албанец што има Албанец министер за надворешни или премиер? Ништо. Има интерес кај тендерашите и дилерите. Ним им треба некој да застане зад нив, за да не ги гони, а тие да носат гласови, рече Драган Павловиќ Латас во Само Вистина.

притисни ентер