СветПоделени реакции во светот за самитот Трамп-ПутинСветските лидери реагираа на самитот меѓу американскиот претседателот, Доналд Трамп, и неговиот руски колега, Владимир Путин, а како што објавија медиумите, реакциите се поделени.Светските лидери реагираа на самитот меѓу американскиот претседателот, Доналд Трамп, и неговиот руски колега, Владимир Путин, а како што објавија медиумите, реакциите се поделени - некои го критикуваат недостигот на конкретни резултати, додека други ја нагласија важноста на самиот дијалог. Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, го пофали одржувањето на самитот и ја нагласи важноста на дијалогот. „Светот е побезбедно место сè додека САД и Русија разговараат. Војната во Украина нема да се реши на фронтот, туку на преговарачката маса“, рече Сијарто, додавајќи дека Унгарија со години повикува на преговори, за разлика од, како што рече, „провоените политичари од Брисел“. Шефот на норвешката дипломатија, Еспен Барт Ајде, пак, рече дека Путин на самитот „ги повторил неговите добро познати пропагандни наративи“ и оцени дека е потребно да се зголеми притисокот врз Москва. „Мораме јасно да ѝ ставиме до знаење на Русија дека ќе ги сносат последиците. Путин се обидува да ги подели Европа и САД и ние мора да го спречиме тоа“, рече Ејде, додавајќи дека не очекува веднаш промени на фронтот во Украина. Чешката министерка за одбрана, Јана Чернохова, оцени дека состанокот „не донел никаков суштински напредок“, туку ги откри, како што изјави, „вистинските мотиви и пропагандните цели на рускиот лидер“. „Путин не бара мир, туку ги користи ваквите состаноци за да го ослаби западното единство и да ја оправда агресијата. Затоа е клучно Западот да остане обединет и упорен во својата поддршка за Украина“, напиша Чернохова на Платформа X. Самитот во Алјаска траеше речиси три часа, но не доведе до мировен договор или прекин на огнот. Украинската страна не беше вклучена во разговорите, а меѓународните набљудувачи истакнуваат дека останува неизвесно дали состанокот ќе иницира конкретни мировни иницијативи, јавија британските медиуми.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГолем пожар на плац на автобуската компанија во близина на селото Тркање, кочанскоГолем пожар избувна утрово на плац со гаражи и автобуси во близина на селото Тркање, предизвикувајќи сериозна материјална штета. Огнената стихија избувнала околу 9 часот во објектот на компанијата, кој се наоѓа во месноста Цацков Бунар, во непосредна близина на бензинска пумпа . Со брза интервенција на протипожарните единици од Кочани и Виница пожарот е изгаснат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗаради климатските промени расте интересот за одгледување маслинки во МакедонијаКлиматските промени кои ни се веќе реалност која ја живееме а кои со себе носат потопли и посушни лета и се поблаги зими покрај проблемите за земјоделците носат и придобивки. Една од тие придовки со затоплувањето е ширењето на насадите под маслинки во Македонија, кои досега беа карактеристични само за медитеранските продрачја а сега веќе границата драстично се поместува. Засега овие насади во помал број се подигаат во јужните региони во земјава, Дојран, Гевгелија, Валандово но според науката за тоа каде успешно може да се одгледуваат маслинки не треба да се гледа регионот туку важни се многу фактори поврзани со микро локацијата. Пред 20 тина години во Македонија имаше голем инересот за подигање на маслинови насади но најголемиот дел од нив измрзнаа зимата 2001/2002 поради долгиот период со многу ниски температури. Маслинката иако е исклучително способна за регенарација и нејзината долговечност од 100 години па дури има записи за маслинови дрва стари и до 2000 години сепак може да измрзне ако се работи за млади садници. Затоа препораката на стручните лица е да се засадуваат трогодишни садници и уште најмалку две години да се заштити нивното стебло од можно мрзнење за потоа да немаат проблеми, нешто што го потврдуваат и земјоделците кои веќе 20 години имаат маслинки кои ги одгледуваат во Македонија. Маслинката за која расте интересот за нејзино ширење нуди нови можности за македонското земјоделство. Макеоднија е целосно увозно зависна од трпезни маслинки како и од увоз на маслиново масло кое заради начинот на здрава исхарана станува се побарано, заради што немаат маслинките проблем со пласманот. Но освен производство и преработка маслинките нудат и можнсот за развој на агро руралниот туризам за кој доста од странците кои ја посетуваат земјава се заинтересирани. Тагови: маслинки Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВтор круг од предвремените избори за градоначалник во БрвеницаВо општина Брвеница се одвива гласањето за избор на градоначалник во вториот круг од предвремените избори.Според Државната изборна комисија гласањео почнало навреме во седум часот а во првите два часа гласале 3,98 отстои од запишаните избирачи, што е повисока излезност од 1,52 отсто во споредба со првиот круг. До 11 часот излезноста била 13,82 отсто, што за 4,71 процент во однос на првиот круг.. Во Брвеница е Михајло Видимлиски. Михајло како се одвива гласањето, и колкав е одзивот од гласањето според последните информации од ДИК? Kога ќе биде следната прес конференција на ДИК, и кога може да се очекуваат последните информации околу излезноста? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Брвеница ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook