Под силни заштитини мерки продолжи производството во погоните на Volkswagen (ВИДЕО) - Канал 5

Под силни заштитини мерки продолжи производството во погоните на Volkswagen (ВИДЕО)

Бројни производители на автомобили одлучија да започнат со производството до крајот на месецот и со тоа да престанат да ги бележат минусите.

Под силни заштитини мерки продолжи производството во погоните на Volkswagen (ВИДЕО)

Volkswagen објави видео од нивните погони за да го покаже новиот концепт на производство на автомобили со вклучени хигиенски мерки. Тоа е фабрика во Цвикау во Германија, првата фабрика на „Фолксваген“ во Германија која што започна со работа.

Дел од работниците се вратија на работа на 23 април, а производството полека се враќа. Инаку, фабриката е задолжена за производство на моделот ID.3, електрична новина за која компанијата очекува многу кога ќе се појави на пазарот ова лето.

Фолксваген покажа дека се спроведени голем број мерки пред почетокот на производството за да се заштити здравјето на работниците. Во првата фаза ќе се произведуваат 50 автомобили на ден, што е само една третина од целиот капацитет на линијата.

YouTube video

Работниците се вратија и во фабриката за мотори во Чемниц, а потоа на 27 април погоните во Звикау ќе започнат со производство на Голф, но само за караван од седмата генерација. Истиот ден стартува и производството во Дрезден каде што се склопува електричниот Голф.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни четири пожари – се уште гори кај скопски Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка

Се уште се активни четири пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни четири пожари – се уште гори кај скопски Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка

Се уште критични се пожарите во општина Сарај, Гостивар, Македонски Брод и општина Чашка. Во пожарите зафатени се шума, ниска вегетација. Од ЦУК инфорамираат дека под контрола се пожарите во општина Делчево на депонијата, општина Студеничaни и Зелениково..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Православната црква ја одбележува Голема Богородица

Православната црква и верниците денеска ја чествуваат Голема Богородица.

Православната црква ја одбележува Голема Богородица

Успение на пресвета Богородица е еден од најголемите христијански празници. Овој празник ја одбележува смртта на Богородица, а денес завршува и летниот пост од 14 дена. Во манастирот Успение на Пресвета Богородица на скопска Матка верниците на утринска литургија со молитва за здравје и мир.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче на литургија во Лешочкиот манастир

Филипче синоќа беше во Лешок.

Филипче на литургија во Лешочкиот манастир

Претседателот на СДСМ Венко Филипче синоќа беше во Лешок, каде го посети лешочкиот манастир и црквата „Свети Атанасиј“, во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица – „Голема Богородица“ Филипче и претставници на СДСМ, присуствуваа на литургијата, а по богослужбата се сретна и со митрополитот тетовско-гостиварски Јосиф.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер