Украдена е книга, чии корици од злато и скапоцени камења ја направи Салвадор Дали- тежи 210 килограми (ВИДЕО)
1Украдена е книга, чии корици од злато и скапоцени камења ја направи Салвадор Дали- тежи 210 килограми (ВИДЕО)
ЕвропаПод притисок на јавноста, белгиската Влада го одложи зголемувањето на ДДВ-то и ги намали енергетските акцизиПо неколкуте 24-часовни генерални штрајкови и серијата секторски протести поради незадоволство од владините социо-економски реформи, белгиската Влада реши да „олабави“ некои од мерките.По неколкуте 24-часовни генерални штрајкови и серијата секторски протести поради незадоволство од владините социо-економски реформи, белгиската Влада реши да „олабави“ некои од мерките, при што меѓу останатото го одложи зголемувањето на некои стапки на ДДВ и реши да ја намали акцизата на енергетските тарифи за социјално загрозените категории граѓани. Владата предвидуваше од 1 јануари да ја зголеми стапката на ДДВ за храна по нарачка, спорт, рекреација и хотелско сместување од шест на 12 проценти, на што жестоко се противеа засегнатите сектори. Противењето на хотелскиот сектор на зголемувањето на ДДВ-то го поддржа и потпретседателката на фламанската регионална Влада и министерка за домување, енергија, клима, туризам и млади и пратеничка во Федералниот парламент на Белгија, Мелиса Депратере, чија партија Напред (Вураут) е дел и од белгискиот владин Кабинет. Под ваквиот притисок, белгиската Влада реши зголемувањето на оваа стапка на ДДВ да го одложи до 1 март, со можност и за дополнително одлагање. Паралелно со ова до 1 март е одложено и намалувањето на стапката на ДДВ за безалкохолни пијалаци што се служат во кафулињата и рестораните од 21 на 12 проценти. Владините реформи предвидуваат и зголемувањето на акцизата за гас, но и намалувањето на акцизата за електрична енергија, мерки кои се очекува да стапат во сила откако Парламентот ќе го усвои предложениот законот, што веројатно ќе се случи во текот на следната пролет. Пресметките велат дека со овие мерки сметките на граѓаните за гас ќе се зголемат во просек за 75 евра годишно, а за електрична енергија ќе се намалат за 34 евра. За да го ублажи овој удар, Владата реши да ги намали акцизите за оние категории граѓани кои имаат право на социјална тарифа. Станува збор за околу 500.000 домаќинства кои имаат минимален приход или живеат во социјални станови, поради што имаат право на користење поповолна енергетска стапка. Овие домаќинства ќе добијат помала акциза за гас, а кога станува збор за акцизата за струја покрај понискиот износ што ќе важи сите, тие ќе добијат и дополнително намалување. Измени се предвидени и во однос на прописите за ноќна работа, за што дебатата започна уште во јули. Во Белгија во основа постои општа забрана за ноќна работа, но постои долг список на сектори и занимања за кои важи исклучок од ова правило. Како ноќна работа се дефинира секој работен ангажман помеѓу 20:00 и 6:00 часот, за што се исплаќа дополнителен надомест на платата или ноќен бонус. Владата сега предлага укинување на забраната за ноќна работа во сите сектори, со тоа што за некои клучни сектори, како што се дистрибуцијата, е-трговијата или металопреработувачкиот и електроенергетскиот сектор, за ноќен труд ќе се смета само работата помеѓу 23:00 и 06:00 часот. Оваа измена ќе важи само за нововработените, додека за оние кои и сега вршат ноќна работа ќе важат старите правила за времетраењето на ноќниот труд и бенефициите што произлегуваат од тоа. Дополнително Владата размислува и за измена на одлуката со која бруто платите повисоки од 4.000 евра месечно и месечните бруто пензии или надоместоци од над 2.000 евра не би биле опфатени со индексацијата. Станува збор за постапка со која платите и пензиите секоја година се зголемуваат за индексот на раст на трошоците за живот и инфлацијата. Сепак, и покрај незадоволството од владините мерки, анкетите на јавното мислење покажуваат дека најголемата партија во владината коалиција, десничарската Нова фламанска алијанса (Н-ВА) на премиерот Барт де Вевер и натаму е најпопуларна во земјата. Така, според заедничката анкета на весникот „Хет Лацте Њуз“ и телевизијата „ВТМ Њуз“, Н-ВА ужива поддршка на 25,6 отсто од фламанските испитаници, колку што освои и на изборите во јуни минатата година. На второ место меѓу фламанските партии е опозициската екстремно десничарска Фламански интерес (ВБ) со 23,9 проценти или за над два процентни поени повеќе во однос на ланските избори, пред владејачката десноцентристичка Христијански демократи и Фламанци (ЦДВ) со 13,9 отсто или еден процентен поен повеќе споредено со изборните резултати. Владејачката социјалдемократската партија Напред (Вураут) ужива поддршка на 11,4 проценти од фламанските гласачи, што претставува намалување за 1,6 процентни поени во однос на ланските избори, додека за опозициската екстремно левичарската Работничка партија на Белгија (ПВДА) би гласале 10,2 отсто или два процентни поени повеќе отколку лани. Двете опозициски партии, Отворени Фламански либерални демократи (Опен ВЛД) и Зелените, имаат поддршка на по околу седум проценти, што претставува пад во однос на изборите и тоа од 1,6 процентни поени за либералите и половина процентен поен за зелените. Кога станува збор за валонските гласачи, во водство е опозициската левоцентристичка Социјалистичка партија (ПС) со 29 отсто или седум процентни поени повеќе отколку на изборите во јуни 2024. Ланскиот изборен победник, владејачкото либерално Реформско движење (МР) ужива поддршка на 21,4 проценти од испитаниците, што претставува пад од 6,8 процентни поени споредено со резултатите на изборите. На трето место е опозициската екстремно левичарска Работничка партија на Белгија (ПТБ) со 19,6 отсто или раст на популарноста од осум процентни поени, пред владејачката центристичка партија Посветените (ЛЕ) со 17,3 проценти поддршка или 2,7 процентни поени помалку од изборниот резултат. На петтото место е зелената партија Еколо со 7,4 отсто или 1,5 процентни поени повеќе отколку на ланските избори. Ваквите анкетни резултати покажуваат дека фламанските владејачки партии ја задржале поддршката на стабилно ниво, но валонскиот дел од владината коалиција бележи значителен пад на популарноста, што би можело да му предизвика дополнителни проблеми на премиерот Де Вевер во идната работа на Владата, доколку тие почнат да испорачуваат позначителни барања насочени кон подобрување на нивниот рејтинг./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотДрон „избира“ минувачи и им фрла пари, никој не знае кој го управува (ВИДЕО)Мистериозен жител на американската држава Делавер одлучил да им го олесни животот на своите сограѓани на необичен начин.Познато е дека работи во ИТ секторот преку ден, додека во слободно време лета дрон кој им испушта пари на случајно избрани минувачи! На интернет е познат под прекарот 302 Cashcopter. Најчесто испушта 20 долари (но и поголеми суми), додека банкнотите се внимателно завиткани и прикачени на дронот. „Пакетот“ содржи порака: „Добивте подарок. Парите се внатре - ваши се“. View this post on Instagram A post shared by 302 CashCopter (@302cashcopter) Непознатиот донатор не сака вниманието да биде насочено кон него, па затоа не го открива својот идентитет и се надева дека неговите постапки ќе ги инспирираат другите да „шират добрина“, објавува Дејли Меил. Тој ја започна кампањата пред неколку недели, откако неговиот роден град Вилмингтон се најде во центарот на негативни вести и лоши коментари на интернет. View this post on Instagram A post shared by 302 CashCopter (@302cashcopter) Тој сакаше да најде начин да ги насмее луѓето и, како што вели, да ја врати вербата во својот град. „Возбудливо е да се знае дека се надевам дека ќе му го разубавам денот на некого“, изјави тој за локалните медиуми. На почетокот, тој главно користел свои пари, но оттогаш основал фонд за „спонзорирани подароци“ што граѓаните можат да ги донираат. Според него, фондот моментално има околу 275 долари. Мистериозниот донатор верува дека досега дистрибуирал околу 800 долари преку околу триесет „достави“ и додава дека не остварува никаква добивка. View this post on Instagram A post shared by 302 CashCopter (@302cashcopter) И не одлучува однапред за кого ќе одат парите. Еден ден го избира првиот човек што ќе го види на улица, друг ден може да биде некој што едноставно ќе му мавне. Се обидува, вели, изборот да биде случаен, за да имаат сите шанса да бидат изненадени, без оглед каде се наоѓаат.Тагови: дрон минувачи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34
СудбинаГром уби 22- годишна кралица на родеото: Беше полна со соништа (ВИДЕО)Ана Беатрис Араухо (22), која почина во саботата откако беше удрена од гром во градот Алмас, во југоисточната бразилска држава Токантинс, беше опишана како „радосна, полна со соништа и многу посветена“. Младата жена, која некогаш беше избрана за кралица на родеото на градот, неодамна се запиша на колеџ и зад себе остави син. Кумата на Ана, Марсела Батиста, рече дека ја следела младата жена во текот на целиот свој живот и нагласи колку била посветено нејзиното кумче. Ана Беатрис била пред својот дом во градот Алмас во саботата кога почнал да врне и била удрена од гром. Таа била лекувана и однесена во болница во Порто Насионал, но им подлегнала на повредите, објавува „Глобо“. Според Марсела, Ана Беатрис имала големи надежи за иднината. Неодамна се запишала на првиот семестар физиотерапија и ги балансирала универзитетските обврски со грижата за своето семејство. Кумата рекла дека Ана имала силна личност и знаела како да ги насмее луѓето. „Таа беше млада жена полна со соништа и планови. Нејзините одлики беа веселоста и шегите. Засекогаш ќе биде запаметена по својата автентичност, интелигенција и волја“, рече кумата. Foi sepultado, na manhã desta segunda-feira (5), o corpo de Ana Beatriz Araújo, de 22 anos, que morreu após ser atingida por um raio em Almas, no Tocantins. Segundo testemunhas, a jovem estava no quintal de casa quando começou uma chuva leve, acompanhada de raios. Após ser atingida pela descarga elétrica, Ana foi levada a um hospital, mas não resistiu. Estudante de fisioterapia, ela havia sido coroada Rainha de Rodeio do município neste ano e deixa um filho. ➡️ Veja essa e outras notícias do #HojeEmDia em https://t.co/obAYNpXpFV — Hoje em Dia (@hojeemdia) October 5, 2026 Покрај тоа што беше посветена на студиите, младата жена беше и мајка и многу се грижеше за своето семејство. „Таа беше примерна и грижлива мајка. Беше многу приврзана кон своето семејство. Секогаш доаѓаше да ги поминува викендите со својата мајка, се грижеше за своите сестри, им ја средуваше косата и подготвуваше вкусна храна“, се присети Марсела. 🖤LUTO🖤 | Rainha do Rodeio de Almas, Ana Beatriz Araújo, de 22 anos, morre após ser atingida por raio no Tocantins. https://t.co/XEXNjKGUcx — FUTRIKEI (@futrikeiof) October 4, 2026 Откако ја потврди нејзината смрт, Синдикатот на земјоделци од Алмас издаде соопштение со сочувство за нејзиното ненавремено заминување и изрази солидарност со нејзините пријатели и семејство. Според Секретаријатот за јавна безбедност, околностите на смртта ги истражува 100-тата полициска станица во Алмас.Тагови: гром родео Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУкрадена е книга, чии корици од злато и скапоцени камења ја направи Салвадор Дали- тежи 210 килограми (ВИДЕО)Книгата „Откровение“, објавена во 1958 година од издавачот Жозеф Форе, а чија бронзена корица ја изработил шпанскиот надреалист Салвадор Дали, била украдена од Центарот за современа уметност во Изоар, во департманот Пи ду Дом, во централна Франција.Обвинителството во Клермон-Феран го опиша делото како „исклучително и единствено“, наведувајќи дека украдената корица на книгата била украсена со злато, скапоцени камења и школки. Книгата го обиколила светот Само корицата тежи околу 150 килограми, додека целото дело тежи околу 210 килограми. „Откровение“ е замислено во 1958 година од издавачот Жозеф Форе, врз основа на текстот од Книгата на Откровението на Свети Јован, и е илустрирано на огромни пергаменти од 14 големи уметници и писатели од 20 век, меѓу кои Жан Кокто, Бернар Буфе и Жан Жионо. Дали ја изработил бронзената корица украсена со злато, скапоцени камења и школки. Делото било изложено на речиси 150 изложби низ целиот свет помеѓу 1961 и 1972 година, по што било изгубено некое време. Неспоредлива вредност Бело чувано во Швајцарија, а потоа продадено на јапонски купувачи, кои имале намера да го продадат на делови на аукција. Во 2003 година, го купил Кристијан Каруцос, директор на компанија за реставрација на уметнички дела во Исоарес. Каруцос во тоа време рекол дека книгата е проценета на два милиони франци, или околу 304.900 евра, што ја прави најскапата книга во светот. Регионалните власти на регионот Оверњ-Рона-Алпи наведуваат дека „Откровение“ била најтешката и најскапата книга во светот во 1960 година. „Дело на еден живот“ Градоначалникот на Исудар, Бертран Баро, рекол дека делото му припаѓало на приватен сопственик кој чувал и други, помалку вредни дела во својот мал музеј на современа уметност. Тој го опиша украденото дело како „непроценливо“ и додаде дека претставува „дело на целиот свој живот“. Баро рече дека сопственикот, кој бил длабоко погоден од кражбата, го опишал како „француско културно наследство“. Тој не можел да каже дали тој бил крадецот или крадците го ограбиле музејот. Истрагата ја води истражната единица на жандармеријата Клермон-Феран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34