Почнуваат карневалските празнувања во Струмица

Утре ќе бидат објавени резулатите од конкурсот на тема карневал што го организира струмичката библиотека, потоа изложба на фотографии од ланскиот карневал и традиционалниот концерт под маски на учениците од Музичкото училиште „Боро Џони" од Струм

Со предавање на клучот на градот од страна на градоначалникот на карневалистите и кревање на знамињата на државата, ЕУ, FECC и карневалското знаме, официјално почнуваат годинашниве осумдневни карневалски празнувања. Предавањето на клучот ќе се одржи точно на пладне на плоштадот „Гоце Делчев", на платото пред Домот на културата „Антон Панов".

Утре ќе бидат објавени резулатите од конкурсот на тема карневал што го организира струмичката библиотека, потоа изложба на фотографии од ланскиот карневал и традиционалниот концерт под маски на учениците од Музичкото училиште „Боро Џони" од Струмица.

Со традиционалниот маскенбал в петок и изборот на принц и принцеза на струмичкиот карневал традиционално официјално почнува карневалската забава во градот под Царевите Кули. Принцот и принцезата со кралот на струмичкиот карневал ќе ја предводат големата карневалска поворка в сабота на Интернационалната карневалска вечер и ќе го означат почетокот на годинашното издание на еден од најпознатите карневали на Балканот и во Европа.

Во карневалската поворка ќе учествуваат околу 2.000 карневалисти од земјава и странство.

-Ќе имаме 45 карневалски групи од земјава и странство. Имаме учесници од Германија со две групи, Турција, Бугарија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Србија. Од нашата држава имаме пријавено учесници од Струга, Кавадарци, Пробиштип, Куманово и Ратево (Беровско), како и групите од Струмица, рече Александар Цицимов, претседател на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал.

Додаде дека и годинава струмичани и бројните гости од земјава и странство ќе присуствуваат на уште едно блескаво издание на Струмичкиот карневал. /МИА

Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција

Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, северозападна Турција.

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ најверојатно експлодирала плинска боца.

Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци

Скопјанец рано утринава пријавил дека со двајца штипјани биле физички нападнати во угостителски објект во Кавадарци, информираат од СВР - Велес.

- Во 04.40 часот во ОВР Кавадарци, Т.Ц., 22-годишен скопјанец, пријавил дека пред и во угостителски објект во градот, тој и Н.Н., на возраст од 24 години и Ф.А., на 25-годишна возраст, двајцата од Штип, биле физички нападнати од неколку машки лица, појаснуваат од СВР - Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Русија најави вежби на тактичките нуклеарни сили

Русија ќе спроведе вежба на своите тактички нуклеарни сили по наредба на претседателот Владимир Путин, соопшти денеска Министерството за одбрана во Москва.

Во соопштението не се наведува дали проектилите ќе бидат опремени со нуклеарни боеви глави. Русија претходно спроведуваше обука на нуклеарни сили без нуклеарни боеви глави, потсетува ДПА.

- Како дел од вежбата ќе бидат спроведени низа активности за вежбање на подготовка и употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти руското Министерство за одбрана.

Засега е нејасно кога и каде точно ќе почне вежбата во која се вклучени јужниот одбранбен округ и поморските сили.

Руската војска во октомври истрела две интерконтинентални ракети и неколку крстаречки ракети за обука и одвраќање. Вежбата, која ја најави, ја оправда со наводни „провокативни изјави и закани од поединечни западни функционери против Руската Федерација“.

Од почетокот на нејзината војна против Украина пред повеќе од две години, руските претставници постојано се обидуваа да ја тестираат меѓународната поддршка за Киев со поттикнување стравувања од нуклеарна војна.

притисни ентер