Почнуваат градежните активности за повторно отворање на Граничниот премин „Маркова нога“ - Канал 5

Почнуваат градежните активности за повторно отворање на Граничниот премин „Маркова нога“

По повеќе од 50 години денеска почнуваат градежните активности за повторно отворање на Граничниот премин „Маркова нога“ на македонско-грчката граница кој се наоѓа во близина на селото Долно Дупени.

Почнуваат градежните активности за повторно отворање на Граничниот премин „Маркова нога“

Со отворањето на овој граничен премин се очекува да се отвори простор за економска, туристичка соработка и културна размена меѓу двете држави. Повторното отворање на граничниот премин беше најавено со потпишувањето на Преспанскиот договор во 2018 година.Настанот ќе го следи Сандра Спасовска.

Сандра повели со информациите околу денешниот настан.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Видео: Најмалку 21 лице загина во сообраќајка во Мексико

 Најмалку 21 лице загина во сообраќајна несреќа на автопатот што ги поврзува мексиканските држави Оахака и Пуебла, соопшти висок мексикански државен службеник.

Видео: Најмалку 21 лице загина во сообраќајка во Мексико

Во објава на социјалните мрежи, министерот за внатрешни работи на Пуебла, Самуел Агилар, напиша дека во несреќата учествувале три возила и дека има многу повредени луѓе.

Мексиканскиот весник Ла Хорнада јави дека смртоносната несреќа се случила кога камион што превезувал цемент се обидел да претекне друго возило пред да премине во спротивната лента и да удри во автобус, а потоа челно се забил во комбе. Камионот мешалка по сударот паднал во бездна и се запалил.

Несреќата се случила на кривулести, стрмни патишта во оддалечените делови на Мексико, каде што сообраќајните несреќи се чести. Во март, најмалку 11 лица загинаа кога автобус се преврте во Оахака. Пред две години загинаа 29 лица откако автобус падна во бездна во јужните делови на Мексико.

Без струја делови од Центар, Аеродром, Сарај и Бутел

Без струја денеска од 9 до 11 часот ќе бидат објектите во околината на Транспортниот центар, односно делови од улиците: „Мирче Ацев“ и „Никола Карев“, Општина Центар, а од 9 до 12 часот делови од ул. „Ѓорѓи Капчев“...

Без струја делови од Центар, Аеродром, Сарај и Бутел

Без струја денеска од 9 до 11 часот ќе бидат објектите во околината на Транспортниот центар, односно делови од улиците: „Мирче Ацев“ и „Никола Карев“, Општина Центар, а од 9 до 12 часот делови од ул. „Ѓорѓи Капчев“, Општина Аеродром, и од село Никиштани, Општина Сарај.

Најавен е прекин во снабдувањето со електрична енергија и на објектите во околината на БОРА ПЕТРОЛ во Индустриската зона - Качанички Пат, Визбегово, Општина Бутел, од 11 до 14 часот.

РЦУК Скопје соопшти дека прекинот е поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа најавени од ЕВН Македонија.

Путин нема да присуствува на мировните разговори со Украина во Истанбул

Рускиот претседател Владимир Путин не е меѓу имињата наведени од Кремљ во списокот на лица кои треба да присуствуваат на мировните преговори за војната во Украина во Истанбул денеска.

Путин нема да присуствува на мировните разговори со Украина во Истанбул

Рускиот претседател Владимир Путин не е меѓу имињата наведени од Кремљ во списокот на лица кои треба да присуствуваат на мировните преговори за војната во Украина во Истанбул денеска, и покрај повиците од украинскиот претседател Володимир Зеленски тој да присуствува. Составот на руската делегација што ќе отпатува во Турција на преговори со Украина е објавен на официјалната веб-страница за правни информации на Русија.

Делегацијата ќе ја предводи помошникот на Путин, Владимир Медински. Во делегацијата се и заменик-министерот за надворешни работи Михаил Галузин, началникот на Главната дирекција на Генералштабот Игор Костјуков и заменик-министерот за одбрана Александар Фомин.

На списокот на експерти што учествуваат во руската делегација се заменик-началникот на информатичката служба на Генералштабот Александар Зорин, заменик-началникот на претседателската администрација за државна политика и хуманитарни прашања Елена Подобреевска, директорот на Вториот оддел за земјите од ЗНД при руското Министерство за надворешни работи Алексеј Полшчук и заменик-началникот на Главната дирекција за меѓународна воена соработка на Министерството за одбрана Виктор Шевцов.

Владимир Медински ја предводеше и руската делегација на претходните преговори со Украина во Истанбул во март 2022 година.

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да патува во Турција за да учествува на претстојните разговори меѓу Русија и Украина, изјави американски функционер.

Функционерот го објави ова откако рускиот претседател Владимир Путин го објави списокот на учесници во руската делегација за преговорите, во кој не е вклучен самиот руски лидер. Трамп ја разгледуваше идејата да патува во Турција доколку Путин пристигне на разговорите, но рускиот претседател одлучи да не учествува во денешните дискусии во Истанбул.

притисни ентер