3Роденеденска забава се претвори во кошмар- повеќе лица се застрелани во пукотница во Кентаки (ВИДЕО)
Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
2Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
МакедонијаПочнуваат активностите за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“По повеќе од 50 години денеска почнуваат градежните активности за повторно отворање на граничниот премин „Маркова нога“ на македонско-грчката граница. Проектот опфаќа изградба на административна зграда на Царинската управа со површина од околу 360 метри квадратни, како и изградба на канцеларија за осигурителна компанија, резервоар за вода, армирано-бетонски пропусти, водоснабдување и канализација, потпорни ѕидови, три новопланирани улични делници и јавни тоалети. Изградбата на овој граничен премин е во рамки на проектот „ЕУ за Преспа“. На денешното поставување на камен-темелникот најавено е присуство на премиерот Христијан Мицкоски, евроамбасадорот Михалес Рокас и постојаниот претставник на Програмата за развој на ОН (УНДП) Армен Григорјан. Грегоријан во видео интервју за МИА вели дека изградбата на овој граничен премин е меѓу приоритетите на УНДП. Со отворањето на овој граничен премин се очекува да се отвори простор за економска, туристичка соработка и културна размена меѓу двете држави. Повторното отворање на граничниот премин беше најавено со потпишувањето на Преспанскиот договор во 2018 година. Синоќа за време на посетата на Општина Ресен, амбасадорот на ЕУ во земјава, Михаил Рокас изјави дека камен темелникот на граничниот премин „Маркова нога“ означува нова ера и претставува потврда дека преспанскиот регион освен за земјава, е значаен и за Европа. Граничниот премин Маркова нога – Лемос е затворен повеќе од 50 години, а преку него порано се поминувало само со лична карта. Според легендата на локалното население, граничниот премин „Маркова нога“ е именуван според месноста „Маркова нога“ каде се наоѓа камен, чудо на природата, за кој се верува дека ја чува трагата од стапалото на Крале Марко. Каменот со трагата од Марковата нога е изложен во истоимената караула до граничниот премин. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно и студено време со температура од минус 8 до 4 степени Утре времето ќе биде променливо облачно и студено, во текот на денот со сончеви периоди, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) -6 Попова Шапка, -5 Маврови Анови, -3 Крушево, -2 Крива Паланка, Берово, Лазарополе, 0 Битола, Прилеп, Виница, Кавадарци, 1 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Велес, Демир Капија, 2 Скопје-Петровец, Штип, 3 Охрид, Струмица, Гевгелија, 4 Претор. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа до 16 часот во (l/m2) 13 Крушево, 11 Демир Капија, 10 Битола, Гевгелија, 8 Маврови Анови, 6 Прилеп, 5 Пожаране, Ѓуриште, Попова Шапка, 4 Тетово, Штип, Велес, Струмица, 3 Претор, 1 Крива Паланка, Виница, Берово, Лазарополе. ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 16 часот во (cm) 42 Крушево (во 13 часот), 33 Ѓуриште, 31 Маврови Анови, 20 Попова Шапка, 14 Лазарополе, 13 Тетово, 11 Битола, 7 Гостивар, 6 Демир Хисар, 5 Берово, 4 Крива Паланка, 2 Прилеп. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Денеска времето беше облачно со врнежи од снег, а во пониските места во јужниот дел од Повардарието со врнежи од дожд и снег. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Попладнево ќе се задржи облачно со повремени врнежи од снег, кои постепено ќе се повлекуваат кон југ и до крајот на денот ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно и студено, во текот на денот со сончеви периоди. Во раните утринските часови во источните делови наместа ќе провејува слаб снег. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од -3 до 4 степени. Во Скопје, променливо облачно и студено со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 1 степен. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во текот на новата седмица времето ќе биде стабилно и многу студено. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а наместа и дневните ќе се задржат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
СветРасте бројот на загинати во Пакистан- се урна шесткатница Бројот на жртви од уривањето на шесткатната зграда во изградба во јужниот пакистански пристанишен град Карачи се искачи на 16, откако спасувачите извлекоа уште осум тела од урнатините, соопштија денеска локалните власти.Спасувачите сè уште бараат луѓе за кои се верува дека се заробени под урнатините на зградата што се урна во среда, изјави во соопштение покраинскиот службеник за управување со катастрофи Абид Шеик, според Асошиејтед Прес. Тој рече дека се надева дека спасувачката операција ќе биде завршена наскоро, додавајќи дека спасувачите внимателно користат тешка механизација со надеж дека ќе пронајдат преживеани. Градоначалникот на Карачи, Муртаза Вахаб, и други владини претставници ја надгледуваат спасувачката операција. Вахаб рече дека властите отпуштиле повеќе од десетина службеници поради уривањето на зградата и наводната небрежност. Телевизиските снимки од местото на катастрофата во јужниот пакистански пристанишен град покажаа спасувачи во портокалови униформи и шлемови како стојат на големи бетонски плочи од урнатата зграда, опкружени со скршен конструкциски челик и заплеткани метални греди. Уривањето на згради е честа појава низ Пакистан, каде што градежните стандарди честопати се прекршуваат, а изведувачите честопати користат нестандардни материјали или ги игнорираат безбедносните прописи за да ги намалат трошоците, објави АП. Минатиот месец, покривот на приватно училиште се урна во северозападниот град Пешавар, при што загинаа 34 деца и еден наставник.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотКралот Чарлс тајно се сретнал со принцот Хари во Шкотска- дали е на повидок примирје?Британскиот крал Чарлс III и неговиот помлад син, принцот Хари, одржаа приватна средба во замокот Балморал во Шкотска, прва откако принцот се врати со своето семејство од Калифорнија во август.Средбата меѓу таткото и синот се одржа на 17 октомври, без присуство на кралицата Камила, војвотката од Сасекс Меган Маркл, принцот Арчи и принцезата Лилибет, објави британски Телеграф. Извори блиски до палатата одбија да откријат детали од разговорот, но изјавија дека двете страни ја сакаат средбата. Кралот Чарлс и војводата од Сасекс претходно се сретнаа во јули, кога беа со членови на семејството на приватен попладневен чај во Хајгроув за време на кратката посета на Велика Британија. Во меѓувреме, објавено е интервју што принцот Хари го даде во Соединетите Држави за списанието „GQ“, во кое тој рече дека „помирувањето е најважното нешто“. „Има премногу проблеми во светот за да се продолжат семејните расправии. Некои луѓе не сакаат тоа да функционира, но јас сакам“, рече принцот. Извори блиски до војводата од Сасекс ги негираа извештаите дека изјавата била упатена кон неговиот постар брат, принцот Вилијам. Војводата и војвотката од Сасекс не се поканети да го поминат претстојниот Божиќ со британското кралско семејство.Тагови: Кралот Чарлс принцот Хари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14