Почнуваат африканските квалификации за СП2026 - Канал 5

Почнуваат африканските квалификации за СП2026

Со натпреварите од воведното коло денеска стартуваат африканските квалификации кои во следните две години ќе ги одредат деветте континенталните учесници на Светското фудбалско првенство 2026 во САД, Канада и Мексико.

Почнуваат африканските квалификации за СП2026

На Мундијалот 2026 првпат во историјата ќе настапат 48 репрезентации што доведе до зголемување на бројот и на африканската квота од пет на девет, со можност за уште едно дополнително место преку плејоф.

Зголемувањето на бројот на места за африканските репрезентации на следниот Мундијал нема да го намали интензитетот на квалификацискиот процес кој поради многу фактори се смета за најтежок во светскиот фудбал. Причините за тоа се големите растојанија на кои репрезентациите патуваат, во комбинација со лошите и ретки авиоврски, екстремните климатски услови, исклучително лошите терени и стадиони, како и раширената култура на непријателство кон гостинските тимови.

Португалскиот стратег Карлош Квеирош, кој во кариерата беше селектор на Колумбија, Египет, Иран, Португалија, Јужна Африка, а денес е на клупата на Катар, во минатото ги опиша африканските квалификации како „ноќна мора“.

Во квалификациите за СП2026, вкупно 54 африкански репрезентации се поделени во девет групи, а директен пласман ќе обезбедат само првопласираните.

Четирите најдобро второрангирани репрезентациите ќе играат плејоф, а најдобрата селекција ќе го продолжи доигрувањето според новиот систем кој вклучува мини турнир со тимови од сите континенти за последните две мундијалски места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица

Нилска треска потврдена кај угинат гавран во центарот на Скопје, потврди министерот за здравство Сашо Клековски. 

43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица

Птицата ја пријавиле граѓани во агенцијата за храна и ветеринарство и било веднаш реагирано. Теренското прскање продолжува и се бара од граѓаните да не стопираат во прскањето, бидејќи се работи за квалитени и ефикасни средства што не се штетни по здравјето на луѓето.

Исто така општествени одговорни компаии учестуваат со 12 возила за прскање.

Она што треба во иднина да се превземе е да се направи регионално прскање на комарците кои поради топлите зими преживуваат, но и праскањето да биде порано и навремено одржување на одводните канали и септичките јами. Не може една општина да прска,а друга не. Комарците не познаваат општини.

На Инфективна болница хоспитлизирани се 43 пациенти, пет од нив се на интензивно лекување. Освен што има пациенти од Драчево, Илинден има потврда на пациенти од општина Центар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ: Парламентарни избори на 18 или 25 октомври

По повеќенеделни калкулации, српскиот претседател Вучиќ потврди дека парламентарните избори во Србија ќе се одржат во октомври, односно дека во игра се два датума – 18-ти или 25-ти октомври.

Вучиќ: Парламентарни избори на 18 или 25 октомври

Тој во интервју за српскиот јавен сервис, рече дека за неколку дена ќе го објави точниот датум, по што ќе ги распише изборите.

Вучиќ не сакаше да ја коментира одлуката на неговиот коалциски партнер, Српската социјалстичка партија на Ивица Дачиќ самостојно да настапи на изборите, особено по шпекулаците во јавноста дека Дачиќ наводно планирал да се кандидатира за претседател на Србија.

Вучиќ пак, претходно пројави амбиции за премиерското место, со оглед дека нема право на трет мандат како шеф на државата..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Нови еколошки алатки за почист и уреден град

Денес беа промовирани новите еколошки алатки на ЈП „Комуналец“, наменети за поефикасно и современо одржување на градските зелени површини.

Јанчев: Нови еколошки алатки за почист и уреден град

Новата опрема ќе придонесе за полесно, побрзо и поеколошко одржување на Градскиот парк „Љупчо Шкартов“, создавајќи почисто и поубаво место за сите граѓани, соопшти градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер