МакедонијаПочнува зимскиот ред на летањеЗимскиот распоред на летови за 2025/26 година стапува во сила викендов. Од Меѓународниот Аеродром Скопјe ќе има поврзување до 49 редовни дестинации што ќе ги опслужуваат 17 авиокомпании, како и 13 чартер дестинации на кои ќе сообраќа една авиокомпанија. Од Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, пак, се предвидени пет дестинации, на кои ќе сообраќаат три авиокомпании, информираат од ТАВ Македонија, концесионер на македонските аеродроми. Двата македонски аеродрома ќе бидат поврзани со 10 нови дестинации во зимската сезона, што ќе трае до крајот на март следната година. Девет од нив ќе бидат управувани од авиокомпанијата Виз Ер, со субвенции од Владата. Тоа се летовите од Скопје до Бари и Стокхолм, што ќе започнат на 27-ми овој месец, а на истиот датум ќе започне и воздушната линија од Охрид до Базел. На 28-ми октомври, главниот град првпат ќе се поврзе со Мадрид, која е една од најпосакуваните дестинации од страна на нашите патници. Истиот ден на распоредот за летање се враќа и линијата до Ларнака. Од 15 декември, Скопје ќе се поврзе првпат со Прага, а се враќа и линијата до Келн. Од 30 март 2026 година двата аеродрома ќе бидат поврзани со уште три нови дестинации. Од Меѓународниот аеродром во Скопје, Виз ер ја враќа редовната линија до Будимпешта, а истиот ден авиокомпанијата отвора нова дестинација за одмор во Италија – Неапол, дестинација за која очекуваме многу голема побарувачка. На 30 март 2026 година, Аеродромот Св. Апостол Павле од Охрид ќе биде поврзан со Милано. Десеттата нова дестинација е линијата од Скопјe до Женева, која ИзиЏет ќе ја врати на 3 ноември. Како што објави Агенцијата за цивилно воздухопловство во зимската сезона од 26 октомври до 28 март следната година од Скопје ќе се лета до Виена, Белград, Атина, Загреб, Варшава, Франкфурт, Сандефјорд, Гетеборг, Малме, Ајндховен, Брисел, Париз, Дортмунд, Фридрихсхафен, Меминген, Франкфурт Хан, Базел, Нирнберг, Берлин, Милано, Хамбург, Венеција, Братислава, Рим, Баден-Баден, Малта, Болоња, Љубљана, Лондон, Стокхолм, Прага, Штутгард, Ларнака, Келн, Лион, Бари, Мадрид, Женева, Истанбул, Измир, Анталија, Цирих. Дестинациите од Охрид се: Цирих, Базел, Дортмунд, Виена, Меминген. Од ТАВ Македонија велат дека нивниот тим за развој на мрежата на рути преговара со авиокомпании за воспоставување директни воздушни врски со Данска, Финска и Блискиот Исток. - Од постојните пазари во наредниот период, ќе се фокусираме на поголема поврзаност со Шпанија и Обединетото Кралство, информираше минатата недела во интервју за МИА генералниот извршен директор Неџат Курт. Можности за воспоставување нови директни авиолинии се отвораат и со Договорот за редовен воздушен сообраќај со Велика Британија, што го потпишаа вицепремеирот и министер за транспорт Александар Николоски и англискиот министер за воздухопловство, поморство и декарбонизација Киер Метер на 23. месецов во Лондон. - Овој Договор се потпиша на иницијатива на Велика Британија и претставува нова правна рамка со која се уредуваат односите во делот на редовниот воздушен сообраќај помеѓу двете земји. Преку Договорот се овозможува поголема слобода и флексибилност на авиокомпаниите, ефикасно работење и нови услуги, додека за патниците се овозможуваат подобри конекции, нови дестинации и конкуретни цени, информираше Министерството за транспорт. Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужиле 2.585.096 патници во првите девет месеци од годинава што е зголемување од шест проценти во споредба со истиот период минатата година. Во истиот период има зголемување и на бројот на летови - за три проценти во споредба со минатата година, односно на двата аеродрома се опслужени 20.141 лет од почетокот на годината до септември. Преку Меѓународниот Аеродром Скопјe се превезени 2 375 264 патници, што е за 5,4 процент повеќе од минатата година, а Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид забележа двоцифрен пораст од 16,2 процент со 209.832 превезени патници. Истанбул повторно е најфреквентна дестинација од Меѓународниот аеродром во Скопјe - вклучувајќи ги двата аеродрома IGA и Сабиха Гокчен со пазарен удел од 16,9 проценту. Потоа следуваат Базел Мулхаус (6,1 проџцент), Франкфурт (5,7 проценти), Цирих (4,6 проценти), Виена (4,2 проценти), Минхен - Меминген (4,1 процент) и Дортмунд (4,1 процент). Топ - пет земји до кои има најмногу директни летови се Турција (25,1 процент пазарен удел во вкупниот патнички сообраќај), Германија (24,7 проценти), Швајцарија (10,9 проценти), Италија (5,2 проценти) и Австрија(4,4 проценти). Тагови: Меѓународниот аеродром Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноЕзеро крие најневеројатен феномен на светот- на секои две секунди над него удираат громови (ВИДЕО)Замислете место каде што громовите удираат 297 ноќи годишно, што трае до 10 часа на ден.Звучи како сцена од научно-фантастичен филм, но такво место навистина постои. Тоа е езерото Маракаибо во Венецуела, над кое се случува еден од најнеобичните природни феномени во светот - молњата Кататумбо (Relámpago del Catatumbo). „Светилникот на Маракаибо“ Овој спектакуларен феномен е толку чест што се случува пет од секои шест ноќи. Понекогаш, за една минута се регистрирани речиси 30 удари на гром! Езерото Маракаибо бележи 233 молњи на квадратен километар годишно, што го прави апсолутно светско жариште за атмосферски празнења, објавува Severe Weather. Зошто громовите удираат тука толку често? Одговорот лежи во единствената комбинација на географски и климатски услови. Локацијата на езерото го фаворизира честото формирање на бури, а околните планини и топлиот, влажен воздух играат клучна улога во ова. Во текот на ноќта, постуден воздух се спушта од планинските венци кои се дел од Андите и се судира со топол, влажен воздух над езерото. Овој судир на воздушни маси предизвикува развој на бури, особено во областа на устието на реката Кататумбо, каде што се влева во езерото Маракаибо. Поради својата фреквенција, интензитет и регуларност, овој феномен е наречен и „Светилник на Маракаибо“. Молњата е видлива од растојание од неколку десетици километри и со векови е впечатлива знаменитост во оваа област. „Континуирана молња“ Италијанскиот географ Агустин Кодачи еднаш ја опишал оваа сцена како „континуирана молња“, нагласувајќи дека феноменот се случува во таква позиција, речиси во правец на меридијанот на устието на езерото, што служи како „светилник“ за морнарите. Поради својата речиси постојана активност, молњата Кататумбо е позната и како „Вечна бура“. Пред да станат достапни поточни податоци, областа околу селото Кифука во Демократска Република Конго се сметаше за место со највисока фреквенција на удари од гром во светот. Таму годишно се евидентираат 158 молњи на квадратен километар, што е значително помалку од 233-те што се припишуваат на езерото Маракаибо.Тагови: громови езеро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПакистан испраќа војска во Саудиска Арабија- договорот е потпишан уште во август Пакистан ќе испрати војници во Саудиска Арабија за да помогне во зајакнувањето на одбранбените капацитети на земјата во услови на ескалација на нападите од страна на јеменските бунтовници Хути, соопшти денеска пакистанската војска.Во соопштението се вели дека пакистанските војници ќе бидат распоредени во Саудиска Арабија во согласност со постојните договори за одбранбена соработка, објави АП. Пакистанската војска не соопшти колку војници ќе бидат распоредени, какви ќе бидат нивните специфични задачи, колку долго ќе трае мисијата или кога ќе пристигнат во Саудиска Арабија. Одлуката на Исламабад дојде два дена откако саудиските, турските и пакистанските воени и одбранбени претставници се состанаа во Исламабад за да ја потврдат поддршката за Ријад според трилатералниот договор што го смета нападот врз еден член како напад врз сите три. Пакистан ја потврди својата посветеност на заштитата на двете најсвети џамии во исламот, во Мека и Медина, во соопштение, во кое се вели дека распоредувањето ќе помогне во зајакнувањето на одбранбените капацитети на Саудиска Арабија во услови на нови безбедносни предизвици. Саудиска Арабија ги обвинува Хутите за ракетни и беспилотни напади на нејзина територија, вклучително и обиди за напад врз Мека и Медина, што Хутите го негираат. Борбите во Јемен се интензивираа во текот на летото меѓу Хутите и силите поддржани од владата поддржана од Ријад. Пакистан, Саудиска Арабија и Турција потпишаа договор за меѓусебна одбрана во Мека на 7 август, велејќи дека тој е насочен исклучиво кон одбрана и не е насочен против која било друга земја. Пакистан има воено присуство во Саудиска Арабија со децении, каде што неговите војници ги обучуваат и советуваат саудиските сили од почетокот на 1980-тите.Тагови: Пакистан Саудиска Арабија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноВо куферите криеле стотици отровни тарантули и скорпии- цариниците во Перу шокирани (ФОТО)Перуанските царински службеници запленија 677 живи диви животни, вклучувајќи тарантули, стоногалки, скорпии и гуштери, на аеродромот во Лима, кои двајца кинески државјани се обиделе да ги прошверцуваат во своите куфери.Перуанските цариници запленија 677 живи диви животни, вклучувајќи тарантули, стоногалки, скорпии и гуштери, на аеродромот во Лима, кои двајца кинески државјани се обиделе да ги прошверцуваат во своите куфери, соопшти Перуанската Национална служба за шумарство и див свет (Serfor). Вредноста на запленетата пратка се проценува на околу 100.000 долари, а животните, според властите, биле наменети за нелегална продажба во Кина, пренесува AFP. Во два куфери, кои требало да бидат сместени во товарниот простор на авионот, пронајдени се 386 тарантули од различни видови, 166 стоногалки, 112 скорпии и седум гуштери, како и шест мртви мравки. Според соопштението на Serfor, некои од пронајдените видови претходно биле непознати за науката. Животните биле сместени во херметички затворени кеси, кои потоа биле сместени во пластични кутии и завиткани во влажни хартиени крпи за да го преживеат долгото патување од Лима до Кина. Кора Суарез, претставничка на агенцијата, изјави дека ова ново откритие е резултат на заедничка работа на надлежните агенции и претставува удар врз мрежите вклучени во нелегалната трговија со диви животни. Таа предупреди на растечката нелегална побарувачка за безрбетници, кои се продаваат како домашни миленици во европските и азиските земји. Двајца кинески државјани се во притвор од перуанската полиција, а против нив се води кривична постапка пред обвинителството специјализирано за еколошки злосторства. На почетокот на ноември, перуанските власти запреа и двајца германски државјани и еден Полјак на истиот аеродром кои се обидоа да ја напуштат земјата со повеќе од 10.000 тарантули скриени во нивниот багаж.Тагови: тарантули цариници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14