Почнува увидот во Избирачкиот список, пријавување на дијаспората и на набљудувачите за референдумот

Од денеска до 23 август почнува да тече еден од клучните рокови за претстојниот есенски референдум за името.

Граѓаните ќе може да направат увид во Избирачкиот список, а државјаните на Македонија кои живеат во странство ќе можат да се пријавуваат за изјаснување на референдумот и тоа преку апликација што денеска ќе биде промовирана од Државната изборна комисија (ДИК) и со своерачно барање во Дипломатско - конзуларните претставништва во земјите каде што живеат.

Доколку решат да дојдат во Македонија и да се изјаснат тука, тогаш иселениците нема потреба да се пријават во ДКП-та или преку апликацијата. Нивните имиња, како што објаснуваат од ДИК за МИА, ќе бидат запишани во изводот од Избирачкиот список со последната пријавена адреса во Македонија.

ДИК се очекува денеска, исто така, да ја објави последната состојба во Избирачкиот список. Проверката на податоците во списокот за спроведување на референдумот на 30 септември ќе трае до 23 август 2018 година до 24:00 часот.

Граѓаните можат да ги проверат своите податоци преку веб-страницата на ДИК https://izbirackispisok.gov.mk/ и во подрачните одделенија и канцеларии на Комисијата. Доколку забележат неправилности или недостатоци и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците граѓаните тоа ќе може да го направат со барања кои треба да ги поднесат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Иселениците, пак, ги поднесуваат по електронска пошта до ДИК.

ДИК по барањата и пријавите на граѓаните е должен да одлучи со решение во рок од 48 часа од денот на нивниот прием. Доколку биде донесено решение со кое се одбива барањето, граѓанинот во рок од 24 часа од приемот на решението може да поднесе тужба до Врховниот суд. Врховниот суд во рок од 24 часа по приемот на тужбата и одлуката веднаш му ја доставува на тужителот по електронски пат.

Во меѓувреме тече рокот за набљудувачи на референдумот. Изјаснувањето ќе може да го мониторираат меѓународни и домашни невладини организации кои во своите статути имаат предвидено активности поврзани со човекови права.

Од Комисијата за МИА потенцираат дека претставници на политички партии нема да може да го набљудуваат референдумот, туку дека Собранието како овластен предлагач може да назначи лица кои ќе ја набљудуваат работата на органите што го спроведуваат референдумот.

Членовите на ДИК вчера веќе имаа средба со претставници на ОБСЕ/ОДИХР кои се очекува да го набљудуваат референдумот.

Досега до ДИК не е поднесено ниту едно барање за набљудување на реферерндумот, кое ќе може да се поднесе до 27 септември. /МИА

Претседателката на Грузија, Зурабишвили стави вето на законот за „странско влијание“

Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили соопшти дека ставила вето на контроверзниот закон за „странско влијание“, кој предизвика масовни протести во земјата.

„Денес ставам вето (...) на закон кој е руски по својата суштина и е во спротивност со нашиот устав“, рече Зурабишвили откако текстот усвоен од Парламентот оваа недела беше осуден од неговите противници дека има за цел да ја одврати Грузија од нејзиниот пат кон Европа и да ја насочи кон Русија.

Таканаречениот „руски закон“, чии противници протестираат со недели против неговото усвојување, бара медиумите и невладините организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство да се регистрираат како „агенти на странско влијание“. Критичарите на законот велат дека тој е премногу сличен на законодавството што го користи Кремљ за да ги замолчи противниците и дека ќе ја попречи кандидатурата на Грузија за пристапување во ЕУ.

Претседателката Саломе Зурабишвили, која влегува во сè поостра конфронтација со грузиската владејачка партија, денеска изјави дека законот е во спротивност со Уставот на Грузија и „сите европски стандарди“, и додаде дека тој „мора да биде повлечен“. /МИА

То Лам именуван за претседател на Виетнам

Комунистичката партија на Виетнам го именува министерот за јавна безбедност То Лам за нов шеф на државата.

- Централниот комитет одобри другарот То Лам, член на Политбирото и министер за јавна безбедност, да биде именуван за претседател, објави Виетнамската новинска агенција (ВНА).

Лам (66), кој ја извршуваше функцијата министер за јавна безбедност од 2016 година, имаше тврд став против движењата за човекови права.

Неговото именување уследи по оставката на Во Ван Туонг во март./МИА

Поплави во источна Белгија

 Подрачјето на белгискиот град Лиеж е погодено од поплави предизвикани од обилните дождови кои веќе предизвикаа штети во Франција.

На подрачјето на тој град досега се евидентирани околу 550 интервенции, а гувернерот Ерве Џамар мобилизирал 150 пожарникари во борбата против последиците од елементарната непогода.

„Ова се главно интервенции за испумпување вода кои продолжија денеска изутрината“, соопшти канцеларијата на гувернерот на погодената провинција.

Службите за итни случаи соопштија дека нивото на водата почнало да се намалува.

Од другата страна на границата, во холандската провинција Лимбург, два кампа се евакуирани поради опасност од поплави.

Во францускиот департман Мозел, на североистокот, денеска во раните утрински часови беше објавена тревога поради опасност од поплави. /МИА

притисни ентер