Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане - Канал 5

Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане

Денеска во Основниот суд во Куманово започна судскиот процес против 25-годишниот Трајко Бојковски, обвинет за неколку убиства во Старо Нагоричане.

Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане

Со полициска придружба и лисици на рацете серискиот убиец Бојковски беше донесен во Обвинителството во Куманово.

Според обвинението, тој се товари за четири кривични дела за убиство како и за обид за убиство. Обвинението во судската постапка ќе го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе од Основното јавно обвинителство Куманово.

Според претходно објавени информации во јавноста, жртвите се претежно повозрасни жени, со исклучок на една 35-годишна жена.

25-годишниот Трајко Бојковски во тек на целиот процес седи на маса и „чудно“ гледа во таванот на судницата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода :​Енергетска реконструкција на ПОУ „Рајко Жинзифов“ во Пинтија

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска изврши увид во градежните активности за реконструкција и имплементација на мерки за енергетска ефикасност во подрачното основно училиште „Рајко Жинзифов.

Општина Кисела Вода :​Енергетска реконструкција на ПОУ „Рајко Жинзифов“ во Пинтија

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска изврши увид во градежните активности за реконструкција и имплементација на мерки за енергетска ефикасност во подрачното основно училиште „Рајко Жинзифов“ во населбата Пинтија. На увидот присуствуваа и директорката на Проектната единица Нада Брајковска и други претставници од Министерството за финансии, преку кое се реализира ова финансиско партнерство со Светска банка.

Се работи на изработка на нова енергетски ефикасна фасада и термичка изолација на кровот, а проектот предвидува и поставување нов топловоден потполно автоматски котел на пелети, како и замена на старите светлосни арматури со ново ЛЕД осветлување. Дополнително, училиштето добива сопствен фотонапонски систем, со што директно ќе се задоволуваат потребите за електрична енергија од обновливи извори.

-Оваа инвестиција е директен влог во стандардот на образованието и долгорочно решение за енергетската независност на објектот. Со целосната реконструкција обезбедуваме современ простор за настава и едновремено, драстично ги намалуваме тековните трошоци за енергија. Упатувам голема благодарност до Светска банка за финансиската поддршка и до Министерството за финансии преку која се овозможи ова партнерство. Ние остануваме фокусирани на теренската работа и на континуираната реализација на капиталните зафати со кои директно се решаваат приоритетите на нашите жители-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Дуа Липа гола во када

Мегапопуларната пејачка Дуа Липа објави неколку фотографии од медениот месец.

Фото: Дуа Липа гола во када

Посебно внимание предизвикаа фотографиите на кои тој позира во дрес на Наполи и лежи гола во када.

По приватната свадба во Палермо на 31 мај, музичката ѕвезда Дуа Липа и актерот Калум Тарнер го минуваат медениот месец на италијанскиот остров Искија, во ексклузивниот хотел „Мецаторе“.

Пејачот сподели серија фотографии од одморот на Инстаграм, кои брзо собраа речиси пет милиони лајкови.

Посебно внимание привлекоа фотографиите на кои тој позира во дрес на Наполи, како и провокативната сцена од када.

Целата свадба беше организирана во целосна тајност зад црни завеси, а парот успешно ги избегнува папараците дури и за време на одморот, споделувајќи со фановите само внимателно одбрани моменти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДЗР: За мерки за вработување 23,4 милиони евра но распределбата на средствата не била рамномерна

Државниот завод за ревизија утврди дека во 2024 година за активните мерки за вработување биле исплатени 23,4 милиони евра, но распределбата на средствата не го почитувала принципот на рамномерен регионален развој.

ДЗР: За мерки за вработување 23,4 милиони евра но распределбата на средствата не била рамномерна

Според ревизијата, повеќе од половина од средствата за дел од мерките биле концентрирани во неколку центри за вработување. Дури 62,05 отсто од мерката за самовработување, како и над 50 отсто од мерките за субвенционирање на плати и вработување и раст на правни субјекти, биле реализирани во Скопје, Тетово, Струга, Куманово и Пробиштип.ревизорите изразиле мислење со резерва за финансиските извештаи на агенцијата за вработување и неповолно мислење за усогласеноста со законската регулатива.

Дополнително, биле утврдени слабости при исплатата на паричниот надоместок за невработеност, вклучувајќи некомплетна документација, недоволна размена на податоци и неправилности кај договорите за вработување на определено време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер