3Халанд направи шоу на свадба во Италија: Ги зема тапаните, па ги натера гостите да веслаат како Викинзи (ВИДЕО)
БалканПочнува судењето против српскиот министер за култура во случајот „Генералштаб“Судски процес против српскиот министер за култура Никола Селаковиќ, заедно со уште тројца државни службеници, треба да почне денеска пред Специјалниот суд во Белград. Тој е обвинет за сочинување документ со лажна содржина преку низа незаконски дејствија што им послужиле на властите да ја отстранат заштитата на зградата на Генералштабот, оштетена во бомбардирањето на НАТО, како културно богатство и да донесат lex specialis. Тоа е прв случај на судење министер во Србија во изминатите 30 години. Освен Селаковиќ, Обвинителството за организиран криминал (ТОК) ги товари директорот на Републичкиот завод за заштита на спомениците, Горан Васиќ, директорот на таквата градска институција, Александар Ивановиќ, и секретарката на Министерството за култура, Славица Јелача, за злоупотреба на службената должност и фалсификување службен документ во 2024 година. Како што се тврди во обвинението, прекршувајќи ја постапката, тие ги заобиколиле експертите од Републичкиот завод и Секторот за заштита на културното наследство во Министерството за култура, и до владата испратиле лажен предлог за одлука за престанок на статусот на културно добро на зградата на Генералштабот, по што во српскиот парламент беше донесен посебен закон. Со тоа на владата и се овозможува да ја урне зградата и да изгради луксузен комплекс на таа површина, како што е предвидено со договорот потпишан од министерот за градежништво Горан Весиќ и компанијата на Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, но таа компанија се откажа поради јавни протести во Србија. Претседателот на државата Александар Вучиќ се придружи на одбраната на Селаковиќ надвор од судницата, барајќи од обвинителството да поднесе обвинение против него, наведувајќи дека тој бил мозокот за случајот со уривање на Генералштабот, со најава дека ќе ги помилува сите обвинети. Тагови: србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
МакедонијаСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-татаДенеска се навршуваат точно 63 години од најмрачното утро во историјата на главниот град, кога во 5 часот и 17 минути, силен земјотрес со магнитуда од 6,1 степен според Рихтеровата скала го разурна Скопје. За само неколку секунди, градот се претвори во урнатини.Катастрофата однесе 1.070 човечки животи, а над 3.000 граѓани беа повредени. Повеќе од 200 илјади скопјани во една секунда останаа без покрив над глава. Часовникот на Старата железничка станица, кој тогаш засекогаш запре, денес стои како нем сведок на трагедијата што го сопре времето, но и на болката која и по повеќе од шест децении не избледува кај постарите генерации.од пепелта на трагедијата се роди приказната за невидена хуманост. Скопје стана Град на солидарноста. 87 нации од целиот свет, подадоа рака. Помошта во лекови, храна, тимови за спасување и монтажни куќи почна да пристигнува од сите меридијани, испраќајќи порака дека човечноста нема граници. По земјотресот, почна масовната обнова. Полскиот урбанист Адолф Циборовски учествувал и ја надгледувал обновата на градот по препорака на Обединетите Нации. Во негова чест во Старата чаршија денска беше откриена спомен плоча а на церемонијата директно од Полска допатува неговата внука Јулија. Според визијата на јапонскиот архитект Кензо Танге, Скопје подоцна се трансформираше во модерен град на иднината. Утрината на гробишптата во Бутел во спомен на загинатите од земјотресот беше положено свежо цвеќе... Дел од граѓаните и денеска имаат силни емоции на оваа тема. Сепак постземјотресно Скопје има посилни градби а од 2014 сите градби законски мора да се и сеизмички отпочни вели поранешниот дирекр на ИЗИС Михаил Гаревски. Централниот дел од културната манифестација е предвидена за вечерва, кога во Музејот на Град Скопје ќе бидат отворени две мултимедијални изложби. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
МакедонијаУпсени се осум дилери на дрога во текот на изминатото деноноќиеЛишени од слобода осум лица на територијата на целата држава во текот на изминатото деноноќие, при преглед кај нив е пронајдена дрога.На 25/26.07.2026 во Скопје на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Ч.(47), А.Б.(19), Ф.Р.(27), Н.К.(19), М.О.(26), сите од Скопје, В.М.(35) од с.Морани, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана. На 26.07.2026 во 01:45 часот во с. Камењане, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.И.(21) и О.М (18), двајцата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана. Тие биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаГоривата засега остануваат најевтини во регионот, Владата ја следи состојбата на светските пазариПо растот на цената на нафтата на светските берзи премиерот Мицкоски уверува дека граѓаните не треба да се грижат и дека Македонија и натаму ќе остане со најевтини горива во регионот. Граѓаните можат да бидат спокојни, земјава и понатаму ќе остане со убедливо најниски цени на бензините и дизел горивата во регионот, порача премеирот Христијан Мицкоски - откако цената на нафтата на светските берзи се искачи на над сто долари за барел, поради конфликотот на Блискиот Исток. Новите цени на горивата Регулаторната комисија ќе ги соопшти утре, а доколку има потреба премиерот уверува дека Владата веднаш ќе интервенира. „Ја следиме состојбата со нафтата на светските пазари и сè уште остануваме земја со убедливо најниски цени на бензините и дизел горивото во регионот. Доколку биде потребно, ќе реагираме како што реагиравме и досега, иако станува збор за берзански производи чии цени зависат од движењата на светските пазари, а не од тоа дали некој е подобар претприемач или подобар политичар“ Во однос на новите царини од страна на САД и тоа што соедна Србија е привремено изземена од нив, Мицкоски појасни дека и Македонија не е опфатена со ваквите дополнителни царини, но дека тоа на значи дека ниту Србија, ниту Македонија нема да плаќаат никакви царини кон САД. Потенцираше дека треба да се направи разлика меѓу редовните царински давачки и дополнителните царини што Вашингтон ги воведе за дел од земјите. „И ние не сме меѓу 60-те држави на кои им се воведени дополнителни обврски, но тоа не значи дека немаме царини. Истото важи и за Србија и за другите земји што не се на таа листа. Ние ги цениме односите со САД како наш стратешки партнер и сметаме дека конечно можеме да соработуваме онака како што доликува на две партнерски држави. Не правиме естрада од тоа, туку водиме нормална и одговорна политика“ Мицкоски појасни и дека седумте милиони евра кои Владата ги позајмила од М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и Јавното претпријатие за државни патишта ќе бидат искористени за сервисирање на обврски кон кинеска банка за изградбата на автопатите. Нагласи и дека станува збор за вообичаена процедура која многупати во минатото била применувана и дека средвата уште следниот месец ќе им бидат вратени на компаниите. Веќе утре пред пратениците ќе се најде и ребалансот на буџетот, а за кој се поднесени десетици амандмани од опозицксите партии. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook