Почнува штипската „Пастрамајлијада" - Канал 5

Почнува штипската „Пастрамајлијада"

Со сечење на џиновската пастрамајлија вечерва почнува манифестацијата штипска „Пастрамајлијада". Манифестацијата вечерва во 20.30 часот официјално ќе ја отвори градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Почнува штипската „Пастрамајлијада"

На штандовите на угостителските објекти, кои ќе бидат поставени од крстосницата Дујле до камениот мост кај населбата „8 Ноември" ќе се нуди познатиот штипски бренд – пастрамјлија. Оваа година угостителите одлучија цената да ја зголемат за 30 денари, па унифицираната цена на штандовите ќе биде 150 денари. Вечерва гостите ќе ги забавуваат групите Кентаур, Arre Brothers band, Агушеви, Нокаут и Игор Џамбазов. Додека во сабота ѕвезда на вечерта е српската пејачка Цеца, а пред неа ќе настапат Мартинијан Кириловски и Антониа Гиговска, во недела, пак, публиката ќе ја забувавуваат No end, Викторија Лоба, Тропико бенд и Данијела Мартиновиќ.

Градоначалникот Бочварски денеска истакна дека доколку граѓаните сакаат да се промени концептот на „Патрамајлијадата", своето мислење ќе го изнесат на јавната расправа, којашто ќе се случи по настанот. Забележува дека ќе го слушне мислењето на граѓаните, по што ќе се одлучува дали ќе има нов или ќе си остане истиот концепт.

Во градот викендов ќе се влегува од трите влезови, а полицијата и редарите на штипските јавни претпријатија ќе им помагаат на возачите каде ќе можат да паркираат./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најави „економска војна“ од невидени размери против Иран, се закани со последици за неговите поддржувачи

Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави „економска војна“и изолација на Иран од невидени размери, во услови на застој во преговорите со Техеран.

Трамп најави „економска војна“ од невидени размери против Иран, се закани со последици за неговите поддржувачи

-Денеска ја објавувам најсуровата економска операција што некогаш била преземена против која било држава“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“, во исто време, предупредувајќи дека со сериозни економски последици ќе се соочат и земјите што ќе му пружат економска поддршка на Иран.

Заканата на Трамп следи откако во понеделникот истече 60-дневниот прекин на огнот, без никакви знаци за дипломатско решение на војната што САД и израел ја започнаа во февруари. Техеран соопшти дека заканата на трамп само ќе донесе дополнително непријателство..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

15 загинати во руски напад врз Киев – Украина алармира дека се соочува со недостиг на противвоздушна одбрана

Најмалку 15 луѓе се убиени, а неколку десетици се ранети во најновиот бран руски ракетни напади врз Киев додека Украина продолжува да се соочува со недостиг на ракети за воздушна одбрана.

15 загинати во руски напад врз Киев – Украина алармира дека се соочува со недостиг на противвоздушна одбрана

Мета на нападите кои почнаа околу полноќ биле станбени блокови и магацини, а според украинските власти, погодени биле и детеска болница и училиште.

Руското министерство за одбрана ги потврди нападите и соопшти дека користело прецизно воздушно, копнено и поморско оружје за таргетирање воени објекти и магацини.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека смртните случаи се резултат на недостаток на ракети за воздушна одбрана.

-Сè додека Украина нема доволно антибалистичко оружје, Русија нема сериозно да размислува за мир, напиша Зеленски на телеграм. Извштаите сугерираат дека Русија истрелала најмалку 20 ракети, од кои ниту една не била пресретната од украинската противвоздушна одбрана..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По Љутков, и екс-министерот Салиу стана национален координатор

Шабан Салиу, поранешниот министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на стратегијата за инклузија на Ромите, доби нова владина функција - Национален координатор за следење на стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030.

По Љутков, и екс-министерот Салиу стана национален координатор

Салиу ја добива оваа функција истовремено со Зоран Љутков кој беше назначен за Национален координатор за култура. И двајцата за време на реконструкцијата на владата беа разрешени како министри - едниот без ресор, а другиот за култура.

Салиу, инаку, е на обвинителна клупа во големиот предмет за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“. Тој е еден од обвинетите поранешни директори на дирекцијата за заштита и спасување, институција со која раководел во периодот од 2012 до 2017 година и која, според обвинението, не извршила ниту една инспекција во дивата дискотека.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер