Почнува самитот Трамп – Путин во Алјаска – можен ли е исчекор во мир во Украина? - Канал 5

Почнува самитот Трамп – Путин во Алјаска – можен ли е исчекор во мир во Украина?

Очите на светот вперени кон Енкориџ – Алјаска, се очекува вечерашната, а долгонајавувана средба „со високи влогови“ – Трамп и Путин за прв пат во вториот мандат на американскиот претседател ќе се сретнат очи в очи, на тема - мир во Украина. 

Почнува самитот Трамп – Путин во Алјаска – можен ли е исчекор во мир во Украина?

Официјална Москва слетува на Алјаска со резервиран оптимизам.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој е прв висок претставник кој допатува во Енкориџ, притоа носејќи СССР маичка, оцени дека претходната дипломатска средба положила цврсти темели за понатамошните преговори.

-Никогаш не носиме предвремени заклучоци. Знаеме дека имаме аргументи имаме јасна позиција, истата ќе ја објасниме. Веќе многу беше направено за време на посетата на специјалниот пратеник од САД, Стивен Виткоф. Претседателот на Русија зборуваше за тоа. Виткоф збоурваше во име на претседателот Трамп. Се надевам дека ќе го продолжиме овој навистина корисен разговор,- -Сергеј Лавров – Министер за надворешни на Русија.

Средбата добива дополнителна тежина и од протестите на граѓаните на Енкориџ кои го пречекаа рускиот министер за надворешни, а сликата од бројните украински знамиња ќе ја видат и останатите учесници при пристигнувањето.

Дел од насобраните со јасна порака, бараат присуство на Зеленски, оти се говори за неговата држава.

-Ова е за Украина, не е за Америка, не е ниту за Русија, освен што Русија направи инвазија врз Украина и треба да си заминат, тука нема за што да се преговара. Што би требало Зеленски да направи за возврат? Тој само сака да си ги потврди своите граници, а фактот дека не е тука е како нова колонизација./ На некој начин сум песимист, но сакам да дадам поддршка со надеж дека можат да го запрат она што се прави на граѓаните на Украина, па и на руските. / Стравувам, немам надеж дека ќе има разрешница. Се плашам дека Трамп ќе се обиде да се обврзе кон нешто за што нема право да се обврзува.

Други пак своите „пет минути“ пред камера ги искористија за сарказам...

Се надевам дека, кога Владимир Путин ќе „стави нога“ на Алјаска дека ќе биде уапсен зошто е „нелегален вонземјанин

Со оптимизам и самодоверба наскоро кон Енкориџ ќе полета и Трамп во обид да издејствува нова средба во која за прв пат од почетокот на конфликтот еден спроти друг ќе седнат Путин и Зеленски.

-Мислам дека ќе биде добра средба, но поважната средба ќе биде следната средба која ќе ја имаме. Ќе имаме средба со Претседателот Путин, Претседателот Зеленски, јас а можеби ќе повикаме и некој од Европските лидери, можеби не, не знам дали тоа ќе биде навистина важно, ќе видиме.

Самитот треба да започне по 21 часот, а една од клучните теми на разговор се очекува да биде и размената на руско-украински територии, за кои изминативе неколку дена говореше американскиот претседател. Вечерашната средба ќе се одвива и под будното око на ЕУ, чии лидери веќе испратија јасни пораки за заштитата на суверенитетот на Украина..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Светската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови.

Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година.

Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика.

„Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети.

Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем.

„Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците.

Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора.

Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Сами против сите

Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови, напиша на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски по изборите во Брвеница.

Мицкоски: Сами против сите

Сепак, растот на гласови од првиот круг е јасен и чист од 3000 на 4200, а во однос на парламентарните избори имаме раст од 1300, но за жал недоволно за целосна победа.

Благодарам на сите жители на Брвеница што гласаа за нас и на тие што не гласаа, сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата.

Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер