Почнува Рамазанскиот пост - Канал 5

Почнува Рамазанскиот пост

Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 1 мај. 

Почнува Рамазанскиот пост

За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење.

Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа.

По рамазанскиот пост, на 2 мај е Рамазан Бајрам, кој се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите. Рамазан е деветтиот месец во Исламскиот календар.

Првиот ден од Рамазан Бајрам е државен празник.

Во пресрет на Рамазанскиот пост, поглаварот на Исламската верска заедница, реисул-улема Х. Хфз. Шаќир ефенди Фетаи истакна дека месецот Рамазан е месец на многу благослови, случај на формирање на нашата личност, на нашето духовно и физичко прочистување, на оплеменување на нашата душа, на нашето тело, на нашето размислување, на зајакнување на нашите меѓусебни врски, негување, почит и продлабочување на љубовта еден кон друг.

Тој им порача на верниците да се обраќаат со молитва кон Возвишниот Алах да се прекинат сите воени судири, бидејќи, како што вели, во такви судири страдаат невини луѓе, кај луѓето се отвораат неизлечени рани кои формираат психологија на насилство, омраза, убивање и истребување на човечкото суштество.

– Овој месец е и добар повод за наше помирување, за пружање помош на оние кои имаат потреба – особено на сиромашните и немоштените, бидејќи само така ќе бидеме поблиску до задоволството и простувањето на Семоќниот Алах. Дозволете ми во име на ИВЗ на РМ и во мое име да ги изразам моите срдечни честитки во оваа прилика, со молитва до Семоќниот Алах да ни даде сила на верата, висока свест, непоколеблива волја, дека со најголема посветеност да го извршуваме постот. Нашите искрени Ибадети и молитви – особено нашите молитви за мир и толеранција се во согласност со зборовите на Мухамед (а.с.): „Кој го пости месецот Рамазан со вера (искрено и надевајќи се дека ќе биде награден од Алах за тоа), сите претходни гревови ќе му бидат простени". Ви посакуваме убав почеток, пријатна атмосфера на месецот Рамазан и нека е благословен овој голем и свет месец."О верници, пропишан ви е постот како што им беше пропишан и на оние пред вас за да бидете богобојазливи" (Ел: Бекарету: 183)„, посочува Фетаху во неговата порака.

Во овој месец, потенцира тој, обавуваме еден од столбовите на Исламот – постење на неговите денови, што е задолжителна обврска, каде што се воздржуваме од јадење и пиење и правење лоши дела заради Возвишениот Алах.

– Преку постот ја докажуваме нашата посветеност на Создателот, формираме висока свест за нашата позиција на Земјата да бидеме во служба на доброто и да го избегнуваме злото од себе и од луѓето воопшто. Овој месец е месец на знаењето, бидејќи во него е објавен императивот да се чита, да се учи, да се истражува, за да се знае креативноста на Семоќниот Алах. Преку постот и знаењето ја разбираме главната цел на животот, а тоа е грижата за човекот, која се изразува преку мир, толеранција, хуманост и солидарност. Во оваа средина на нашата поврзаност со Создателот, ние се обраќаме кон Неговото Величество со нашите молитви да прости пропусти, грешки и гревови, истакнува Фетаху во пораката по повод почнувањето на Рамазанскиот пост. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кос најавува историска есен за проширувањето на ЕУ

ЕК на крајот од месецов ќе го презентира документот во кој ќе биде опфатена новата стратегија за проширување, најави еврокомесарката Марта Кос, за време на неформалниот состанок на Советот за Општи за работи во Даблин. 

Кос најавува историска есен за проширувањето на ЕУ

Фокусот на Брисел е таканаречената постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции, како пристап до дел од единствениот пазар, финансиски инструменти, енергетскиот систем и други механизми, во зависност од напредокот во реформите. Освен ова, реформата предвидува построги проверки за земјите кандидатки и нова методологија, документ кој треба да биде официјално потврден од Европскиот Совет на 15 октомври.

-Оваа есен ќе биде есен на проширувањето во две насоки – едната е за подготвување на кандидатките за членство, другата е тоа што го правиме внатре во ЕУ за да се подготвиме за ова. 2026-та е веќе рекордна година. Оваа година направиме многу повеќе од минатата 2025-та и можеме да испорачаме уште повеќе. Некои од земјите кандидатки можат да ги завршат преговорите до крајот на оваа декада. На крајот на септември, 30-ти, ЕК ќе ги претстави резулататите од т.н. претпристапен преглед и секако ќе дискутираме како да направиме една поента, но секако и многу други, се со цел процесот на одлучување да е поефикасен, изјави Кос.

Македонија на состанокот ја претставува министерот за европски прашања, Беким Сали, кој порача дека на проширувањето повеќе не е политички избор, туку геополитичка неопходност. Сали нагласи дека Македонија останува цврсто посветена на европската интеграција и дека очекува напредокот да биде препозанен.

-Ја поддржуваме визијата на еврокомесарката Кос за постепена интеграција. Како земја кандидат ќе испорачаме видлив напредок за нашите граѓани и за бизнисисте во нашата држава. Македонија ја избра ЕУ, изјави Сали.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, пак, на синоќешниот партиски настан по повод 35 години независност на Македонија, порача дека европските интеграции не се ниту партиско, ниту лично прашање, туку најголем државен интерес. Според него не е доволно тоа само реторички да се нагласува, а ништо да не се презема. опозицијата ќе продолжи да притиска за да се најде решение, кажа Филипче.

- Само идните непристрасни генерации можат правилно да оценат колкава е цената на прифатените компромиси, а колкава е загубата од бескомпромисноста и изгубените децении на побрз сестран развој. Ако има подобро решение нека го донесе. Ако има реална гаранција нека обезбеди. Ако има нова преговарачка рамка нека ја покаже. Но, ако нема тогаш чесно е да им се каже на граѓаните да престанат да плаќаат со години за партиските ветувања дадени во предизборните кампрањи и секојдневните намипулации и лаги, изјави Филипче.

Освен новата реформа за проширување, земјите – членки паралелно ја разгледуваат и идејата за евентуална промена на начинот на одлучување, односно преоѓање од едногласно во гласање со квалификувано мнозинство, со цел да се намали можноста од вето за клучни надворешно политички прашања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поскапе меѓуградскиот превоз – најпогодени се студентите

Новите цени на меѓуградскиот автобуски превоз го зголемија месечниот трошок за илјадници семејства, а меѓу најпогодените се средношколците и студентите кои патуваат од град во град. 

Поскапе меѓуградскиот превоз – најпогодени се студентите

Додека во голем број европски земји младите и студентите користат субвенциониран или значително поевтин јавен превоз, а во одредени градови и бесплатни линии, кај нас останува трошоците за патување студентите и нивните семејства да ги покријаваат од свој џеб.

Најмногу реакции предизвика поскапувањето на релацијата Тетово–Скопје, каде месечниот билет порасна од 5.500 на 6.500 денари, што за граѓаните, значат дополнителни 1.000 денари месечно или 12.000 денари годишно само за превоз. Повисоки цени има и кај автобускиот превоз меѓу Куманово и Скопје. Цената на билетот во еден правец е зголемена од 170 на 200 денари, додека повратниот билет чини 400 денари, реагираат граѓаните на социјалните мрежи.

Од Универзитетското студентско собрание на УКИМ велат дека поскапувањето дополнително ќе го погоди буџетот на семејствата на студентите и средношколците кои секојдневно користат меѓуградски превоз.

„Овој бран на поскапување на цените на билетите дефинитивно удира директно по студентскиот стандард. Ние како УСС го увидовме овој проблем уште кога се појави и работиме на иницијатива којашто ќе ја споделиме со јавноста во следниот период. Треба да најдеме компромис со институциите со кој би им го олесниле овој товар на студентите.“ – Ангела Василевска, претседателка на УСС-УКИМ

Засега нема најава дека државата ќе го субвенционира меѓуградскиот превоз за студентите. Министерката за образование Весна Јаневска вели дека бесплатниот превоз важи таму каде што веќе постојат такви одлуки, но посебна мерка досега не била предвидена.

„Таму каде што имаме можности, таму каде што има одлуки, студентите имаат бесплатен превоз мислам на Град Скопје. Меѓуградски досега не сме предвиделе. Јас би сакала да нагласам дека основното и средното образование се бесплатни. Студирањето е речиси бесплатно, затоа што имаме минимална партиципација во земјава – вели Јаневска.

Премиерот Христијан Мицкоски по реакциите во јавноста најави дека институциите ќе го разгледаат поскапувањето.

„Да, ќе го преиспитаат покачувањето на цените на меѓуградскиот превоз.“ – Христијан Мицкоски, премиер

Приватните превозници засега немаат дадено официјално објаснување за причините за зголемувањето на цените токму пред почетокот на новата учебна и академска година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почнува пробивањето на дел од булеварот низ Керамидница, кој треба директно да ги поврзе општините Аеродром и Гази Баба

- Удрија багерите кои треба да ја отворат новата сообраќајна артерија од Аеродром до Гази Баба. По неколкугодишен застој, од денеска продолжуваат работите на терен.

Почнува пробивањето на дел од булеварот низ Керамидница, кој треба директно да ги поврзе општините Аеродром и Гази Баба

По години чекање, денеска започна уривањето на дел од објектите во Керамидница, со што конечно почна пробивањето на трасата што треба да го поврзе мостот „Генерал Михајло Апостолски“ со булеварот Александар Македонски во Автокоманда.

Рушењето на објектите во Керамидница кое започна денеска, а според градските власти би требало да трае околу два месеци.

Проектот долго време беше во застој поради нерешени имотно-правни односи, кои во меѓувреме на овој крак се веќе расчитени.

За мостот да добие целосна сообраќајна функција, во меѓувреме продолжуваат постпаки за експропријација и на кракот што треба мостот да го поврзе со раскрсницата кај Ист Гејт. Според информациите на Канал 5, станува збор за 21 постпапка кои се во тек на расчитување.

Со изградбата на новата сообраќајница треба да се воспостави директна врска меѓу општините Аеродром и Гази Баба. Очекувањата се дека оваа делница ќе придонесе за подобро поврзување на двата дела од градот и за растоварување на сообраќајот на околните булевари.

- Мост што не води никаде – вака со години скопјани го нарекуваа мостот „Генерал Михајло Апостолски“. Но, ова место веќе не треба да биде симбол на недовршен проект, туку почеток на нова сообраќајна врска меѓу Аеродром и Гази Баба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер