Почнува Меѓународниот кадетски кошаркарски турнир „Драган Василов – Цевка“ - Канал 5

Почнува Меѓународниот кадетски кошаркарски турнир „Драган Василов – Цевка“

Осум екипи од шест земји од денеска до недела во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе настапат на третото издание на Меѓународниот кадетски кошаркарски турнир „Драган Василов – Цевка“.

Почнува Меѓународниот кадетски кошаркарски турнир „Драган Василов – Цевка“

Покрај македонските екипи МЗТ Скопје Аеродром и Вардар, на третото издание на У15 интернационалниот турнир ќе настапат Партизан и Триумф од Србија, Клуж од Романија, Перник од Бугарија, Интер Братислава од Словачка и Ол Стар од Црна Гора.

Групата А ја сочинуваат Триумф, Перник, МЗТ Скопје Аеродром и Клуж, додека во групата „Б“ ќе разигруваат: Вардар, Партизан, Ол Стар и Интер Братислава.

Воведните натпревари стартуваат во 10 часот, а влезот во СЦ „Јане Сандански“ е слободен.

Традиционалниот турнир се одржува во чест на легендарниот кошаркарски стратег Драган Василов – Цевка, чија страст беше работа со младите категории.

Организатор и оваа година е Општина Аеродром, а помагатели се КФСМ и Македонскиот олимписки комитет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 1. јули 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 1. јули 2026 година. 

Дневен хороскоп за 1. јули 2026 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Препознавате нови љубовни шанси , а во тоам ви помагаат вашите пријатели. Денеска немојте да бидете сами , туку излезете.

Кариера

Немојте да се чудите доколку ви предложат некои мали промени. Тие се многу извесни и ќе ви донесат сигурност и стабилност.

Здравје и совет

Можете малку да земете пауза.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно ќе покажете извесна несигурност , што малку ќе ја обесхрабри другата страна. Потрудете се да верувате во она што го живеете.

Кариера

Ќе ви изгледа како вашите деловни обврски да се тешки и заплеткани. Ќе ви недостига енергија и концентрација.

Здравје и совет

Ќе ги почувствувате последиците на хедонизмот.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашиот позитивен став полн со хумор ќе ви доенсе убави поени во љубовта. оние кои и натаму се сами , ќе освојуваат со леснотија.

Кариера

Оние кои лажеле ќе бидат разоткриени на неочекуван начин. Така ќе се осрамотат. Немојте да ги исмевате.

Здравје и совет

Одете каде што ви е добро.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашите додворувања денеска би можеле да бидат речиси извештачени . Потрудете се да бидете поедноставни и поискрени,

Кариера

Младите лица со кои соработувате денеска ќе ја покажат својата мрзеливост и неспособност. Ќе мора подобро да ги обучите.

Здравје и совет

Вежбајте гимнастика.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Своите грижи ќе им ги препуштите на другите и ќе се свртите кон секојдневието. Така ќе си ја олесните душата и ќе станете реални.

Кариера

Оние чија работа не е конкретна , ќе имаат одлични достигнувања. Другите и натаму ќе го слушаат својот внатрепен глас и ќе им биде одлично.

Здравје и совет

Бидете упорни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Веројатно ќе бидете во искушение денот да го минете играјќи видео игри.Пресечете и со паметно молчење, издржете.

Кариера

Пред вас е тежок ден во кој ќе мора добро да утврдите што сакаат шефовите , која е целта, кои се пријатели ,а кои непријатели.

Здравје и совет

Прошетајте се на воздух.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

На оригинален начин ќе се справите со проблемите во својот љубовен живот и ќе отворите врата за негово подобрување.

Кариера

Само продолжете да го развивате она што е се појасно. Денеска добивате потврда од новите соработници , кои ве поддржуваат.

Здравје и совет

Разбудете се.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Во сексуалните прашања ќе имате мало двоумење околу стилот . Секој ќе сака да ужива на свој начин.

Кариера

Во работата што ја работите ќе се вмешаат други луѓе , со кои ќе треба да научите како да комуницирате. Ќе има мали проблеми.

Здравје и совет

Погледнете добар филм и опуштете се.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Мали нервози малку ќе ви ја пореметат самодовербата , но само ако вие тоа го дозволите. Контролирајте се и се ќе биде добро.

Кариера

Постојат луѓе кои ве нервираат , зашто не знаат да работат онака прецизно како вас, па сепак ќе мора со нов да соработувате.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Од вас ќе се бара да бидете внимателни и со интерес да слушате што ви зборува другата страна. Послушајте ја.

Кариера

Прекрасни идеи ќе доаѓаат од вашата потсвест. Потребно е што повеќе да се сконцентрирате на себеси.

Здравје и совет

Наполнете си ги батериите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

И покрај понекое ситно недоразбирање во комуникациите , вие сепак успешно ги градите љубовните мостови.

Кариера

Пред вас се многубројни нови работни задачи. Ќе мора да работите повеќе и посветено. Најдобро е веднаш да почнете.

Здравје и совет

Сконцентрирајте се на целта.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Работите доаѓаат во памнотежа и се движат со вообичаен тек. Успеавте да се договорите и сега одите понатаму.

Кариера

Она што потајно сте го истражувале , денеска се отвора и добивате договори ир ешение на таа тема.Ова ќе го употребите за да го комплетирате успехот.

Здравје и совет

Преминете од зборови на дела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мирјана Најчевска и Сотир Костов вечерва во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Мирјана Најчевска и Сотир Костов

Мирјана Најчевска и Сотир Костов вечерва во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвездата од „Baywatch“ ужива на хрватскиот брег, се пофали со фотографии

Американската манекенка и актерка Брукс Надер ја искористи паузата од снимањето на новиот „Baywatch“ за да се одмори на хрватскиот брег, а моментално ужива во Дубровник.

Ѕвездата од „Baywatch“ ужива на хрватскиот брег, се пофали со фотографии

Иако не ја откри директно локацијата на Инстаграм, од објавените фотографии е јасно дека е во градот, каде што посвети посебно внимание на улиците на Дубровник.

Фотографиите што ги сподели го покажуваат нејзиното разгледување на историскиот центар на градот, а дополнително внимание привлече и снимката од луксузното патување што го направи во Хрватска.

Надер пристигна во Дубровник со јахта, а на социјалните мрежи ја покажа внатрешноста на бродот и погледот на морето со утринското будење.

Засега не е познато каде ќе го продолжи своето патување.

Која е Брукс Надер?

Брукс Надер е американска манекенка, ријалити ѕвезда и телевизиска личност родена во Луизијана. Таа стана позната на пошироката јавност откако победи на натпреварот „Sports Illustrated Swimsuit Search“, а набргу потоа почна редовно да се појавува во едно од најпознатите светски спортски модни публикации.

Со текот на годините, таа го изгради статусот на еден од најпрепознатливите американски модели од новата генерација, а покрај нејзината манекенска кариера, се појавува и во телевизиски проекти и ријалити формати кои го следат нејзиниот приватен и професионален живот.

Главната улога во новиот „Baywatch“

Брукс Надер ја доби една од главните улоги во новото продолжение на серијата „Baywatch“ што ја подготвува Фокс, чија премиера се очекува во сезоната 2026/2027.

Во серијата, таа го игра ликот на Селена, командантката на спасувачката екипа на плажата Зума, а проектот е замислен како модерно оживување на култната телевизиска серија што ги карактеризираше деведесеттите години.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер