Трамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!
1Трамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!
МакедонијаПочнува масовниот откуп на тутунот, тутунарите незадоволниОд понеделник почнува масовниот откуп на тутунот на над 300 откупни места низ државата. Од понеделник почнува масовниот откуп на тутунот. Според законот за разлика од рпедврениот откупо кој е почнат и кој е минимален сите компании мора од 15 декември да ги отворат сите над 300 откупни места за да почне масовното предавање на жолтото злато. Годинава заради погодните климатски услови тутунот има многу висок квалитет а најаваите на откупувачите се дека целиот тутун повоторно ќе оди само во прва класа по цена од 420 денари која тие самите ја одредија. Но токму откупот само во една класа и ормирањето на цената беза да се вклучи и гласот на тутунарите стануваат сериозен проблем. Според националната земјдоелска мрежа откупот само во една класа е закана за квалитото на произведентио тутун од Македонија кој е своевиден бренд на кој со децении се работело за да се изгради. Со откупот само во прва класа неколку години по ред се демотивираат тутунарите да произведат квалитетен тутун. Тие бараат итно враќање на откупот по класи но со зголемување на откупните цени за да дојде просекот на ниво од 600 денари за килограм заради зголемените давачки за производство и растот на трошоците за живот. Од друга страна според националаната земдјеолска мрежа спорен е и законот за тутун каде тутунарите немаат право да учествуваат во формирањето на откупната цена што ги става во дискриминаторска позиција заради што се најавува поднесување на претставка до Уставниот суд за да се обезбеди загарантираното право на рамноправност. Исто така претставниците на земјдоелците бараат годинава за ради ниските откупни цени субвенцијата да наместо 80 за прва класа, 70 за втора и 60 денари за трета класа да се зголеми на 100 денари за да барем малку да се надополни разликата во цената до она колку што би требало да добијат тутунарите. Тутунот е една од најзначајните индустрикси земјоделски култури од која во државата има голем буџетски прилив а од неговото производство за егзистенција вадат околу 30 илјади земјдеолски семејства. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
СветТрамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!Американскиот претседател Доналд Трамп објави нова порака на својата социјална мрежа „Truth Social“, во која отворено ја бранеше Русија и упати остри критики кон украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во објавата, Трамп ја оправда својата одлука да не го потпише новиот пакет санкции против Москва, кој беше одобрен од Конгресот на САД. Тој тврди дека „се постигнува голем напредок во преговорите“. „Мојата одлука во врска со Русија е многу едноставна. Во процес сум на договарање мир во војната меѓу Русија и Украина и не сакам да направам ништо што би можело, на непромислен начин, да ја одврати Русија од преговарачката маса. Се постигнува голем напредок, што ги вклучува и тековните преговори за заложниците! Потпишувањето на тој документ во овој момент би довело токму до тоа, а јас можам да го потпишам подоцна, или во кој било момент што ќе го одберам!“, наведе Трамп на почетокот од објавата. Понатаму, тој се осврна на улогата на Москва на Блискиот Исток и на нападите врз руската нафтена индустрија. „Можеби уште поважно е тоа што Русија прави многу малку – ако воопшто прави нешто – за да ѝ помогне на Исламската Република Иран, во споредба со она што би можела да го направи. Сакам така и да остане, а така и ќе биде – под услов некои безумни луѓе да не се испречат на патот. Последно, Зеленски ги напаѓа рафинериите за дизел во Русија, добро знаејќи дека овие напади сериозно им штетат на глобалните пазари на дизел, вклучително и на оној во Соединетите Држави. Земјоделците, сточарите и бизнисите од секаков вид трпат големи штети поради тоа; сепак, и покрај ова, Русија продолжува да испорачува милиони барели дизел ширум светот по ниска цена“, изјави Трамп. На крајот, тој експлицитно го обвини Зеленски дека нема никаква желба за мир, опишувајќи ја ситуацијата во Украина во крајно мрачни тонови. „На Зеленски не му е грижа, а искрено, со сите пари што Европа великодушно му ги дава – а кои во минатото му ги даваше и ’нечесниот‘ Џо Бајден – тој нема никаква желба да ја заврши оваа војна, а веројатно никогаш и немал. Пред две години можеше да постигне подобар договор отколку што може сега. Неговата земја е во урнатини, голем дел од неа е изгубен, ги нема повеќе неговите океани и мориња, а машкото население е исцрпено, рането и/или мртво. САКАМ ОВАА ВОЈНА ДА ЗАВРШИ! Ви благодарам за вниманието посветено на ова прашање. Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, заклучи американскиот претседател. Патем, Украина нема океани. Оваа изјава на Трамп доаѓа во време на радикална промена во политиката на Вашингтон во однос на војната во Украина. По долг и пријателски телефонски разговор со Владимир Путин, Трамп неодамна одлучи привремено да ги укине санкциите за увоз на руски дизел и еднострано прогласи „енергетско примирје“ – потег што го затекна Киев неподготвен, додека руската војска на терен веднаш го прекрши со нови воздушни напади.Тагови: Володимир Зеленски Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
МакедонијаМВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблемиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканТирана и вчера во хаос, нападнат беше штаб на Социјалистичката партија Тирана повторно беше во хаос како и во текот на целата недела. Големи количини молотови коктели, петарди и камења беа фрлани врз полицијата во текот на целата вечер, иако најопасната ситуација беше вчера на плоштадот Скендербег, каде што имаше насилни судири меѓу полицијата и некои демонстранти кои фрлаа палки. Неколку пати во текот на денот, булеварот на Националните маченици стана место на конфронтации меѓу демонстрантите кои нападнаа и полицијата која одговори со солзавец и водни топови, но и со гумени куршуми.Во текот на вечерта, демонстрантите се вратија во седиштето на Социјалистичката партија за да ја нападнат. Насилни судири имаше и кај банката на Албаниј, демонстрантите се судрија со полицијата. Исто така, имаше палење на канти за отпадоци каде и да поминуваше толпата. Демонстрантите фрлија голема количина молотови коктели врз полицајците по судирите и интервенцијата на полицајците со солзавец, водни топови и гумени куршуми, некои од демонстрантите се упатија кон седиштето на демократската партија и се засолнија. Повредени се 19 полицајци, 4 демонстранти, меѓу кои 1 малолетник, еден новинар и 4 минувачи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook