Почнува летниот ред на летање, 54 редовни дестинации, чартер од Манчестер, Анталија, Хургада... - Канал 5

Почнува летниот ред на летање, 54 редовни дестинации, чартер од Манчестер, Анталија, Хургада...

Со летниот распоред на летање што стапува во сила од полноќ, од Скопскиот аеродром ќе летаат 16 авиокомпании до 47 редовни дестинации, а три ќе сообраќаат со 10 чартер летови. 

Почнува летниот ред на летање, 54 редовни дестинации, чартер од Манчестер, Анталија, Хургада...

На 2 април стартува летот на „Изиџет“ до Меѓународниот аеродром Скопје од аеродромот Орли во Париз, а од 3-ти мај, „Виз ер“ од Барселона и Лион. Од Охридскиот аеродром, пак, шест авиокомпании ќе летаат на седум редовни линии, а ќе има и чартер лет од Манчестер.

Од ТАВ Македонија за МИА велат дека со летниот ред на летови имаат многу новости за патниците.

-Следната недела, на 2 април ќе го пречекаме првиот лет на „Изиџет“ до Меѓународниот аеродром Скопје од аеродромот Орли во Париз, што е важно поради две работи. Првата е дека аеродромот во Париз Орли е управуван од Групацијата АДП (Groupe ADP), групација во која ТАВ Аеродроми е членка, а втората важна работа е дека од 2 април патниците на скопскиот аеродром ќе имаат бенефит да патуваат на еден од најфреквентните аеродроми во Франција кој нуди бројни домашни и европски летови, изјави за МИА Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Следни нови линии што ќе бидат воведени од Меѓународниот аеродром Скопје, од 3-ти мај, се Барселона и Лион, со Виз Ер. Тоа, посочува Курт, е уште една одлична вест за патниците на скопскиот аеродром, особено во однос на повторното воведување на авиолинијата до Барселона, бидејќи е многу барана дестинација за патување.

До почетокот на летната сезона на летови Меѓународниот аеродром Скопје доби две нови авиокомпании и две нови дестинации – „Трансавиа“ и „Изиџет“, додека аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид како нова авиокомпанија ја доби „Туркиш ерлајнс“, која го поврзува Охрид со Истанбул четири пати неделно.

На Охридскиот аеродром вчера беше пречекан првиот лет од Истанбул на „Туркиш ерлајнс“, а на 2-ри месецов стартуваше авиолинијата Скопје – Амстердам на „Трансавиа“ нова авиокомпанија на македонскиот авијациски пазар, дел од групацијата КЛМ Ер Франс која ќе лета до Шипхол, главниот авио центар во Холандија.

Според летниот распоред на летови, на Скопскиот аеродром, редовните авиолинии кои сообраќаат преку целата година и сезонските, 47 дестинации и 16 авиокомпании се: Атина – Aegean Airlines, Белград – Air Serbia, Аеродром Сабиха Гокчен во Истанбул – AJet, Виена – Austrian Airlines, Цирих – Chair Airlines, Загреб и Сплит – Croatia Airlines, Париз Орли аеродром – easyJet, Цирих – Edelweiss, Варшава – LOT Polish Airlines, Франкфурт – Lufthansa, Осло – Norwegian Air Shuttle, Бодрум, аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул, Измир и Анталија – Pegasus Airlines, Анталија и Измир – Sun Express, Амстердам – Transavia Airlines, Истанбул – Turkish Airlines, и Барселона, Базел Милуз, Берлин, Болоња, Братислава, Брисел Шарлероа, Дортмунд, Ајндховен, Франкфурт Хан, Фридрихсхафен, Гетеборг, Хамбург, Лион, Малме, Малта, Милан Малпенса, Минхен Меминген, Нирнберг, Штутгарт, Осло Париз, Рим (Фјумичино и Чампино), Венеција Тревизо, Карлсруе, Љубљана, Лондон Лутон – Wizz Air. Дополнително, на овие шест дестинации летаат повеќе од една авиокомпанија, за време на летниот распоред на летови за 2025 година: Анталија (Pegasus и SunExrpess, и чартер од Freebird Airlines) Франкфурт (Lufthansa до аеродромот во Франкфурт и Wizz Air до аеродромот Хан) Истанбул (Turkish Airlines до аеродромот iGA; Pegasus и Ajet до аеродромот Сабиха Гокчен) Измир (Pegasus и SunExpress), Цирих (Edelweiss и Chair Airlines) и Осло (Осло Сандефјорд од Wizz Air и Осло – Norwegian Air Shuttle). .

Покрај 47-те редовни дестинации од скопскиот аеродром, три авиокомпании ќе сообраќаат со 10 чартер летови: Freebird Airlines – чартер летови до Анталија, Freebird Europe – чартер летови до Хамбург/Хановер, Минхен/Штутгарт, Берлин/Лајпциг, Манчестер/Лондон-Гетвик, Париз-Шарл де Гол, Лион/Марсеј, Диселдорф/Франкфурт; Nesma Airlines до Хургада; и Nouvelair до Монастир.

Од Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, во текот на летната сезона на летови во 2025 година, шест авиокомпании ќе опслужуваат летови до Белград, Air Serbia, Цирих со две авиокомпании – Chair Airlines и Edelweiss и Амстердам со TUI Fly, Истанбул со „Туркиш ерлајнс“, и Виена, Дортмунд и Меминген со Wizz Air.

- Дополнително, според последните информации што ги добивме како аеродромски оператор, TUI ќе лета со еден чартер лет од Манчестер, изјавија за МИА од ТАВ Македонија.

Како што најави неодамна во интервју за МИА Курт, се очекува следниот месец да стартуваат работите за модернизацијата на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Плановите се да се зголеми капацитетот на патничкиот терминал и да се обезбеди удобност за патниците кои ќе патуваат низ аеродромот, а ќе се инвестираат 2,7 милиони евра. Во тек на планираните активности авиосообраќајот нема да биде запрен. Модернизацијата на аеродромот е обврска на ТАВ, согласно Договорот за концесија на аеродромите.

На двата аеродрома од почетокот на годинава превезени 597 086 патници

Изминатата 2024 година, ТАВ Македонија, ја заврши со 3.174.484 вкупен број патници на Меѓународниот Аеродром Скопје и на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, што во исто време е зголемување од еден процент во однос на 2023 година. За годинава очекуваат зголемувањето на бројот на патници да остане константно.

- Оваа година, со оглед на неодамнешното и идно проширување на авиолиниите од двата аеродрома, сезонските трендови на патување, особено за време на шпицот на летната сезона, маркетинг стратегиите на ТАВ Аеродроми за привлекување нови авиокомпании и воведување нови авиолинии и владините политики, очекуваме зголемувањето на бројот на патници да остане константно, а сепак да се заснова на долгорочни модели на раст, бидејќи од минатата година темпото на пораст во авиосообраќајот, на глобално ниво, од темпо за закрепнување премина во структурно, изјави Курт.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на 10-ти месецов, по средбата со Јири Пос, претседател на Бордот на директори на aеродромот Вацлав Хавел - Прага, најави дека се разгледуваат можностите Скопје и Прага да се поврзат со авиолинија и да има нова авиолинија Охрид - Карлови Вари.

Николоски во октомври лани најави дека годинава ќе бидат отворени шест нови авиолинии, со Дубаи, Барселона, Лион, Штутгард, Базел и Истанбул.

Владата во август лани усвои сет мерки за зголемување на бројот на патници и најави дека нова програма за периодот од 1 јануари годинава до 31 декември 2027 година во износ од 125 милиони денари годишно или вкупно 375 милиони денари за поддршка на авиосообраќајот. Променет е начинот на финансиска поддршка и субвенции се доделуваат за авиодестинациии, наместо како претходно на авикомпании. Поддршката од седум евра по превезен патник од скопскиот аеродром се зголеми на девет евра, а на охридскиот аеродром наместо 4,5 евра како претходно се доделуваат 12 евра по превезен патник.

Од 1 јануари заклучно со 27 март на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид патувале 597.086 патници и биле реализирани 4.933 летови.Во текот на зимската сезона 2024/2025 година, од 24 октомври лани до 19 март годинава се превезени 1.034.562 патника и реализирани 8.479 летови, на двата аеродрома.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драстичен пад на рејтингот на Трамп

Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп падна на 32 отсто – најниското ниво во неговата политичка кариера – според новата анкета на „Ројтерс/Ипсос“.

Драстичен пад на рејтингот на Трамп

Истражувањето беше спроведено во текот на четири дена, период во кој Трамп им забрани пристап до Белата куќа на три големи медиумски куќи и размислуваше за уривање на познатиот Центар за изведувачки уметности „Кенеди“ во Вашингтон, доколку името „Трамп“ не можеше да се додаде во неговиот назив.

Истражувањето покажа дека гласачите сè помалку се склони да ги поддржат републиканците на Трамп на меѓуизборите на 3 ноември, кои ќе ја одредат контролата врз Конгресот во следните две години.

Севкупната поддршка за Трамп опадна во споредба со анкетата од претходната недела, кога изнесуваше 35 отсто; особено е значајно што поддршката меѓу самите републиканци падна од 82 на 73 отсто во текот на таа недела.

Незадоволството меѓу републиканците во врска со инфлацијата расте откако Трамп започна војна против Иран во февруари, што предизвика нагло зголемување на цените на бензинот и дизелот.

Сега, за првпат, бројот на републиканци кои не го одобруваат начинот на кој Трамп се справува со трошоците за живот го надминува бројот на оние што го фалат.

Според анкетата, 51 отсто се незадоволни од неговиот учинок во овој поглед, додека 44 отсто го поддржуваат. Рејтингот на Трамп е понизок од кој било забележан за неговиот демократски претходник, Џо Бајден, чие претседателствување исто така беше одбележано со скок на инфлацијата и кој на крајот се откажа од обидот за реизбор откако лошиот настап на дебатата ги засили загриженостите за неговата возраст.

Само 34 отсто од испитаниците во најновата анкета ги одобруваат нападите врз Иран.

Претходно овој месец, републиканскиот лидер вети дека војната ќе заврши веднаш по изборите. Сепак, Иран не покажа знаци на повлекување, а во последните недели Техеран и неговите сојузници се заканија со дополнителни пореметувања на пазарите на нафта.

Околу 82 отсто од испитаниците, вклучително и девет од десет демократи и три четвртини од републиканците, изјавија дека конфликтот веројатно ќе се одолговлечи.

Анкетата на „Ројтерс/Ипсос“ покажа дека 43 отсто од регистрираните гласачи би ги избрале демократите на меѓуизборите, додека 35 отсто би се одлучиле за републиканците. Според агенцијата, разликата од 8 процентни поени претставува најголема предност на демократите во анкетите на „Ројтерс/Ипсос“ оваа година.

За републиканците, губењето на контролата врз кој било од двата дома на Конгресот би можело да ја отежне агендата на Трамп во текот на последните две години од неговиот мандат.

Трамп и понатаму ужива поддршка од републиканците во однос на имиграцијата, при што 79 отсто од членовите на неговата партија го поддржуваат; сепак, генерално гледано, само 36 отсто од Американците го поддржуваат неговиот пристап кон ова прашање, додека 55 отсто не го одобруваат. Резултатите од анкетата исто така покажаа дека околу 35 отсто од испитаниците го одобруваат пристапот на Трамп кон борбата против криминалот, додека 50 отсто не го одобруваат.

Анкетата на „Ројтерс/Ипсос“ беше спроведена онлајн и опфати 1.277 возрасни лица од целата територија на САД.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија без економска стратегија за државата

Филипче бара 600 евра плата, а нема план за нови инвестиции, нови фабрики, нови работни места.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија без економска стратегија за државата

СДС е партија која нема економска стратегија за државата. Така беше во минатото кога 7 години ги ограбија граѓаните а државата ја оставија пред банкрот така е и денес, имаат само лаги и празни ветувања за граѓаните.

СДС и Венко Филипче намаат план за развој и економска визија на државата, немаат стратегија за привлекување нови инвестиции, за отворање на нови фабрики, нови работни места.

Единствено нешто што знаат СДС и Филипче од економија е марихуана економија на Заев, делење провизии, проценти и тендери.

СДС и Филипче бараат 600 евра плата и подобар стандард, а тоа подразбира продуктивност, инвестиции и нови работни места за што СДС и Филипче исто така немаат план.

Венко Филипче зборува за повисоки плати, но граѓаните имаат право да знаат како ќе се создаде економската основа за тие плати. Кои инвестиции ќе ги привлече? Кои индустрии ќе ги развива? Како ќе создаде нови и добро платени работни места? Како ќе ја зголеми конкурентноста на македонската економија?

СДС само имаат демагогија и лаги за граѓани. Како лагите на неговиот ментор за Гугл, Фејсбук и патека за Формула 1.

СДС се против се, против дата центри, рудници, им пречат нови инвестиции и проекти. СДС и Филипче се против Македонија да оди напред и да се развива.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди нови инвестииции, нови работни места, нови фабрики со цел зголемување на животниот стандард на сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На 28 септември ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

На 28 септември 2026 година (понеделник), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.

На 28 септември ќе се одржи 59. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне монетарната трансмисија?”, (Can Institutional Integration of Western Balkans’ Stock Exchanges Strengthen Monetary Transmission?), од авторот Стефан Таневски. Авторот е добитник на првата награда за млади истражувачи на Народната банка за 2026 година.

По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија. Сесиите се од јавен карактер и фотографиите од настанот се објавуваат на веб страната на Народна банка и на профилите на социјалните мрежи.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер