Синкевичиус: Направивме планови за евакуација поради заканите од Русија, ако бидеме нападнати „нема да се предадеме“
1Синкевичиус: Направивме планови за евакуација поради заканите од Русија, ако бидеме нападнати „нема да се предадеме“
3ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија со најниски цени на горивата во регионот
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаТАВ: Аеродромите во Скопје и Охрид со 2,4 милиони патници во првите девет месеци годинаваМеѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид бележат пораст од 30 отсто на патничкиот сообраќај за периодот јануари – септември 2023 година во однос на 2022 година и пораст од 15 проценти во однос на 2019 година.Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ Охрид бележат пораст од 30 отсто на патничкиот сообраќај за периодот јануари – септември 2023 година во однос на 2022 година и пораст од 15 проценти во однос на 2019 година, соопшти ТАВ Македонија. ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП, бележи зголемен број на патници за периодот јануари – септември 2023 година, кога вкупно 2,4 милиони (2 357 712) патувале преку двата аеродрома, во Скопје и Охрид, што претставува годишен пораст од 30 отсто во однос на 2022 година. Во споредба со 2019-та, која се смета за референтна година во воздухопловството, како најдобрата година во однос на патничкиот сообраќај пред КОВИД-19, двата аеродрома бележат 15 отсто повеќе патници во периодот јануари – септември 2023 година. Во однос на бројот летови за истиот период, годишниот пораст е 19 проценти, односно пет отсто споредено со 2022 и 2019 или на аеродромите во Скопје и Охрид се реализирани и опслужени вкупно 17 683 летови. -Среќни сме што забележуваме зголемување на бројот на патници за 30 отсто за аеродромите во Скопје и Охрид во споредба со статистиката од 2022 година. Посебно ни е драго што за само девет месеци од 2023 година, со 2,4 милиони патници, речиси го достигнавме бројот на опслужени патници во целата 2022 година. Ова претставува продолжување на позитивниот тренд на закрепнување, а она што нè прави особено горди е што статистиката на воздушниот сообраќај за двата македонски аеродроми не само што ја надминува референтната 2019 година за 15 отсто, туку ги надминува прогнозите на ACI* за обем на патници на глобално ниво во 2023 година, што е 94,2% од нивото од 2019 година. Очекуваме до крајот на оваа година, со новите линии и новите авиокомпании кои влегоа на македонскиот пазар, заедно со извонредноста во нашите услуги што ги даваат нашите посветени и ориентирани кон клиентите колеги, ќе ја заокружиме 2023 година како година на рушење нови рекорди, вели Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. Во 2023 година, досега, две нови авиокомпании влегоа на македонскиот авијациски пазар, Lufthansa и Norwegian, со редовни или сезонски летови до Франкфурт, односно Осло. Во меѓувреме, од скопскиот аеродром SunExpress најави дека чартер летовите до Измир и Анталија ќе продолжат да сообраќаат како редовни летови од претстојната зимска сезона, а Wizz Air започна со редовни летови до Љубљана. Дополнително, AEGEAN, од 2 октомври 2023 година започна да лета до Сараево. Охридскиот аеродром имаше одлична летна сезона засилена со сезонските и чартер летови до Белград, на Air Serbia и до Манчестер и Лондон (Гетвик), на TUI. Најчести дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје, според статистиката на патничкиот сообраќај на ТАВ Македонија, за периодот јануари – септември 2023 година, биле Истанбул (двата аеродрома, IGA и Sabiha Gokcen со 10,8 отсто пазарен удел), Базел Милуз (6,1 отсто), Цирих (5,5), Виена (4,7), Дортмунд (4,5), Франкфурт (4,2), Минхен Меминген (4,1), Анталија (4), Малме (2,6) и Келн (2,6 поценти). Топ 5 земји со директни летови за јануари – септември 2023 година беа Германија (27,3 отсто удел на пазарот), Турција (16,9) Швајцарија (13,4), Шведска (6,7) и Италија (6,5 проценти). Што се однесува до учеството на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај за првите девет месеци од 2023 година на скопскиот аеродром, Wizz Air превезе најголем број патници (60,2 отсто удел на пазарот), потоа Turkish Airlines (7,4), Pegasus Airlines (6,1), Austrian Airlines (4,7), Chair Airlines (3,7). Најчеста дестинација за патување за трите квартали од 2023 година, јануари – септември, од охридскиот аеродром е Базел (21,5 проценти удел на пазарот), потоа Виена (21), Дортмунд (16,4), Меминген (11,9), Малме (9,4), Цирих (9,3), Амстердам (8,8), а останатите дестинации имаат 0,5 отсто. Во моментов, според распоредот на летови, од Меѓународниот аеродром Скопје летаат 14 авиокомпании до 41 дестинација, додека на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ две авиокомпании летаат до 6 дестинации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05
СветСинкевичиус: Направивме планови за евакуација поради заканите од Русија, ако бидеме нападнати „нема да се предадеме“Премиерот на Литванија за Би-Би-Си изјави дека дека неговата земја направила планови за евакуација поради заканите од Русија, но додаде дека „нема да се предадат“ доколку бидат нападнати.Премиерот Миндаугас Синкевичиус изјави дека литванците се чувствуваат „постојано загрозени“ од Русија, делумно поради беспилотните летала што влегуваат во воздушниот простор на земјата. Рече дека доколку неговата земја биде нападната, „ќе возвратат. Постојат планови за „различни сценарија“ пример за „непречено“ извлекување на постарите граѓани од градовите и избегнување на сообраќајни метежи. Литванија која е членка на НАТО, дели копнена граница со руската енклава калининград. Ова се случува само една недела откако пилотите на борбените сили на НАТО соборија дрон што влезе во воздушниот простор на литванија. Москва не го коментираше инцидентот. Авионите на НАТО се искачија неколку пати за да соборат залутани украински дронови што годинава влегоа во балтичките земји, Естонија и Латвија.Тагови: Миндаугас Синкевичиус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казнаНа 21.09.2026 во 07:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Д.(45) од Куманово. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. М.Д. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната.Тагови: Куманово Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на ОН11:01Мицкоски на средба со претставници на американската воена индустрија09:16Од полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија со најниски цени на горивата во регионотМерките коишто ги презема Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за време ан енергетската криза даваат резултати.Македонија останува со најниски цени на горивата од земјите во регионот. За да и биде појасно на јавноста, ќе ги споредиме малопродажните цени на бензинот и дизелот кај нас и во нашето соседство. Во Македонија литар бензин 95 се продава за 99 денари, додека цената по која се продава во Грција за 30% повисока и изнесува 129 денари, во Албанија со цена од 126 денари за 27%, понатаму во Србија за 108 денари, односно за 9%. Следат, Хрватска каде малопродажната цена на бензинот е 107 денари, а споредено со кај нас цената е за 8% повика, па Црна Гора и Словенија со 106 денари или 7% повисока цена, а во Босна и Херцеговина со цената од 104 денари е за 5% поскап. Следно ќе ги споредиме цените на дизелот кој во Македонија се продава по 104,5 денари, додека во Албанија малопродажната цена е за дури 40,5% повисока и изнесува 147 денари, па следи Грција со 126 денари или за 20%, потоа е Србија со малопродажна цена на дизелот за 18,5% повисока или 124 денари по литар. Во Словенија дизелот се продава по 122 денари по литар, што е за 17% повисока цена од кај нас, во Хрватска 119 денари, односно за 14% повисока цена, па следи Црна Гора со 117 денари, односно 12% поскапо и Босна и Херцеговина со цена по литар дизел од 116 денари што е за 11% поскапо од кај нас. Ова се реалните цели на горивата во Македонија и во регионот, македонските граѓани трошат помалку за да ги наполнат своите резервоари на возилата и со тоа им останува повеќе во нивните семејни буџети. Ова е доказ дека добро испланираните и променети мерки за намалување на цените, како што е намалување на ДДВ и акцизите, даваат резултати и ги држат под контрола малопродажните цени. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секогаш се води од интересот на државата и стандардот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook