Почнува Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски" - Канал 5

Почнува Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски"

Во Прилеп и во Долнени денска и утре ќе е одржува, по 47-ми пат, Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски". 

Почнува Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски"

Фестивалот ќе биде отворен вечер од 20 часот на камената бина на плоштадот „Александрија", а втората фестивалска вечер е утре од 19 часот на Рудина кај Долнени.

Околу 320 учесници од сите краишта на земјава овие два дена ќе ги разлеваат кавалот, гајдата, зурлата, изворната песна, ќе одекне тапанот укажувајќи на негувањето и чувањето на богатиот изворен мелос.

Како што објаснува секретарот на Фестивалот, етномузикологот Горан Василески, оваа национална манифестација успешно ги остварува целите, зашто како придружен дел се и Семинарот за изучување на народните инструменти и песни и Симпозиумот насловен „Фолклорот во минатото и денес"

-Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски" еден е од ретките кој не го загуби континуитетот и во пандемија. Жилаво опстојува, еве, речиси половина век. Имаме околу 320 учесници, а интересот за учество, кога се пријавуваа пролетоска, беше околу 600, но мораше да се направи селекцијата. Лани поради пандемијата и уште потешките состојби, имавме редуциран број изведувачи, околу 130, а сите се желни да се чуе изворната песна, да покажат, од сите краишта, што имаат во наследство од предците, низ вековите. А токму тоа е целта на Фестивалот: да го негува, да го зачува и да да го пренесува на помладите генерации богатиот изворен фолклор, вели Василевски.

На Семинарот за изучување на народните инструменти и песни, кој и годинава се одржуваше „он-лајн" (од 28 јуни до 1 јули), учествуваа 12 млади од Кочанско и Прилепско. Тие својата умешност во изведување изворен мелос ќе ја покажат на втората фестивалска вечер, на Рудина, Долнени.

Утре од 11 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков" во Прилеп ќе се одржи симпозиумот „Фолклорот во минатото и денес" на кој еминентни етномузиколози ќе ги претстават трудовите од повеќе области на фолклористиката. Издаден е и вториот Зборник трудови од фолклористиката.

Фестивалот ќе ги награди најдобрите изведувачи. Најголеми се наградите: Гран при за најдобри изведувачи во целина и за најдобриот гајдаџија Гајдата на Пеце, што ја доделува општина Долнени./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Таа е жена од соништата,  во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година.

Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи.

Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Младата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекција

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Сексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи.

Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење.

„Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гламурозно порше 911

Славната француска модна куќа  „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Видео: Гламурозно порше 911

Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили.

Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци.

Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач.

Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС.

Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода.

Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер